Вчера се почуствував најзаштитена во твојата прегратка.Посакав да заспијам и никогаш да не морам да одам,и да се разделам од тебе. Те сакам.
добро де, не мислев да станеш жаба-тоа беше метафорички кажано извинувањето не важи знам КОМПЛИМЕНТОТ ВАЖИ, и тоа знам Овен
Ќе чекам јас едно за вечер.Ај ти.А да се видиме,сигурно и во живо ќе бидне нешто.Сигурна сум. Те сакам,те сакам.Многу!
Абре ќе се убијам пошто една твоја разумна порака ми става насмевка на лице,што ќе беше ова,сама си се чудам,ееее...Ок,барем си сфатил за шо се лутев.И очигледно си се покајал.А и допрва има да правиш за мене ако се расчистиме. Зошто неможам да бидам лоша? Досега ќе те имав шутнато и ќе бев со друг...Ама несум.Слабост си ми.Те сакам.ДА не те знаев,ќе речев нарочно си го правел сето тоа,ама сам ќе си раскажиш за сите работи. И не,уште не сум смирена,ама подобро ми е.Уште ти сум лута. И аман со таа твоја работа! Ти ја мразам! Дај Боже понатаму друга да си најдиш! ТЕ пукнаа,време не ти останува. После толку време го слушнав она - малечка.Ми недостигаше МАкар што ти си мал бре,не јас! Ај да видиме како ќе се реши случајот...
Стотото мислење ти го посветувам тебе мил мој А доаѓа и први септември. Може ќе те изненадам. Не заборавам јас! Те сакам најмногу на свет.
И кога можам да се потпрам со цела тежина на твоето раме (а не сум баш лесна), а ти ќе ме префатиш, знам дека си тука за мене. Во било кое време, секогаш.
Не знам како е тоа. Ни еден момент да не зажалиш за личноста со која си. А најголем дел од времето да е негативна, молчалива, воопшто неинтересна, да ти ја плеска вистината до степен на болка... Јас не знам како да премолчам работи кога некој друг ми префрлува, само да не го повредам. Не знам да се одлутам после 2 мин. откако ќе се скараме и гушкањето не ми е единствено нешто што ми паѓа на ум. А најмалку сум сигурна дека сакам да го поминам животот со некој што постојано се лути, па треба да му угодувам, да го барам вистинскиот начин да му пријдам ... И никогаш не му признала на некој што ми ги тестира живците дека каков и да е, што и да ми прави, единствено што ми треба е да ми дозволи да го сакам и да бидам личноста покрај која ќе се буди секое утро. Зборовите секогаш ми се премалку. Ама верувај дека кога би можела и јас би сакала да ги правам сите тие нешта. Да те сакам толку силно. Се` да направам за да не ти причинам лоши чувства. Ама ете, не ме тера одвнатре ко тебе. Не можам после се` само да се насмевнам и да ти кажам Те сакам. А сакам толку силно. Верувај....
Ако не те сакам - зошто ми е мака кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе? Ако не ми требаш тогаш што ми прави кога ке ме гушнеш светла топлина во гради? Подобро да сум патетична овде одколку пред тебе! Е мој Горане ни едаш за мене не се потруди, знаеш ли колу пати кога очајно ми требаше не беше со мене?