Залудно барам траги од твоето тело откако замина. Но само пронаоѓам стотици сеќавања и спомени од тебе. Ги затворам очите за да те замислам покрај мене. Но те нема и се околу мене станува тешко и ладно. Мојата сегашност веќе не е иста без тебе. Земи ме. Земи ме повторно со тебе. Сакам повторно да ја почувствувам твојата кожа на моето тело. Сакам повторно да те почувствувам до мене и да кажам дека си мој. Сакам да те прегрнам и да ти признаам се што ми доаѓа на срце. Бакни ме повторно, сакам повторно да почувствувам дека си мој. Милијарда пати си реков на самата себе дека треба да те заборавам, но ништо од ова не постигнувам. Кога и да посакам да бидам со друг, неможам. Друг е пред мене, а всушност јас тебе те гледам. Физички сум присутна до него, а психички мислам на тебе. Ти го гледам ликот во секој случаен минувач. Понекогаш сум се затрчувала мислејќи дека си ти, но кога стигнувам до личноста по која се затрчав, се разочарувам. Тоа не си ти. Животот продолжува, но јас никако неможам или несакам да те заборавам и да продолжам. Но ти си отиде, а јас пак го чувствувам она студенило кое ми го протресува телото, мислејќи дека не е исто без тебе. А сега само ми останаа сеќавања, и топлината од твоите бакнежи живее во мене. И едно знам.. повеќе не се препознавам. http://www.youtube.com/watch?v=HOD0bU1n7WQ Свесна сум дека од една страна сакам да те заборавам, а од друга ништо не правам во врска со ова. Но не сум толку силна кога си ти во прашање.
срце мое.. многу мразам што на тебе секогаш го исфрлам својот бес... не си ти крив што други ме изнервираја... а ти остана со мене и ме трпеше... Срце моее...
Идеален човек... Зарем и таа замисла да ја отфрлам? Секој е создаден да биде уникатен. Се сомневам дека постојат две идентични души. Јас работам на мојата, секојдневно дури, само за тебе. За тебе, затоа што јас сум твојот идеален човек... да не ја рушам замислата, се од себе давам. А ти, се градиш, од фантазија. За реалност да си. За да има кој да ме погали по образот и да ме утеши, да има кому да поверувам дека се ќе биде во ред. Па што ако претерав? И не е многу. Дали навистина те најдов? Јас себе си не си верувам. Ако си ти, зошто километри не разделиле? Разговор од рака. Ти кажувам се и сешто. И не ми се смееш. Уво се направи, ќе речам само за да бидам хумористична. Но вистина. Веќе ми недостигаш. Секоја коска, секоја клетка ечи, вреска, ми го кажува тоа. Ми се всади делче од твојата душа, директно во мојата залета. Велам, тоа што знае кај да оди најчесто и е во право. Можеби и ова е нешто што треба да биде. Кој му знае... Копнеам по прегратка и по бакнеж. Сега, само од тебе. Колку други ми навлегле во мозочниве ќелии до сега, не знам, затоа што бројот го избриша. Ах, бе, знаеш што правиш. Но што ако, само ако, ми дадеш шанса да ти раскажам една приказна, но на ризик? Затоа што, така лесно ќе се заљубиш. Во мене. А јас...Јас сум далечна и недостапна. Не дека така сакам... така е. Промени го тоа? Те молам? На вакви помисли ми иде само да заплачам. Од толку што силно сум сакала и ме скршиле се плашам дека повеќе не знам да сакам. Што ќе биде со мене ако вистина е така? Зарем некој би ми позајмил парче од својата љубов?
што ти е бе злато,зошто саканата не ти се јавува кога јас тебе ти звонев, ти не ми креваше, јас ти пишував, ти не вракаше, а камоли да се видевме е сега да видиш како е крв ке проплукаш ти од мене, да знаеш доста бев добра со тебе, фина и толерантна мислам дека сите ми се во очите денес, ама што ме фати еден инает не попуштам, па незнам што да е-ти Овен јас Рак-добра фина, мила, ама тврдоглава до даска
Ти благодарам за прекрасната вечер. Ете тоа се бараше од тебе, да ме гушниш и да заспијам покрај тебе гледајќи ги ѕвездите. Се чуствувам заштитено Исто така сакам да ти кажам да не ме стегаш многу кога ќе ме гушкаш,оти еден ден без коски ќе одам
... .веќе една година како имаме прекин во врската и не се имаме видено,и за тоа време се случија премногу лаги, препукувања и сл....да е сега покрај мене првин би викала оти дозволи толку време да бидем раздвоени да ги разрешиме сите дилеми и причини....а потоа би го гушнала силно,силно би му шепнала на увце те сакам бескрајно би го бакнала итн,итн......лелеле,оти не до мене?????
Не бев доволно паметна да досега сфатам една работа. Тој што дава многу, несомнено и очекува многу. А јас никогаш не можам да ти го вратам се` она што си го сторил.
Јас и ти, да знаеш само колку би можеле да бидеме совршени. Јас, што секогаш знам да те насмеам, што никогаш не ти било здодевно да бидеш во мое присуство и што секогаш ама баш секогаш ти нудам нешто ново, необично... Ти што имаш идеали, што имаш амбиции, што ме сакаш покрај тебе...Совршено се надополнуваме еден со друг. А па тоа што ме молеше да дојдам со тебе на стоматолог, па по можност да сум те држела за рака. Оф злато мое, кога не би се смееле другите околу нас што држам мажиште за рака пред заболекарот, верувај ми би те држела со години ако треба. Мило ми е што толку сум ти потребна па дури и за да ти го отфрлам стравот од тие проклети машини Мило ми е што ти требам.
Мајка ти ми има речено - Не дека е мое, али В. е многу добро дете. Јас на тоа и реков - Да, знам. За мене си го задржав - Затоа и го сакам. Иако многу работи се случија, многу работи беа кажани, претежно во афект, сеуште мислам дека си најдоброто дечко што сум го сретнала. Не можеш да замислиш колку сум горда на тебе, кога ги поздравуваш сите од улица, сите стари, млади, не е битно, со сите си имаш муабет. На другар ти, тој мрзата, му даваш пари, иако тој си има работа , и сите тие други работи. Тука си за другарите, не сакаш да ги изневериш никогаш. Да кажеме дека сеуште ти се восхитувам и за трпението, јас сум тешка личност за сакање очигледно, али штом издржа една година, можеш сега и многу повеќе. Така да, знам дека секогаш можам да се потпрам на тебе, покрај моите, ти си ми најголема потпора. Горда сум што те имам за дечко и најдобар другар воедно, оти денес малку се личностите во кои можеш да имаш таква доверба ко јас во тебе. Знам дека и јас за тебе сум истото, да не бев, немаше да сме сеуште заедно. И да, знаеш зошто барам зборови што ќе ми потврдат дека ме сакаш? Оти сум далеку од тебе! Никогаш кога сум била со тебе, не ми биле важни никакви зборови, ништо, оти со се друго сум знаела што чувствуваш. Али сега, сега те немам до себе, не можам да почувстувам ништо. Ние не искажуваме чувства со зборови, не се лигавиме на секое, тоа не сме ние. Одамна сфатив и дека нема да бидеме ни во иднина. Тоа ми го покажуваш со прегратка, бакнеж, кога ми го милуваш лицето, кога ми ги бакнуваш очињата, носето ... Кога ми ја местиш косата зад увото, ми ги бакнуваш дланките, кога ме бакнуваш секогаш во врат пред спиење, кога ме бакнуваш во чело, кога ме гледаш мене, а никого не го гледаш исто на тој начин, кога ме гњавиш, скокоткаш ... Тоа ми недостига сега. Затоа барам зборови, оти иако мене воопшто не ми се битни кога сум до тебе. Делата покажуваат многу повеќе. Дури и кога си лут, изнервиран, тогаш кога не си сигурен дека ме сакаш, верувај, јас знам. Јас сум сигурна, оти не можеш да ги правиш сите овие работи, доколку не сакаш некој. А јас сум ти под кожа врежана! Бетер од тетоважа сум! Не се вљубив јас во лицето, во мускулите, стомачните ... Стани ти и 100 кила ако сакаш, само не го менувај тоа што го сакам кај тебе. Далеку си од совршен, и јас сум далеку од тоа. Те мразам некогаш, оти те сакам. И знам дека и ти ме мразиш, ради таа истата причина. Но, еве. Дома сум, разговарам со моите, со други личности, се занимавам по цел ден, али ми недостигаш ти. Не се чувствувам целосна. Различни сме ко небо и земја, различни интереси имаме, различни работи сакаме, али јас те сакам тебе најмногу, и ти ме сакаш мене најмногу, без разлика колку пати ќе се скараме. Чувај ми ја другата половина од срцето, уште некоја недела. За да бидам целосна.
Магаре, веќе една година те сакам, знам многу згрешив и многу ми е жал. Сега се би направила за да те имам. Денес конечно и мене ми се насмевна среќата. Сега си сингл јееј.
хехехехе, ми успеа, ми успеа за тебе злато само игнор, и секако мачкање очи со комплименти и знам дека ти значам-умеам да читам мегу редови и ти мене ми недостигаш, и сакам да те гушнам
Ти благодарам за в4ерашниот ден ми беше супер неќев да ти признаам ТЕ ОБОЖАВААМ и денес многу ми недостигаш иако пропушти да ме слушниш не е важно денот е долг
Ја мразам твојата способност да се појавиш од никаде во моменти кога веќе сум кренала раце од тебе и да го превртиш целиот мој свет наопаку. Овојпат сум посилна... сега и јас можам да се правам дека ми е сеедно.Сега ти чекај ме мене... сега ти прашувај се дали ќе те прегрнам како последниот пат кога бевме заедно... Спојлер а ќе те прегрнам...мнооогу силно
Да даде господ се да ти се исполни со таа што ке ти биде наредна ова што го мислиш за мене, да осетиш како ке е кога стварно постои неверство и незаинтересираност во врска од страна на девојка ама тогаш ти ке бидеш глуп и ке трчаш по таа што не вреди.Само тоа ти го посакувам да ти се врати СЕ! Ке се каеш ама можеби мене ке ме нема тогаш.
ах срце мое мораше ли баш сега кога сите наши расправии и проблеми ги решивме твојте вака да не изненадат и од каде излезе то одње во полска и тоа 2 дена пред мојот роденден дали некогаш ќе се вратиш или ќе останете таму знам не зависи тоа од тебе ,но едно нешто ме мачи како ли ќе издржи и дали воопшто ќе издржи нашата љубов на далечина