До бившиот.. Да те сакав ќе ти ја посветев песнава http://www.youtube.com/watch?v=iLrJ7NpNNAo ... A ти што ми ја посвети оваа http://www.youtube.com/watch?v=DO8dNI1b__M жалам срце,касно е
Не ти посакувам среќа, не сум толку добродушна како во филмовите. Ти посакувам да преживееш се што јас преживеав, да патиш дупло од мене и кога најмногу ќе ти треба подршка и разговор, е тогаш тогаш да бидеш сам!
Sovrsenstvo ова е совршено од сите гледни точки ... го додавам (се надевам со твоја дозвола и во мојов живот) упатено кон само него !!
http://www.youtube.com/watch?v=TxvpctgU_s8 http://www.youtube.com/watch?v=Ws_tauPbsLU Учам од најдобриот..кога плачам и во сон учам од тебе учам од тебе Сега преку ноќ имам срце студено учам од тебе учам од тебе Знам дека не ти кажав се чекав сам да откриеш тивко плачев по тебе нооо и ти не ми кажа се во себе многу чуваше за тоа ке се каеме. Кога знам дека не ти требам ,а знам дека не ти требам тоа не ми дава мир ..тоа не ми дава мир. Таков мене не ми треба ти мене не ми требаш ке те оставам на мир ке те оставам на мир. Учам од најдобриот..кога плачам и во сон учам од тебе учам од тебе Сега преку ноќ имам срце студено учам од тебе учам од тебе Немаме два-три животи со него да си играш ти Од игри јас се изморив нооо ако сепак љубов најдеш ти немој да ја пропуштиш како мене што ме пропушти. Кога знам дека не ти требам ,а знам дека не ти требам тоа не ми дава мир ..тоа не ми дава мир. Учам од најдобриот..кога плачам и во сон учам од тебе учам од тебе Сега преку ноќ имам срце студено учам од тебе учам од тебе Учам од најдобриот..кога плачам и во сон учам од тебе учам од тебе Сега преку ноќ имам срце студено учам од тебе учам од тебе
Зборови немам веќе, денес беше оноа последната капка на се... А ти сеуште не си сфатил дека најлошо е кога жената нема повеќе што да каже, кога е тишина? http://www.youtube.com/watch?v=N6O2ncUKvlg
Денес после многу долго време имав можност да се разбудам покрај тебе. Ауфффф Ноќеска те чувствував како ме бакнуваше на образот секогаш кога ќе се разбудеше и кога ќе видеше дека сум до тебе. Ме гушкаше чинам цела вечер, ме стегаше до себе како да ќе станам среде ноќ и ќе си заминам. Не заминувам, не... И за миг се присетив на првата ноќ кога спиев кај тебе. Цела вечер ме гушкаше и ме бакнуваше па мислам дека повеќе бев будна отколку што спиев поради цела таа твоја љубов и желба да ме бакнуваш на очите додека спијам. Синоќа, синоќа беше како да прв пат сме заедно. Рече, "Јави се кај твоите и кажи им дека тука ќе преспиеш" И така бидна. Па и уште се налути кога реков не знам. Утрово никако не ме пушташе да си заминам, ах да знаеш само колку и не сакав. И да, нај сладок си додека спиеш. Тогаш си нај убавото и нај милото суштество на светов. И покрај се знам, не те давам на никој.
ооооо спанко еден! Станувај! Или ноќеска мене ме сонуваше па неможеш да заспиеш? Ми е галје! Јас сум поголем инајџија од тебе,вака само да си те потсетам!
Немој да ме штипиш повеќе по рацете и по нозете, ем ме боли тоа ем ме нервира. Друго не ми наредувај за некои работи да ги направам, си знам јас што треба да сторам
Јас и ти,заедно?таму? Што ти пага на памет мече мое?Знаеш колку сум срамежливо нели Ама...ке размислам.Можеби ке прифатам.Можеби е почеток на нешто големо http://www.youtube.com/watch?v=Jxrl7eNb ... re=related
Како работите испаѓаат како што сакам ама после 100 години. Ме повреди, сега ме бараш. Ме повреди и другиот и тој ме бара... Сега имам можност да ви вратам за се, но не можам.. не ми е интересно д аппвредувам други како вас. А тој најубавиот, најдобиот, најмилиот, тој .. него го сакам, него не го заборавам, иако има друга, има се што јас сега немам. Толку време не сум ти го слушнала гласот, но јас сум крива, ме бараше, ми звонеше а јас, јас не кревав, и не кревав и секој пат кога звонеше седев со телефовот во рака и чекав да изѕвони до крај. Дали пак ке те видам како некогаш?? Дали пак ке лежам на твоите гради додека ти ми кажуваш како со ниедна не ти било како со мене, како не знаеш како сум ти влегла под кожа.. како........ ахххх толку многу спомени. Но, кога ќе оздравам ке ти се јавам, ке ти речам „Мали јас сум“ ми фалиш (((
Никој досега не ме збунил колку тебе досега , ми се допаѓаш не ми се допаѓаш......ама едно знам се чуствувам прекрасно со тебе ...
Посебен си. А со тоа и јас покрај тебе. Нашата љубов не е нешто секојдневно. Барем така сакам да верувам. Да би била со некој друг, сигурна сум дека не би се разликувала од туѓата љубов. Во суштина, јас тебе и не те сакам вистински. Не се пронаоѓам во она - го сакам начинот на кој се смееш, покрај тебе сум друга личност бла бла. Но, можеби е време да престанам да се споредувам. Тоа и не значи дека не е вистинско. Убаво ми велиш - како може да мислиш дека ќе станеме обични, навика како сите други? Тие не се Ние. Ние сме други личности. Заљубена не сум во тебе, туку во начинот на кој ме сакаш мене. Да, од чиста себичност. Те сакам ради се` што правиш да сум среќна. И ако со тек на време навистина излитиме или ти се изгуби интересот, јас нема по секоја цена да останам со тебе. Не те сакам каков и да си. Само ваков. Оној на кој никогаш нема да му се здосади да истера караница до крај. Т.е. да ми објасни. Не сакам кога луѓето креваат раце и бегаат. Оној кој колку пати да му се дерам кога ми е тешко или сум нервозна, ќе знае да премолчи. Зашто после ќе се извинам. Тој што знае дека кога му велам да бега од мене всушност значи дека ми е најпотребен и нема да ме послуша. Оној кој нема да искористи никаков изговор за да дојде и да ме види. Се плашам дека ќе се смениш. Дека ќе почнеш кога си уморен, да не ти е од интерес да се видиме. Кога се караме да не се грижиш за моето мислење. Кога си нервозен да го истуриш сиот бес на мене. Се плашам зашто ради тоа ми беше посебен. А ако си во план да ме сакаш на сосема обичен начин, ич не се труди. Знам дека ова звучи бескрајно себично. Не е дека планирам цел живот да сум ти приоритет. Односно, сакам, да, ама и јас се менувам. Ако се вратиме на почеток, бев една самобендисана кучка. Не ме интересираше каде одиш, ниту пак јас ќе те известев, се однесував ко да сум сама и не ме болеше уво за твоите правила и совети на однесување во врска. После нешто што ќе го сфатев на лош начин, ќе ти спуштев слушалка и ќе те оставев цела ноќ да се нервираш. Ама веруваше дека ќе станам тоа што го сакаш, ме трпеше и стигнавме до негде. Сеуште не можам да кога те мачи нешто или си нерасположен, го истрпам твоето невнимание. Па наместо да те оставам сам, пак ќе се врти се` околу мене. Зошто мене не ми зборуваш, не те интересирам... И ако треба да сум ти поддршка, јас ќе направам да ти е уште помачно. Па ќе се искараме, само кога другиот ден кога ќе бидам полна со вина и ќе не можам во очи да те гледам, ќе ставиш една насмевка на твоето лице и ќе ми кажеш дека ме сакаш. Ќе заборавиш на се`. Уште не го можам тоа. Уште не можам тоа его да го смалам. Ама знам дека ќе чекаш. Трпелив си и мислиш дека сум вредна. Фала што не ме брзаш, што не се откажуваш. И што не премеруваш се`. Посебен си зашто намерно не правиш да страдам. Можеби не сум ти кренала на телефон не знам колку пати, а јас кога и да сум те барала, тука си бил. Можеби уште милион пати кога некој ќе ме изнервира ти се истурам тебе, ама ти никогаш не си дозволил јас да го претрпам тоа. И никогаш не си исклучил телефон, па да ме оставиш сама со своите мисли, да почувствувам на своја кожа колку боли. Или ако ти посветам премногу внимание, никогаш немало контра ефект, па да морало да си играме, да применуваме обратна психологија и не знам ти што. Откако ќе направиш се` можно, ќе почнам да барам повеќе. Зошто не си ми подготвил доручек, зошто кога сум го кренала носот не си ме прашал што ми е, зошто кога сум болна не го поминуваш цел ден во кревет со мене...? И прво ќе се зачудиш што глупости зборам, како тоа не си се грижел за мене, а потоа ќе почнеш да го правиш сето набројано, за да не почувствувам дека не ме сакаш. И фала. Фала што ми веруваш толку јас да се грижам за него. Откако ја изгуби Ивана, ти си му најблизок. А јас се чувствувам само како натрапник. Не сакам да ви сметам. Затоа фала ви на двајцата што во најтешките моменти ме вклучувате мене. Ќе го чувам и ќе му помагам колку можам, кога ти не си тука. Нема да те разочарам. И благодарам на Господ што ти си сега покрај мене. Спојлер Ако од суштината на постов некој сфати дека сум ужасно, егоцентрично суштество на кое се` му е малку, а до себе има некој кој е будала што ја трпи и ја сака толку, го молам да се пренасочи кон темата - Дали има машки во Скопјево ( и нека размисли два пати) и бидејќи се е насочено против машкиот пол, предложувам тема - Зошто жените се кучки? или Зошто на жените никогаш не им е доволно итн. Доволно се плукав себеси, не ради она - Кој признава пола му се простува, туку чисто да се потсетам каква сум јас, а можеби и да ве поттикнам да го преиспитате своето мислење за мене. Погрешна тема, ама, whatever.
Денес ми е еден од оние денови кога те несакам! Зашто си неразбран, неразумен, љубоморен, зашто дрдориш нелогични ствари ко стара алапача пред порта, зашто не ме слушаш и не го вклучуваш мозокот да ме разбереш! Ајт чао, не ми е интересна вечерва покрај тебе, ќе ми зафалиш само ко ќе легнам