Те сакаммм, ама стварно многу те сакамм, и нема да дозволам никој и ништо да ни расипи нешто. Далечината е проблемот, ајде дојди си, дојди сииииии, изненади ме, па страшно ми недостигаш Те сакам !
и те сакаам,и те сакам,и те сакам,ите сааакам и засекогаш ќе те сакааам сонцеее моее и само моее ТЕЕЕ САААКАААМ
Се чувствувам како тинејџерка... се чувствувам исто така како кога се заљубив прв пат...се чувствувам како кога на дете да му ја купиле омилената играчка...абе немам доволно зборови да се искажам. Ти си толку мил,прекрасен...Понекогаш мислам дека ова е само сон...со тебе е се поразлично
Еднаш ми рече: После секоја кавга сме посилни... Мислев дека кењаш колку да ме смириш. Сега гледам дека навистина е така. Те сакам, знам дека ме сакаш, мислам дека не сме ни свесни колку многу. Ти си ми дечко и најверен другар, ти си моја утеха и поддршка, нема поубаво место од твојата прегратка во која прибегувам секогаш кога сакам да се скријам од ова срање од свет. Само со тебе можам лесно да бидам, без напор, само да БИДАМ. Она што сум, она што не сум, мирна, тивка, гласна, невротична, смирена, луда, добра, злобна, полна со разбирање, инаетлива... Се можам да провлечам, зошто знам дека си тука и дека ќе бидеш. Не знам како можеш да се запрашаш зошто сум со тебе, знам дека не си свесен за своите квалитети и баш поради тоа те сакам. Те сакам кога се бакнуваме, те сакам кога се гушкаме, те сакам кога се караме, кога си вриштиме еден на друг во лице, кога се молкнеме, се тегнеме, се инатиме и пак се бакнуваме... Те сакам зашто со сето ова имаме еден нормален однос, колку и ненормален да им се чини на другите. Една брутална искреност која ретко кој ќе ја разбере. Зашто на крајот на денот единствено нешто што ме прави среќна е кога ќе те погледнам и и во твојот поглед има толку љубов, само тоа ме прави да се помирам со светот, да склучам примирје и да останам во оној другиот свет оној нашиот, каде се е толку совршено несовршено. ТЕ САКАМ
Се вели дека кога со некој тишината ти е пријатна, тоа е тоа. Хм. Елај у тишина да си лежиме, и да не зборуваме ништо. Моментално само тоа го сакам. Сакам да се повтори вчера.
http://www.youtube.com/watch?v=_I5FBH7m6kA еве ваков си исти како во песнава. Дури и да те гледал тебе не можел подобро да те опише...
Знаеш ти ,могу добро дека се борев,газев,голтав,потиснував...А не добив шанса за разговор.Знаеш,морав многу да проголтам што сакав да ти кажам,многу болка да потиснам во себе длабоко,да се насмеам и на тебе и на другите тогаш кога од внатре се распаѓав....не знам дали беше вредно...ама знам дека веќе немам потреба да ти кажам било што.Не е тоа некој прицип памти па врати,ти барем знаеш дека јас не сум таква.Не сум јас некој карактер,јас одам со срце низ се.Едноставно помина.... се стиша...остана само несоницата,ама и неа ќе ја победам.Што е е дна несоница наспроти мене цела.Уште една нездрава навика.Како што можев навиката спрема тебе да ја искоренам,така и оваа смешна несоница.
Зашто ми е сеедно? Затоа што не те сакам. Ама немам срце да ти кажам. http://www.youtube.com/watch?v=O01hv2uCDr4
Мило мое ми се јави и ми рече да излезам да ја видам месечината колку е убава.Излегов,ја видов и знам зошто ми го рече тоа,се потсети и ти како и јас на една прекрасна вечер која што не поврза вечно двајцата.Иако си ти таму,а јас тука вечерва сме заедно преку месечината која што истовремено ја гледаме и двајцата и мислиме еден на друг.Ахх Љубов моја колку и далеку да сме разделени еден од друг нас не поврзуваат сонцето,месечината,небото и ѕвездите секогаш и никогаш не сме еден без друг,всушност ние сме секогаш заедно.Вечерва под ѕвезденото небо ние двајцат сами се сакаме до бескрај каде што се сонцето и месечината.
Се сеќаваш колку ноќи поминавме гледајќи ја месечината и посакувајќи да сме еден покрај друг, колку пати преку истава месечина си праќавме бакнежи, жалејќи што не сме заедно, што сме далеку. Вечерва се е исто, седам а друштво ми прави месечината, повторно сакам да сум со тебе, повторно ти праќам бакнеж, само.... Фалиш ти, прклето ми фалиш, да ми кажиш дека се ќе биде во ред, уште еднаш да ми кажиш дека секогаш ќе бидеш до мене . Ветрето ме милува, како да сака да ми каже нешто. Се прашувам што правиш сега, каде си , дали и ти ја гледаш месечинава и барем за момент помислуваш на мене. Што е со мене, всушност со она што остана од мене... Што остана... рана која никој и никогаш нема да може да ја залечи, лузна која секогаш ќе ме потсетува дека си бил дел од мојот живот, дел од мене... и еве за крај ти ја посветувам песната... Те сакам. Ми фалиш премногу Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=UVf8Bi32y0E
Понекогаш си мислам - не си за мене. Не сме еден за друг. Тоа се обично оние моменти кога си тврдоглав, кога се инаетиш, кога се правиш нај паметен на свет. Тогаш ужасно ме нервираш и ми се чини уште истиот миг да те оставам. Но веднаш ме мава она нашето како низ сон ми минуваат сите мигови со тебе, во една секунда, и го поништувам претходно кажаното. Не сме совршени, не ни ќе бидеме. Но ме плаши оваа желба за доминантност на двајцата. Јас, си ветив, нема да подпаднам под машко влијание, свати го како сакаш но јас сум родена да бидам главна, ма колку сака смешно нека звучи, тоа ми е во мене, таква сум од мала. Ти, исто како мене, не сакаш да си под ничие влијание, сакаш да бидеш ТИ, твојот збор и ничиј друг. Во тоа сме исти. И сега, што правиме? Ќе војуваме ли за тој "Трон" или ќе се препуштиме? Ќе си ги присвоиме ли инаетот и гордоста или љубовта ќе не обземе целосно?
Готово е љубовче, готово е. Знам дека ме сакаш ама требаше порано да ми кажеш. И незнам зашто и постојано се прачувам зашто не те сакам, зашто неможам да те сакам? Зашто..? Но тоа е тоа, неможам веќе да се измачувам себе си. Најмалку што сакам е да повредувам, но нема друг начин. Незнам како да постапам а да не те повредам, но готово е. Овој пат навистина!