Don't you be spending all your money, on syrup and honey, because I'm sweet enough. http://www.youtube.com/watch?v=LnDC6Mt5 ... r_embedded
Би му кажала дека ми смета кога е нервозен и не е океј. Добро, разбирам, сите имаме лоши денови...ама тој неможе и мојот ден да го уништува. Јас ти давам поддршка и те бодрам, а ти уште на мене се истураш. Е неможе така! Еве сега звонам и му кажувам!
Зошто се исплаши од моите зборови денес? Ти видов и во очите и начинот на кој ми се обраќаше после тоа. Не го мислев тоа што го реков но редно беше и јас да покажам заби. Затоа после си поминавме пре пре убаво, и не можеше да се одделиш од мене. Те обожавам
Фала ти за прекрасниот ден вчера,ништо не ми беше мачно поради тебе би одела и до крајот на светот само за една твоја прегратка и бакнеж.Колку само беше романтично додека шетавме фатени за рака покрај кејот на Вардар, уживавме и си ги пеевме еден на друг песните кои што значат и за двајцата многу.Во еден момент ме обзеде силна енергија и ни се насолзија очите и на двајцата.Тогас во тој момент чувствував дека сме само ние двајца сами и ништо и никој не постои околу нас.моите очи се само за тебе и како што вели во песната Ах,каде е мојто либе-Блазе мене што те љубам мое верно либе ,носам бесценет камен и ти сум верна се до гроба.Мило мое либенце ти си ми се и Те Сакам Најбескрајно
Сакам да спијам до тебе, со дебели пижамчиња под уште подебел јорган! И да те гушкам силно. И така секоја вечер. Сакам да продолжиме со правењето спомени,како што беше до сега. Сакам да те гушнам во моментов, сакам да ти го видам тоа смотаното мило фациче што го правиш кога ќе згрешиш нешто. Едноставно, ми фалиш, овде до мене, секоја секунда. http://www.youtube.com/watch?v=nHQaUTSFPNA
Сегде околу нас љубов ефтина со рака моја просјачка и мантил искинат но мојата ќе трае се дури сум жива твојте име да е мој последен здив Ако не те сакам зошто ми е мака кога ноќ ќе падне и ќе ми помине без тебе ако не ми требаш тогаш што ми прави кога ќе ме гушнеш светла топлина во гради Ако не те сакам зошто боли вака секој божји ден што ќе ми помине без тебе ако не ми требаш зошто суша ти ми оставаш во душа кога и да заминеш .................?
Ахх колку работи сакам да ти кажам само... Неможам многу работи да сватам поврзани со тебе, неможам никако да те дешифрирам како човек си, иако те знам 3-4 години. Пред неколку дена, сватив некои работи кои требаше да ги сватам одамна ( ги знаев, ама се правев дека не ги знам, и секогаш кога ке ми се јавеше што и да кажеше јас поверував иако не требаше ). Многу работи си правел за мене и го ценам тоа, но сепак во целина недостигаше нешто ( не е како што беше порано, се сменија некои работи едноставно без причина и незнам зошто е така како што е ) . Цело време седев до телефонот очекувајки те да ми се јавиш, само да те слушнам, макар и на кратко, ми се разубавуваше денот. Секоја средба со тебе едноставно лебдев, неможам да ти опишам како сум се чувствувала. Знаеше понекогаш да ме изненадеш пријатно се разбира, и многу го сакав тоа. Но многу работи се смениа и веке ништо не е како што беше. Ти кажав многу работи во кои беше и дека мене ми е тешко да ставам крај но кога ставам веке назад нема колку и да ми е тешко, морам да продолжам понатаму, да те заборавам иако несакам. Кога и да те видам, треперам, ме гледаш, толку блиску а толку далеку. Неможам повеке вака, само се повредувам себеси, се знаеше одамна ова дека мора да заврши, само прашање беше на време. Мислам дека доколку не те гледам, се чувствувам подобро, а штом те видам , ми се вратат чувствата и повторно мислам на тебе. Се надевам ке помине побрзо овој период и јас и ти ке останеме само спомени, а тие спомени се полни со љубов, страст, почитување, разбирање. Но сега сето тоа е минато за жал.
Уште не ми се верува дека е крај. Уште не ми се верува дека се што поминавме цела година сега останува само спомен. Уште не ми се верува дека тој со кој што правевме планови за нашата куќа и деца веќе не е со мене. Сега се е само спомен а ти и јас сме дел од него. Ајде сега слободно прави што сакаш со тие што ти мислат добро и што се подобри од мене а коа ќе ти требам , коа ќе останеш сам ќе видиш како ми е мене сеа али сам си кажа со мене нема иднина па немој после да ја бараш иднината!!!
знам дека премногу барам и дека си кај другарти и ја поправате клата по твоја вина ни те молам дојди вечерва бидејќи толку ми недостигаш и сакам утре кога ќе се разбудам да те видам тебе покрај мене