Знаеш злато, секогаш кога се „заљубував“, се трескав од земја дека ова е тоа и дека јас конечно сум се заљубила со сите пропратни елементи, а уствари сега сфаќам дека сето тоа било едно големо, дебело ништо во споредба со тоа што сега го имаме. Ние. Занесеност, тоа било тоа, многу поразлично од она денес. Најголема желба моментално ми е, да бидам храбра и истрајна, баш како тебе, ама штета што не сум. Се гордеам со тебе, навистина. И се надевам дека ова нашето ќе трае и трае. Всушност, верувам. Дефинитивно.
Ја листам книгава, бегло ги поминувам речениците, се лажам дека учам. Првите 30 страни подвлечени со зелен маркер. Во село, додека ти лежеше, јас седев над маса. Малку понатаму, на друга страна, сум нацртала срце со твоето име. Право дете сум понекогаш. Потоа сум пишала те сакам. И на тоа се сеќавам, ја поткренав книгата за да видиш, да не ја прекинувам совршената тишина, и се сеќавам на твоето гласно „и јас тебе“. Во мислите си ми. Дури и книгите ме потсетуваат на нашите моменти. Те сакам
од една страна ми велиш дека сакаш да си со мене, да комуницираш со мене, и дека не си женет, а од друга страна ниту на титкање ниту на пораки вракаш-самиот себе си се демантираш играње топло-ладно, на 33 години колку незрело од твоја страна ти пишав дека незнаев за тоа и дека ти ветувам дека веке никогаш нема тоа да го спомнам, ти се извинив-изгледа дека ти е болно(вака ми изгледаш разведен, незнам) ама незнам дали воопшто вреди само знам дека еден од деновиве, ке ти пишам дека вака веке НЕ МОЖЕ, значи или ти ке се однесуваш нормално, или има да си одиш од мојот живот на истиот начин на кој што дојде со ултиматум секако ова ли ти го нарекуваш врска што ли значи во превод за тебе поимот девојка додека јас не направам така, ти вака ке однесуваш кон мене-за тебе убавецу, само тоа е лекот
Ги знаеш оние денови до годината кога е на сред сезона, кога времето полека се менува ..? Кога навечер, лежиш во креветот и после некое време ти престудува, па си го земаш ќебето што за секој случај е ставено на креветот и се покриваш ..? И тогаш сваќаш дека доаѓа ново годишно време. Е така си ми и ти Иване на мене. Ладно ми е во животот без тебе. И немам ќебе, и не ни сакам. Убаво ми е вака ладно ...
Знаеш, претеруваш... Понекогаш си мислам дека редно е да се откажам од тебе и твоето глупаво однесување, а ме плаши тоа што во последно време тие мисли ми се многу чести.. Ме губиш едноставно..
Kрцкаво ми е со тебе. Да го подобјаснам зборот крцкаво. Cакам кога ми досаѓаш. Cакам кога се закачаме, или се обидуваш да ми ги опфатиш сите екстремитети кога се закачаме. Tогаш немам воздух, и немам со што да мрднам, и ти викам престани. Tи престануваш. Cакам кога ме гледаш додека играм bubble shoot, знаеш дека сакам, затоа и намерно продолжуваш да ме гледаш, ти давам искрена насмевка тогаш. A и на чуден начин ме срамиш тогаш. Cакам кога ми викаш дека сум совршена, ремек дело според тебе. Hе верувам дека од друг ќе ги чујам тие зборови. Cакам да играме пес ко лани, де молим те, набави си уште еден џојстик. Cакам секс во зима, потсеќа ме на стари дани. Cакам кога ми кажуваш: Cе сеќаваш на . . . Cекако дека се сеќавам, не сум заборавила ништо. Aрно ама секое сакам, има и свое не сакам. Hе сакам кога ми досаѓаш кога сум во пмс и кога сум задремала, не ти ли го кажал некој тоа? Hе сакам кога повишуваш тон за да докажеш поента на твоите тврдења, не можеш ли потивко? Hе сакам кога некои зборови ги пишуваш неправилно, 100 пати сум те предупредила, не си неписмен. Hе сакам кога се инаетиш, не си ти крив, овен си. (Cрцекрашка copyright) Hе си секогаш во право. Jас сум. Има повеќе сакам. Tоа значи дека уште те сакам.
А значит вака било...ти да си одиш кај сакаш кога сакаш и не кажуваш плус тоа....Многу ме нервираш да знаеш,ептен.Јас морам да ти кажам ко ке одам со кого што ти слободно си заминуваш
Хахахааааа кармата е кучка!!!!! Нека ти е наздравје, и нека не ми земе Господ за грев оти се смеам, ама не можам, посилно од мене е.
камен да беше од човек денес ке прозбореше па ти полош и од камен си бил ако ако, ама утре си ветив дека НЕМА ниту еднаш да ти титнам, па ако треба и да пукнам, па се надевам дека тогаш ке се запраша каде сум јас-тоа е првиот дел од изненадувањето, па да видиме кој може подолго да издржи без кого а кога ке помислам дека рацете ми се тресеа, срцето ке ми излезеше од градиве вчера, абе ми доага да се пукам арно ми рече Миа-ти си тест за моите нерви, не заслужуваш јас да се потресувам заради тебе
ќе ме молиш ти мене да го уклучам тел.од сега сум ;" КОРИСНИКОТ КОЈ ГО БАРАВТЕ ГО ИСКЛУЧИЛ СВОЈОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН"
Кога си ваков нежен, полн со љубов кон мене...секој ден се повеќе се заљубувам во тебе. Ама понекогаш навистина знаеш да ме нервираш, не се прави дека си лош...НЕ СИ!
Кога денес низ солзи другарка ми ми кажуваше како дечко и` ја навредувал ,и воопшто не ја почитувал,сватив каков скопоцен камен си ти,и дека сите девојки посакуваат по еден таков ама секој неможе да го има. Ми рече: ‘‘Имаш среќа ти,имаш човек кој те сака и те почитува и кој не би дозволил капка вода да капне на тебе,ти си неговото шеќерче кое те чува како своите очи.„ Кога го слушнав тоа,ми беше многу мило,ти благодарам што покажуваш на цел свет колку ме сакаш и почитуваш. Многу ми значи тоа,секоја жена би те посакувала.Остани таков каков што си засекогаш,и немој никогаш да ме разочараш. Ајм прауд оф ју енд ај лав ју соу мач 10q
"But What We've Done We Cant Take It Back. And I Wish We Never Did Itt, And I Wish We Never Loved Itt, And I Wish I Never Fell So Deep In Love With You And Now There Aint No Way That We Can Be Friends." http://www.youtube.com/watch?v=ArdBI_F1LKo