Премногу ми недостигаше, искрено ова време без тебе полудев, толку сум среќна што те гледам после толку време (всушност и не е многу) но без тебе и 1 мин ми значи премногу... Многу се секирав за тебе цело време и не би преживеала повторно ако нешто лошо ти се случи...Навистина те сакам премногу и веке нема да дозволам никогаш да се разделиме без тебе мојот живот веке нема смисла сватив дека ти си тој што ми треба за да живеам те сакам премногу а сега дојди да те гушнам
глупаво дете мое немој да ти текне вака пак како денес да направис само да знаес како ме препласи....сто ке правам без тебе те сакам и усте многу години ке зивееме заедно и заедно ке си заминиме од овој свет без мене нема да одис никаде двајцата заедно
се надевав дека ќе ми стигнеше порака од тебе и ќе ми посакаше среќен роденден ама не стигна будала јас
Сите погледи исти се......Исти ама баш исти. Конечно те гушнав,конечно.За миг помислив дека сонувам.Но,сфатив дека е реалност.Дека сум будна. http://www.youtube.com/watch?v=4WA2jBMk-Pk баш на нашата песна.И ако ништо повеќе,па добар пејач си бил.Викам дека ми читаш мисли.Заедно го запеавме ова : No, I wanna fall in love. Те сакам,до небото и назад!
Еднаш ми рече: И да сме, и да не сме заедно ти секогаш ќе бидиш во моето срце Хмм дали тоа беше лага, или можеби сеуште е така, можеби сеуште сум во твоето срце, ама тој инат што го имаш не ти дозволува да признаеш
Ти си најсовршеното нешто за мене на овој свет !!! Те сакам, те обожавам , фала му на Господ што имам ваква личност покрај мене. Едвај чекам да ги видам тие очиња мили. Уште два дена сонце има да те изнагушкам ТЕ САКАААААМММММ !!!!!!!!
Понекогаш сум лоша личност зборувам работи кои што не би сакала да ти ги кажам извини ако сум те повредила но и тоа е љубов . Се надевам дека можеш да ме сфатиш да ми дадеш време и да биде се како што треба ко порано . Да сменета сум ... што е со мене ? Не знам но сигурно не е ништо страшно што може да те одалечи од мене Ти си мојата љубов и секогаш ќе останеш дел од мене дури и ако раскинеме Те сакам највеќе срце ... <3
Што да ти кажам... Се враќам на старата јас, на онаа што не ја сакаше толку... Го мразам тоа, ужасно, не сакам да биде така, ама не можам..Не знам веќе ни што со себе, плачам само додека не си тука, не можам да дишам, Господе...
Му даде совршен крај на овој не толку совршен ден. И прекрасно е кога си заспивам со твојот мирис на мене.
Те чекааааааааааам... Далечината не ни може ништо ... ,, ti amo tantooo'' ... ми фалиш малечко мое =///
Не знам од каде ми доаѓа сиот тој инат кога сум со тебе. Останувам лута за нешто од претходно, па денес 3 саати ти требаа да ме молиш да дојдам да ме гушнеш... Ризикувам премногу, тоа ми е јасно.. Единствено сакам да ни е убаво, а деновиве не можам да се пофалам со атмосферата во воздухот кога сме заедно. Додека седиме на посебни кревети, како најголеми непријатели префрлајќи си кој е во право, ужасно е. Истиот момент кога ќе се зближиме, кога ќе ме гушнеш, таква топлина ме обзема, а и ти не си рамнодушен, како да се тресеш додека ме гушкаш и бакнуваш. И двајцата сакаме ова да трае, посебно ми нагласуваш деновиве. Е па, редно е да престанеме со ова детско препукување и инаетење, и целосно да се препуштиме еден на друг...
Искрено, не знам што е тоа што упорно ме убедува секој нареден пат да ти кренам слушалка и да договорам нова средба. Не знам. Сигурно не е твојот детинест карактер, твојата неразбраност, твоето терање инает, твоите мачо-женататребадамубидепотчинетанамажот сфаќања... Но можеби се твоите плави очи, твоите 180 сантиметри, твоите извајани раце, меките усни, умешноста што ја кријат, твојата мажественост и сила.... Којзнае? Ама ете, нема зошто, нема причина, ниту шанса да те истуркам од мисливе бар минута. И знаеш, би било убаво за промена некогаш езерово да го видиме. Спојлер Види го што е убаво!
Двеее минути само! Ништо нема да ти сменеа, а бевме на 10 метри оддалеченост. Само еден цмок бе беше доволен Барем до утре ќе ме држеше. Ама знам дека не е убаво ова, зошо за една недела секој ќе си тргне по својот пат и не ми се верува дека ќе продолжиме со нешто. Не за друго, јас во прва прилика ќе потпаднам на искушението. Можда ти не ( ама и ти не си светец знам ), ама јас сигурно. Доволно е комплицирано и вака, па ај да уживаме во овие неколку дена што ги имаме. Едвај чекам утре да те видам
Tврдоглав ЈАРЕЦ си ти!!Не знам што се случува со нас овие денови постојано само се караме ,несакам така неможам да поднесам да бидам скарана со тебе, едноставно јас не сум комплетна без тебе.Не знам како некој ѓавол да влегол во нас и се на лошо не тера.Знам дека ние можеме да поминеме и низ ова, само бори се заедно со мене.И кога е најтешко да не се откажеме од нашата љубов.Бидејќи таа се уште постои!