Кажи да, да, кажи ја, ја, ја, дали ти ме сакаш како тебе ја? Кажи ја, ја, ја, кажи да, да, да, во главата ти дува про-ма-ја...
Порано сонував за живот некаде далеку, покрај море. Одблесоците на сонцето во водата, ситните камчиња, мирното море, ми дозволуваа да патувам со мислите, но секогаш беа мисли кои ми носеа спокојство и мир. Сега сонувам за живот покрај тебе. Мирот е заменет со немир, водата, плажите, сонцето немаат никакво дејство врз мене. И кога после 22 години, се менува она што мене отсекогаш ме правело среќна, сфаќам дека сум бесконечно заљубена во тебе. Отсекогаш ти си бил силниот. И совршено умерен. Кога сме наидувале на пречки, ти си ставал широка насмевка на лицето, убедувајќи ме дека се` ќе помине, ќе издржиме. Јас можам да плачам, ама ти си останувал позитивен. Ама после се`, ќе дојде и момент на слабост. Па ќе ми кажеш колку ти фалам, не можеш да издржиш без мене и нареден пат нема да ме пуштиш сама. Ете баш тоа ти го сакам. Знаеш кога да си силен, а кога сакам да чујам дека и тебе не ти е сеедно. А да. И уживај. Не гледав други мажи иако велиш дека не ти е грижа. Иако кога и да сум дошла на плажа, безосетно сум зјапала насекаде околу мене, затоа што ете сум таква, веќе немав потреба. Нема ни што да видам, нити некој ќе ме привлече, нити сакам некој да се заинтересира за мене. Штом ме излечи од таа болест, твоја сум.
вечерта ти пишав дека ме боли грлото и за проблемите со стомакот-тоа ти беше тест дали и како ти ке реагираш-ракција немаше од твоја страна мореее, таквите како тебе, не се да ги мазиш, туку да ги ГАЗИШ се сега сум цврсто решена да немам милост кон тебе,нема да се нервирам, ке бидам одлучна, и во даден момент да ти кажам по порака тоа што треба да ти кажам па ако сакаш и убиј се
Ке те оставам денес,и утре...да ти дадам простор да ти недостигам и јас...а и не сакам да те напнувам овие моменти...сакам да се средиш па да ме побараш,до тогаш ке те чекам,најсакан мој
Крај. Точка. Икс. Те пречкртав засекогаш од мојот живот. Добро кај ти е културата човече? Мораш ли да бидеш таков идиот? Искрено се надевав дека не си таков каков што те опишуваа, дека си ок, дека можеби поради некои околности некогаш така реагираш.. Ама ова последново
Искрено, не знам дали да плачам или да се смеам.Од една страна, жал ми е, а од друга, мило ми е.Што да ти кажам?Тоа е, што е, јас сум таква, каква што сум и ти конечно доби шанса да ја видиш вистинската јас
Ме нервираш што пиеш по 3-4 кафиња во ден, а не смееш. Ме нервираш што понекогаш си мамино синче и често немаш свој став. Ме нервираш и за тоа што многу лесно можат другите да влијаат на тебе, ама те обожавам за тоа што не се замарш за ништо освен за твоите проблеми. Среќен си за мене што полека успевам и си опасна мажетина кога ќе те видам во одело.
Знам дека имавме премногу кавги овој период , а оваа последната изгледа дојде како шлаг на тортата.Ние ова не би го ни сметале за кавга да беше во некој друг период , ама изгледа сега се ни се собра.Тешко ни е на двајцата заради ова , ама еве ти не сакаш да попуштиш.Тешко ми е без тебе верувам и на тебе исто.Навикнати на секој пола час да се слушаме ова дистанца премногу тешко ми паѓа.
Искрено, вчера посакував да те гушнам. Да можеше твојата маица да ги впие солзите што ги држев во себе. Да можеа твоите зборови да го тргнат стравот од мене. Да можеше цела тежина да се испушти при таа една прегратка... Но не. Реално е дека стоиме на две различни страни од улицата. Никој не сака да премине на другата страна, нема ниту знак ниту пешачки премин... стоиме и се гледаме, чат пат се насмевнуваме, или си подаваме раце, кои бледнеат ... секој пат се повеќе. За промена, не беше лошо да видам дека можам да стојам сама во најтешкото... да видам дека можам да успеам тогаш кога сум најслаба а ти си ми најпотребен. Си докажав, воопшто не ти ни кажав што се случуваше иако сакав да се стрчам кај тебе, да побарам утеха во тебе, во твоите раце... Викаат времето лечи се, епа не, ама ете ако ништо друго барем ме направило посилна. Многу посилна од порано. Барем пред другите. Таа во моите очи не виде ниту една солза. Но перницата над нејзината соба знае ... знае што носеше мојата душа. А ти, ти одбра вака ... Се ближи денот на нашата одлука, на судбината што ќе ја одредиме за нас, и тоа ме плаши. Уште повеќе ме плаши што после се, сега јас не знам што е најдобро, што да одлучам и решам и како да постапам. Знам дека сакам да ти дадам повторно шанса, знам дека вина носиме и двајцата, но тука е стравот, стравот дека повторно ќе се изгорам. Овој пат нема да ти ги слушам зборовите, ќе ти ги гледам делата. Затоа што јас не сум дозволила мое ветување да не исполнам, додека твоите ветувања во врска со нас скоро секогаш пропаѓаат во вода. Знам дека си сигурен во нас, и мислиш дека врската ќе претрпи се, и ќе поминеме се. Но не, љубовта не е секогаш доволна... колку побрзо се освестиш за истото, толку подобро ќе биде за нас. Впрочем ако сеуште го има тоа нас...
само да знаеш што читам за таквите ко тебе во книгата Паметни жени Погрешни избори дека се нели од видливата страна витез т.е. спасител а од другата страна ТИРАНИН и нели треба да се внимава на нив-едвај чекам да го покажеш злато мое таквото лице, па и јас да ти го покажам моето второ лице, па да се увериш дека мене НИКОЈ не ме ограничува, ниту забранува , ова е 21 век, и е НЕЗАВИСНА држава, а јас како таква не мислам да ти се правдам ниту покорам тебе и што така одеднаш ти текна да ми пишеш да се видиме, ти недостигав можеби знам дека како на машко ти е тешко, и годините си го прават своето, ама ПРИОРИТЕТ во мојот живот е моето здравје, и не ти помага тоа сакам да се видиме а минатата вечер сум ти пишала дека не ми е баш нај нај туку кога ке ми биде подобро ке ти пишам за да се договориме да се видиме п.с. книгава што ја читам ме размрда и ме натера да размислувам, и од сега верувај-нема лабаво со тебе
Те сакам затоа што секогаш ми мирисаш на класична колонска вода, мастики за џвакање и прегорена цигара. Те сакам затоа што знаеш да не налутиш и расплачеш, но и за исто толку време да ме насмееш. Те сакам затоа што наводно не сме еден за друг. Те сакам од инат. Те сакам и тогаш кога мислам дека не те сакам. Те сакам дури и тогаш кога велам крај, дури и тогаш кога велам збогум.