душо моја премногу е доцна.ајде барем да се изгушкаме за последен пат.и да ти шепнам на уво дека никогаш не престанав да те сакам.
Се ми е опуштено, а ти си ми нервоза. Ти текнува пред 1 година на овој датум кај бевме и како си поминавме. Го славевме мојот роденден. Само кога ќе ми текни колку беше возбуден и среќен исто со мене и за мене. А денес каде си ?! Барем една порака да ми пишеше. Џабе се смеам кога срцево ми плачи и мисливе само накај тебе ми летаат.
Кога седна до мене посакав да те гушнам и да те излапам како некогаш.. ама сега сме само странци кои се навикнуваат да се гледаат другарски .. зошто не можам да те преболам ? никогаш нема да ми помине оваа жед и страст што ја чуствувам кога те гледам зарем кај тебе се е згаснато и заборавено знам дека НЕ Е !
Не знам зошто постојано сум јас таа што се труди сè да биде добро меѓу нас. Не знам зошто настојувам да ги направам работите да бидат најдобри кога не можат да бидат. И што е најлошо.. свесна сум за сево ова и не престанувам да се трудам. Секогаш јас сум таа што ги расипува работите и секогаш јас сум таа што ги поправа, а потоа се обидува да ги одржи такви какви што се. Ама не оди понекогаш. Затоа што ти веќе очигледно си изгубил интерес драг мој. Барем кажи ми да не се трудам залудно, да си најдам нова занимација и да се откачам од тебе.
Твојата прегратка е денес мојата насмевка , секој ден за нас е нова приказна. Љубовта која владее во нас постојано расте . Сега сме заедно и сонот повеќе не не тресе додека спиеме , бидејќи сонот за нас сега стана реалност !
хаахахах ма ти ниси нормалан човече мислиш дека ќе ме испијаниш и на тој начин ќе решиш се ..е немаааа.........ќе пијам ама накрај напален ќе те оставам ..Твојот план е добар ама мојот е подобар.. Не играј со играчи !
Сакам да се стуткам во тебе и да ти го слушам срцебиењето. Да слушам како дишеш и да го почувствувам движењето на ковчињата твои додека издишуваш. Знаеш, јас обожавам тишина и живеам за моментите кога погледите во очите го зборуваат тоа што сакаме да си го кажеме. И највеќе љубам да ти се пикнам под врат. Како мало маче. Не дека ми е ладно, ами изговор ми е, за да се давам во твојот мирис, одново и одново. И знаеш дека мразам да зборувам. А секогаш, секогаш доволен ни е само поглед за да се сконтаме меѓусебно и да си ги прочитаме мислите. Ко да се гледам себе си во машко издание. На моменти и језиво. Ти си мојот Traumman, сега и засекогаш, а за непотребните коментари од страна, од типот „не е тоа тоа“, мојот став веќе го знаеш. А ме интересира пак, што всушност е тоа тоа !? Уствари, не ме ни интересира - ти си моето тоа. Она вистинското и сè друго ми е излишно, непотребно. Ти си тоа човечуле пред кое можам да си бидам јас. Своја. И твоја. Да можев да пишувам поезија, ќе пишував за тебе. Штета што сум тапа. Затоа ќе сликам, секаде ќе ги мачкам нашите бои. За сè да потсеќа на тебе. Таму. Зашто тука, нема нешто што не ми е асоцијација за тебе. И знаеш лепи, дека десната страна од креветот секогаш ќе те чека - зашто јас као наводен и божемен левак, левата не си ја давам така лесно! Те љубам.
Извини што само фино те одминав. Така душата ми сакаше, а и плус срам ми е во јавност да се поздравувам со сељаци ко тебе.
Можам мирно да спијам. Те чекав. Се јави. Здрав и жив си стигна дома. Знаеш мразам кога патуваш сам. Се би дала да можам да сум таму со тебе и заедно да патуваме. Ах, колку боли оваа далечина. Знам и тебе не ти е лесно. Ќе дојдат подобри времиња...јас и ти, заедно.
Кога ќе бидам во тешко нерасположение, опколена со страшни мисли, па ќе помислам на тебе и колку би било добро да се чуеме за да ме уштешиш - баш тогаш ќе добијам неочекуван, доцен повик. Јас и ти сме телепатски поврзани.
Два дена без престан ја слушам и размислувам за Нашата заедничка желба - да го играме првиот валцер на оваа песна... http://www.youtube.com/watch?v=9EuVr5t9Sq8
Ххахаххах е ова е нешто ненормално. Во исто време си праќаме смс,јас тебе ти мене. А што е најчудно јас ти немав пратено многу одамна.
Лута сум ти.Овој пат сум ти стварно лута.Утре не те барам,не ти зборувам а ти колку сакаш нервирај се,колни ме ако треба ама овој пат не попуштам
Една година откако те запознав. А, утре правиме 9 месеци откако сме во врска. Што и да кажам малку е. Те сакам!
Убаво е да знаеш дека има некој што стои позади тебе. Некој кој е спремен да те следи каде и да одиш, што и да правиш. Убаво е да знаеш дека некој ќе направи се` за твојата сигурност, ќе направи се` за твојот живот да не биде доведен во прашање. Но, не е убаво тој некој да не ја знае вистината за тебе. Да не знае која е намерата на тоа патување, што се крие зад тие постапки. Да не е свесен во што се впушта. Не е фер... Никогаш нема да ги заборавам тие зборови, во секоја ситуација ќе ми одекнува твојот глас во мојата глава и знам дека ќе се чувствувам сигурно. -Слушај ме добро, сакам секој ден во исто време да добивам порака од тебе. Ќе се договориме, ќе одредиме време... Доколку имаш некој проблем, ако осетам нешто сомнително или не ја добијам пораката, во рок од 24 часа ќе те најдам, кај и да си! Ќе ја превртам земјата, ќе ги дигнам сите на нозе, и ќе те вратам. Не си сама, ме имаш мене. Немам лице да го погледнам во очи и да му кажам едно големо Благодарам, ти благодарам за се` што правиш за мене, за љубовта која ми ја даваш без да побараш ништо за возврат, можам да претпоставам колку ме сакаш бидејќи гледам колку ти значам. Од друга страна, сакам да ти се извинам. Извини за моето однесување, мојот егоизам, извини за моите постапки. Кажувам по којзнае кој пат, ти ова не го заслужуваш. Јас не те заслужувам! Ми значиш, те сакам и ќе те сакам, но никогаш на тој начин. На начинот на кој ме сакаш ти мене...