Не можеш ти без мене, знам јас.. И не ми е жал кога гледам други "совршени" врски. Некогаш и најубавото јаболко внатре е шупливо. Се караме, да, често и пред други. И ич не ме боли кога некој ќе ми рече Де бе па навистина претерувате, или па подмолно се смее као божем еве ги, почнаа. Хах, истите тие кои 2 минути пред нас очи си ваделе, се смеат. Нека се смеат, барем ја и ти си кажуваме се во лице. Не ти ги мачкам очите со она " Добро златушко, сонцушко ми те сакам највеќе mwa mwa mwa mwa". Дирекно во лице бре вака и вака. А не пред тебе Дева Марија, зад тебе Јуда! И те сакам. Убаво да ми спиеш. Утре чекај ме
Немој да ме лажеш ! Бар не за глупости знаеш дека не е лесно да ме излажеш .. Секогаш те фаќам само се брукаш без веза .
Уште малце сонце стрпи се , ќе се будиме пак заедно еден покрај друг, те сакам најмногуууууууууу, ми фалиш
Маачко, ми се свиѓа што си паметен па полека се оддалечуваме, реални сме и знаеме од нашево што бидува, ништо. Мислам, некои работи, се случуваат, и потоа се забораваат, исто како да не се случиле. За наше добро. Затоа што моето и твоето во ниедна галаксија не бидува, па ако сакаме, на глава да проодиме. А ти си навистина едно многу добро човече, заслужуваш навистина една добра девојка. Досега, морам да признаам, дека најдобро си се однесувал спрема мене, со некоја најголема почит, како да ти бев нешто... хм, важно дури. Мачко бе, па за мене се вмешаа емоции кога ме праша дали можеш да ме држиш за рака. Како Саманта од Сексот и градот, проба да ми направи нешто перверзно - да ме држи за рака. Ете, тоа не чини, емоциите во вакви мешаници. Претходно си беше се кристално јасно, отпосле се искомплицираа многу работи. Ама како и да е, добро е што не си го трошиме времето, нема иднина, навистина. Колку и да си ти добар, и колку и да сакав како само со една рака можеше да ме гушнеш и колку сакам кога ќе те видам насмеан, нјама друже, нјамаа.
Мачко не си свесен колку ми фалеше денеска, сакав твојот роденден да го одбележам на посебен начин. Знам дека ќе се видиме в недела и ќе надокнадиме, ама сепак во себе чувствувам некоја празнина, прв пат е ова да не сум покрај тебе за твојот роденден... и да, тешко ми е. Сакам да си најсреќен, да си здрав, мудар и мирен Те сакам многу! http://media.msgplus.net/flashAnim/anim/b013.swf
Колку пати кажав крај? Колку пати се откажав од нас? А ти секој пат ми докажуваш само зошто не треба да се откажувам. Со твоите постапки ми покажуваш колку е голема твојата љубов и не треба да дозволиме ништо на светот да не раздели. Знаеш последното мислење што го напишав овде за тебе беше исполнето со омраза. Се лажев самата себе дека дојде нашиот крај и дека те мразам толку колку што те сакав. Знаеш колку сум среќна што никогаш не се откажуваш од мене? Тоа ми кажува се што сакам да знам. Тоа ми кажува колку ме сакаш. И колку сум среќна кога спиеш во мојата прегратка како да си мало детенце кое бара заштита. Или кога јас сум во твојата прегратка, а ти ме гушнеш толку силно што дури без воздух останувам.И знаеш колку сум среќна кога ќе ти зготвам нешто што нема да е толку убаво, а ти ќе го јадеш само за да ме направиш среќна, само за да не дозволиш да се разочарам.Среќна сум кога сум со тебе. Многу личности ме убедуваат дека не треба да сум со тебе, дека ти не си за мене, ти си ваков, таков, но тие не знаат ништо. Тие те гледаат од надворешната страна. Тие го гледаат тоа што немаш доволно пари. Тие го гледаат тоа што сме од толку различни семејства.. Но не, тие не знаат ништо. Тие не знаат дека иако имаш 20 години ти си мало дете на кое му е потребна љубов. Тие не знаат дека ти мене ме сакаш и не се откажуваш од мене. Ти си темелот на нашата врска. Ти ја правиш нашата врска да биде толку убава. Кој што сака нека зборува, јас нема да се откажам од тебе. Ти нема да ме пуштиш. Ти ќе ми ја држиш цврсто раката и заедно ќе ги поминеме сите. Заедно..засекогаш.
ај престани со тие твои филмови веќе еднаш!!!!!!!! ПРЕЕЕЕЕСТАНИ ГОВЕДО ЕДНО ГЛУПАВО АМА ај добра ти ноќ, слатки сни, ly
Скршена сум, ме уништуваш одново и одново. Не можам, јас не можам да се радувам на се убаво што ни се случува само заради тебе, кога, кога проклет да си ќе сфатиш еднаш засекогаш што ми правиш? Како си дозволуваш, како не знам, неможам да верувам дека го стори тоа. Тишинна, очајна тишина, нема зборови, нема ништо, немам јас ништо во мене, празна сум и безживотна, а ти проклет да си милион пати што дозволуваш да патам. Јас би требало да сум твојата најмила и твоето се, твојот врв, а јас не чувствувам ништо такво. Каде е таа згруженост и нежност, каде е твојата грижа за мене, каде си сега да делиме среќа заедно.... Не можам да те препознаам повеќе. Сите се прашуваат што се случува со тебе. Еднаш ми рече, предобра си за мене, оди си, ќе те уништам. Испадна дека стварно сум............................................................................ http://www.youtube.com/watch?v=GemKqzILV4w
http://www.youtube.com/watch?v=syxd2n8S4AE all memories that we had http://www.youtube.com/watch?v=NGynaq35gkQ Песнава ме потсетува на тебе секогаш кога ќе ја слушнам срцето ми се разтажува затоа што дотогаш немав почуствувано ваква љубов ти ме фати како капка роса во пролет Прави напори да дојдеш и јас ќе правам напори
СО КОЈА ХРАБРОСТ МИ ПИШУВАШ ПОРАКА ДЕКА СИ БИЛ ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ДОГОВОРИВМЕ ВЧЕРА ? СИ ГО ИЗГУБИЛ МОБИЛНИОТ ПА СИ КУПИЛ НОВ? ЈАС ТЕБЕ НА МАЛОУМНА ЛИ ТИ ЛИЧАМ? арно ти пишав- и вени да сечеш, и во жаба да се престориш, НЕМА да добиеш втора шанса, не е важно ке страдам и ке се мачам ко незнам што, се надевам дека времето ке биде во моја корист и лугето околу мене исто- ке издржам некако како незнам, ама морам да продолжам напред, и знам дека беше ГРЕШКА што се залетав за тебе-обична девојка со таков тип-НЕМА ШАНСИ,можеби да бев фотомодел или маненка да тоа е друга тема на разговор.
Истото .. Во неколку наврати ми го рече ова, а јас не верував и те заќутував, ти кажував колку сум среќна што те имам, и во моментите кога бев скршена. Фаќав крај со крај, давав многу а не очекував ништо освен љубов и ти простував .. многу ти простував, а не дека ти заслужуваше. Напротив, простував зашто јас сакав да бидам среќна, а тоа беше само ако те имав тебе покрај мене. Кхм .. нашево гледање и дознавањето работи за тебе кога сум во ПМС или кога имам добиено е страшно! Не можам да престанам да те мислам дете, не можам. Сакам да те видам и се туфкам кога ќе ја испуштам шансата по улица, сум проста и дозволвам сеуште да претставуваш огромен дел од мене. Требит да ти подарам еден ристрикшн ордр на километар, а ако е на 100 метри пак ќе те видам и истото е. Онака, чисто од љубов. Убо де .. зашто ми требит и мир. Морат да си мислам за мое добро отсега, а ни ти ни другиве го прает то. И едвај чекам да почнам со некоја активност, ЦК или на школо, да имам обврски и да не знам глава кај ми е, па да не мислам на тебе. Среќна сум тогаш, да!