многу те повредив некогаш, но бев помлада и не размислував дека можам да ја загубам љубовта на животот...сега го сватив што си ми искрено се кајам за се и можеби сега тоа ми е казната шо те сакам повеке и од животот.... грешев но се кајам и многу те сакам
Превише си неодговорен. Поради незрелоста ќе ги изгубиш сите, а ќе ме изгубиш и мене. При првата грешка нема да се двоумам. И нема око да ми трепне. Не ти е срам? Мало магаре си други за тебе да вршат работа? По неодгвороно , незрело, неозбилно суштество од тебе очиве не виделе. Човек да те прати со две стомни по вода, и двете ќе ги изгубиш и патот нема да си го најдеш за назад . Гони се, порасни ! Кога ќе пораснеш, јави се.
Чудно е како можеш во еден момент да ме изнервираш толку многу што ме доведуваш до лудило,а веднаш следниот миг ме разнежнуваш и топиш од љубови среќа.Убаво ми е кога правиме заеднички планови за нашата иднина.Да,нашата иднина иако тоа звучи малце чудно за тебе и за мене и е некое ново чувство кое што и во двајцата нас буди силни емоции на љубов,збунетост,чистост,убавина,среќа и некој мал страв од тоа дали ќе успееме.Мојата недоверба во тоа правиш да исчезне и да не мислам на тоа што ќе ни донесе иднината и дали ќе успееме.Знам само дека се ќе направиш за да бидиме среќни и исполнети како и јас.Сакам да бидиме како оние бабички и дедовци кои што шетајќи заедно се држат за рака и сеуште во нивните очи се гледа силната љубов еден кон друг која што го одржала нивниот брак и покрај сите проблеми и перипетии.Само тоа сакам да го доживеам мило мое,друго ништо.Засекогаш заедно,еден покрај друг држејќи се за рака и прегрнувајќи се да лебдиме од среќа и да уживаме во љубовта која што знам дека никогаш нема да избледнее и да се намали,туку може само да е уште посилна и посјајна.
Твоево однесување треба да го сфатам као некоја пауза? И да те чекам тебе коа ке ти прдне да ме побараш и да ме прашаш ЗАШТО СЕ ПОНАШАМ?!и да ми кажеш дека ја сум крива...-_-
Се чувствувам како мало дете, на кое му умреле сите надежи за Љубов, а ти ми ги врати. Не направив многу, а добив.. појави ми се на врата како мој најубав подарок пак и пак и пак и пак, и пак ќе ми изнудиш насмевка. Мутав мој!
Знаеш дека секогаш ќе бидам тука за тебе. Знаеш дека кога и да ме побараш јас ќе бидам спремна да ти помогнам. За некое време со секој ден сè помалку и помалку ќе те сакам, но секогаш ќе можеш да ме вратиш назад со малку љубов. Секогаш ќе бидам спремна да направам било што за тебе, но за жал ти не си спремен на истото. А тоа боли. Боли да знаеш дека човекот за кој си спремна да го превртиш целиот свет наопаку, човекот без кој не знаеш како да продолжиш понатаму, човекот кој ти е постојано во мислите не го чувствува истото и не го може истото.
еднаш барем тоа шо ќе го ветеше да го исполнеше,барем еднаш.а знаеш шо мие највеќе криво да беше некој друг се ќе направеше да му угодеше а јас секогаш на крај,кој ме шиша мене не заслужив!!!! :'( :'( :'( :'( :'(
да можам да го вратам времето никогаш не би ти погрешила...Nо затоа пак сега можам да се искупам за све што ти погрешив, болката што ти ја направив да ја променам во неизмерна љубов
колку ми е убаво кога ке ти го слушнам гласот ми го разубавуваш денот, вечерта кога ке ми а зошто и ти мораше да бидеш обезбедување бе ко претходниот Овен да ми кажеше дека сакаш да се видиме ке се спремев, и ке се видевме па и за 5 минути, се надевам дека утре стварно ке се видиме и уште нешто-ова само Фемина знае, дека кога ми се јави ти, од возбуда почнаа рацете да ми се тресат знам дека ти длабоко во срцето си душичка и си посебен, ама си некако многу затворен, па се надевам дека со моја помош ке се ослободиш-можно е да е последица на лошите љубовни искуства пред мене што си доживувал, ти си моето злато
Беше и си остана моја неостварена желба...и сега одеднаш.. пак се појави во мојот живот...не знам, не можам да се радувам, не сакам да се надевам премногу, а ми е страв....страв ми е дека ќе се заљубам во тебе, а не сакам...
Мислам дека сепак не е добро да се случи претходно онакво нешто за да го доживуваме ова сега. Ова треба да се доживее и без тие претходните настани, ама ај Добро бе, те молам намали! Аман, не биди таков, прекрасен! Сакаш пред време да ти умрам, срце да ме стрефи вака на не многу млади години? Па не можам веќе овој наплив на чувства, огромна љубов и незапирлива страст кон тебе да ги осеќам! Не можам! И секојдневно сето тоа расте, расте......а ти секојдневно заслужуваш повеќе и повеќе..... Не можам да ти доловам што и колку чувствувам за тебе. Не можам веќе да ти покажувам колку те сакам, нема веќе начини, не постојат. Не можам веќе да ти изразувам чувства. Никогаш нема да можам. Се откажав пред некое време. Од секогаш писменото изразување ми одело малку подобро од усното, ама ни тоа не ми оди во моментов. Знаеш дека не можам во лице да ти кажам без да се гушам од солзи....а и кога куцам течат, исто му се фаќа Биди си онаков каков што си и понатаму, ситуацијата ќе ја решиме , а јас ќе се справам некако со емоцииве мои....