Би ти кажала многу, многу работи, ама постојано се воздржувам. Деновиве сум како темпирана бомба, па затоа добро внимавај! Ако ми пукне филмот, да знаеш дека ќе бидеш во улога на боксерска вреќа! Знаеш дека деновиве лесно можам да се изнервирам, знаеш дека сум во пмс и те молам поштеди ме. Туку, времево е пријатно. Ми треба свеж воздух. Доаѓај со точакот
Пред само неколку часови зборував за совршеното НИЕ. После само неколку часови ме изнервира толку ненормално што размислував и да прекратам со ова...И искрено, ми даваш се повеќе причини да не се замарам со тебе, а со секој кикс си поблиску до мојот КОНЕЧЕН ИГНОР. Не прави си беља..Не прави ни беља нам. Освести се!
Неможам да поверувам дека те сретнав, дека сега сме ова што сме, дека ти си ова што си, дека толку ми е убаво со тебе, дека ме правиш најисполнетата личност на свет.
Знајш што ми направи?Ми фрле магија која што Направи да се чувствувам како да сум најпосебната и најсреќната личност на цел свет.Ми го подари светот на дланка,ме научи и натера се да гледам во розева боја.Ах,никој до сега не го направил тоа за мене,никој не ме трпел со сите мои мани и каприци,никој не доаѓал стопер со километри по патишта,не мрзнел по автобуси само за да ме види еден час,никој не ми дошол пред врата со рози и срце.Ти секој ден ми го правиш посебен,секој миг ми е бесценет.Колку ми е убаво тоа што полека,но сигурно работите ни одат на подобро.Веќе почнавме да ја планираме нашата иднина,да иднина која што ќе биде само за нас,а понатаму и за нашите дечиња.Колку убаво тоа звучи,колку само е далеку,а толку блиску.Ти ќе кажиш дека нема совршенство,но верувај ти си НАЈСОВРШЕНИОТ човек на цел свет.Те Сакам и Секогаш ЌЕ Те Сакам поради тоа што сум јас кога сум со тебе.Те сакам поради тоа што си присебен,а истовремено и фантазираш како мало дете.Те Сакам поради тоа што и покрај се се изборе за самиот себе и никој ништо не можи да ти кажи и префрли.Те Сакам поради тоа што скеој наш сон до сега заедно направивме да е реалност.Те Сакам што после секоја наша кавга се обидуваш да ги поправиш работите веднаш и да ме насмејш за секунда.Мил мој пред се Те Сакам поради самиот тебе и поради тоа што си.
Викај ако ти биде полесно, не собирај во себе, крива сум не требаше да ти ја пратам таа порака ама вервај ми посилно беше од мене, сакав ли јас да се напијам и да се сетам на плановите кои некогаш не се оставрија барем сега ми е полесно, ти кажав се што чувсвувам иако веќе знаеше, ти кажав се што мислам.
Дали остана уште нешто да кажам, кажи ми ти? Би прашала ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ СЕ СЛУЧУВА СО ТЕБЕ, ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ СЕ СЛУЧУВА ВО ТВОЈАТА ГЛАВА?! Нели можиш да прекиниш, едноставно да прекиниш и да ме освоиш како некогаш?! Наместо да уништуваш се одново и одново?!
Мразам некогаш кога не успеваш да ме дослушаш што ти кажувам и правиш по свое, и после крив ти е ѓаволот...
Остави ме да продолжам, остави ме да се излажам по друг. Само немој да дозволиш ти да се излажеш на овие очи по втор пат.
не ме барај повеќе,во ред? те сакам но не можам да се вратам со тебе.ме повреди многу.си ветив ова е крај.
Јас стварно не знам зошто толку сум затрескана во тебе. Имаме тотално различен вкус. Лошо се облекуваш, слушаш ужасна „музика“, излегуваш на лоши места, не си стоиш на зборот, немаш баш и некоја фаца, а ни тело, немаш секси глас, не носиш ни прстен, немаш ни пирс, имаш некои ненормални испади од кои ми се крева притисокот. Плус што не сакам плавкасти машки. Ич, ама ич не си мој тип. Само што си најмилото суштество на планетава кое знае да ме сослуша како никој, на кое можам да му кажам се`, освен тоа дека нема ден да не помислам на тебе, скоро секоја вечер те сонувам, кога седиш до мене ми доаѓа да те гушнам и никогаш да не те пуштам и дека навистина не знам дали те сакам или си ми само многу добар пријател. Посебен си, како и да е.
Сине ..? Не сум ти кревала и претходно, едноставно ти се погаѓаш некои моменти во кои јас сум максимално сум изнервирана и не сакам тебе да ти се истурам. Не сме за тоа лути нели ...? Ќе ти се јавам утре. Многу, многу сакам да те видам. Ајде уште малку и ќе се глупираме по Скопјето.