Кај да најдам зборови со кои ќе можам да ти кажам што се чувствувам во овој момент? Ми се чини ќе прснам од љубов и не сакам да се чувствувам вака, затоа што старите викаат многу арно не е на арно.
Дај боже да си во моја кожа и да видиш КОЛКУ е само „УБАВО“! и јас ке пробам до крај да ти преставам колку ти помагаш МОЈАТА „убавина“ да е уште „ПОУБАВА“!!! Сакам да те боли колку што ме боли мене ... Секоја реченица и секоја постапка !! Не заслужуваш ....
Идам утре. Да видиме шо ќе испадне од нас после 6-7-8 месеци одалечени,скарани,без многу контакти. А ти сепак ме чекаше. Сето ова време. Сега јас сум на ред..
Ти си човек што не се опишува со зборови, нема збор кој би те опишал. Толку брзо менуваш расположение, што човек доколку не те познава свашта би помислил, ма остај ги ти нив, јас и ти сме битните, ама .. срце си што ме трпиш вака, што ме разгалуваш, што ми го купуваш од благото што највеќе си го сакам и фала за цвеќенцето. Ама жена кога може да се задоволи? Ама ако пак ме сакаш знам, ако сум вакво ќенкало, плачка-разгалена, се тоа се моменти.. нејќам да помине. Срце си, ама сакам да си уште поголемо -Се шалам.
Да знајш чисто онака дека размислував со часови...ке се бориме да ги оствариме нашите идеи и никој нема да не сопре...ни мене ни тебе... Знам дека ке успееме знам...Ова е почеток на нешто ново... А да ти кажам дека бев многу збунета за твојата намера,ама...после се,после ова денес сфатив дека си навистина искрен. И кути,две недели се немаме карано.да не урочам ама навистина се поправив.Навистина успеа да ме измениш.
Само колку ме нервираш понекогаш и си мислам дека не залужуваш да заземаш место ни во моите мисли а не пак во моето срце
Абе денеска празник некој да не е? Па ептен си знаел ти да бидеш внимателен, нежен, да ме гушкаш и бацуваш постојано. Те молам штипни ме да се уверам дека ова не е некој сон. Цел ден сме заедно и за чудо ниеднаш не се расправавме, ти добар јас уште подобра. Сега сме пак заедно само со тоа што ти си во другата соба и ме чекаш да те изненадам со благото што го направив за тебе. Епа да знаеш дека и репете ти следува денеска, само те молам немој утре да ми го расипеш денешново расположение Како и да е после дождот секогаш следува сонце. И да ќе заборавев те сакам сега и секогаш
знаеш колку ја обожавам сликава ,се надевам дека за некое време и јас и ти ке бидеме вакви насмеани од 6ка до 6ка со детето до нас само што плус ке го имаме свирко и едно доберманче љубов моја
Иако јасно ти дадов до знаење дека мојот одговор е НЕ, во себе започнав да се двоумам... Што ако? Нема да ми биде криво, ни тебе дефинитивно Ех, мали мој, 180 километри ќе ни бидат многу, верувај ми. Премногу за желбата која ќе биде преголема, верувам. Да ризикувам?
направи ми услуга и да те снема од планетава ЛАЖГО ЕДЕН, превара тешка со тапија прави што сакаш, ама да не си ми титнал ниту пишал-немој залудно да мислиш на мене оти само може да те замразам, а не да те засакам колку сум јас наивна-дури и глупава прво пред да те запознаам се чудев како може еден 33 годишен маж, убав, згоден да биде неженет, СЕГА МИ Е КРИСТАЛНО ЈАСНО ЗОШТО е тоа така да даде Господ, да бидеш мета на некој психопат што сака да ја убие личноста што ја штитиш-и да ти пука точно во срце па да те погоди, за да видш како боли мизерен еден, те жалам
Де бевме нормални сега ќе бевме заено и ќе ја прославевме нашата годишнина. Епа нека ни е среќна седмата - празна годишнина. Повеќе среќа за нареден пат!
Едноставно секој миг со тебе е исполнителност целосна и задоволство.Слушањето на твојот мил глас кога ми зборуваш толку внимателно ме издигнува до небото и секој пат ми потврдува колку сум среќна што те имам крај мене и колку ме правиш среќна.Ах колку е убаво,не сакам никогаш да завршат овие преубави денови и никогаш да не се поткараме и сконтриме.ЌЕ се потрудам од моја страна да не е така,а знам дека ти го правиш тоа секој ден.
Да не си правиш фраер многу многу, да не ти покажам јас убаво... Се правиш дека ти е грижа, се јавуваш , молиш, убедуваш ( како и обично кога си во тесно ) и од утредента како ништо да не било, па те нема да се јавиш дури 5 дена. Спојлер Срам да ти е !!!
Немој секогаш да слушаш што ти кажуваат, те молам немој да потпаѓаш под влијанија на тој твој другар што мисли дека е најпаметен, а уствари е глуп како точак и си има комплекси...!
Најчесто те фалам, а за себеси зборам се` најлошо. И кога ќе се случи нешто лошо, се мислам дали ми е мене филм, дали јас ги комплицирам работите или реалноста е таква. Ама не е фер. Ако јас сум дома, а ти постојано зафатен, не е праведно да чекам на твојот повик. Да ме оставаш да те чекам 20 мин. кои стануваат цел час, да ме откачиш за да пушиш цигара, за да ја зирнеш малата, за да поседиш со твоите. Ако јас немам посериозни обврски, тоа не значи дека не треба да го почитуваш моето време. Или ај ти заврши си се` што те исполнува во моментот, а јас ќе те чекам кога ќе можеш, бидејќи нели јас ништо не правам во животот. Никогаш не сум те откачила зашто правам нешто друго и тоа ми е најголема грешка. И навистина ми пукна филм кога ми кажа дека ти толку многу ги штедиш твоите. Не, не се врти кај мене се околу парите. Ама ако тргам од тоа, да го ценам трудот кој моите родители го вложуваат или парите инвестирани во нечие образование, нема да трошам ни нечии пари. Не ме боли ич за тие пари да знаеш, само ме боли што еднаш кога сум платила, не си рекол - Не, ако јас не трошам мои пари, нема да ги трошиш ни твоите на нешто заедничко. А не се случило еднаш, знаеш? Не си ти должен да се грижиш за моите. Ама ако веќе ти е жал што толку потрошиле на твојот факултет, нареден пат кога јас ќе се распуштам за да ни биде убаво на двајцата, да одиме до парк, убаво да се најадеш, да ти дадам пари за превоз или било што, очекувам да речеш - Твоите повеќе се мачат. Одат на работа, одат во поле, ништо не трошат на себе за да имаш ти. Сестра ти не е од дома излезена зашто ти толку трошиш на нас. Ако јас не трошам денар, како може да дозволам некој друг да троши? Па чекај малку. Тие пари некој друг ги заработил. Значи цениш свое, туѓо не. Јас сум крива, така те научив. И да, ако јас не се грижам за моите родители, не знам зошто очекувам од тебе. Можеби зашто верував дека си посебен и имаш осет. А сега лути се колку сакаш, ама знаеш дека сум во право. И криво ми е, да. Зашто знам дека некои фуфици за да ги импресионираш си им плаќал се`, а со мене е поинаку, демек јас ќе сфатам. Еднаш си ми ја платил сметката зашто немав ситно и кога сакав да ти вратам, ми рече Подоцна. Не се работи за тоа кој колку пари има. Моите може заработуваат помалку, а работат 5 пати повеќе, не излегуваат од дома, не се дружат секој ден како твоите, не уживаат во животот. И кој е тука за штедење ај објасни ми! И не. Знам како ќе биде ова сфатено. Кој сака најголем материјалист нека ме направи. Ама посакувам еднаш да се пофалам дека дечко ми ме почастил. Еднаш ме изненадил со нешто убаво. Не зборам за скапо. Еднаш сакал да ме однесе на посебно место. А не јас да бидам мажот.