Опкружена со толку млади брачни парови, почнав да те замислувам и тебе како татко. Се врткаш околу едно мало девојченце, со меко, виткано косиче и зелени очи како твоите. Му зборуваш мило, си играш со него, го задеваш, го галиш по косата. Внимателен и грижлив татко, ете таков те замислив. Иако поимот брак, врзаноста за еден човек, најмалку биле својствени за мене, а децата никогаш не ми поттикнувале некое посебно чувство, самата помисла на сето тоа со тебе...не ми е ни малку далечна. Се` што посакував беше заедно да се шлапкаме, да гледаме медузи, да те гнурнам под вода, да јадеме пица покрај море, на сино-бел уреден простор, осветлен со фенерчиња кои испуштаат слаба светлина. И така осветлен твојот лик да ми биде најубавото нешто за гледање. Полните усни, слаткото напрчено носе... Ама ако. Резултатот беше повреден. Не можев да те замарам секој ден и веројатно ти фалев исто колку ти мене. Жално е што само не можеше да ме изгушкаш ко што ми вети. И сега кога кога гледам дека не можеш да издржиш ни една недела на оддалеченост, веќе нема да се посомневам дека ти треба друга. Погледот, допирите, усните кажуваат се`. А знаеш ради што те сакам најмногу? Кога колку и да е безнадежно, ќе кажеш "Ќе помине, ќе биде во ред." Ме менуваш, ме радуваш, ме учиш да чувствувам, да бидам будна, а највеќе од се` ме научи да љубам. Кога му давав предност на разумот, ми велеше - "Немој. Така нема да научиш да сакаш вистински. Нема да се опуштиш и нема да го доживееш сето она ако се предадеш целосно." Љубев половично, знаејќи дека ако ме повредиш, полесно ќе го надминам. Ама за оваа среќа што ја имам сега, за денот што го почнувам и завршувам со тебе во мојот ум, за сите надежи, за радоста со која го чекам идното, вреди и да ме повредиш, и да страдам. Зашто оваа исполнетост ја надминува таа болка. И би жртвувала се`.
Незнам да го протолкувам твоето понашање, нај сериозно, ако има некако проблем кажи ми, ако сакаш да престанеш да комунираме и тоа кажи ми го, подобро ќе биде да му кажиш отколку да се надевам дека ќе се смириме. Сакам да знам што мислиш, што чувствуваш, ама ти си го сокрил тоа толку добро Ми фалиш. Имам толку нешта да ти кажам ама сега ќе молчам затоа што имаш други обврски и мораш таму да се концентрираш. Чекам да помине неделава а потоа сакале нејќеле ќе разговараме сериозно
Фала на разбирањето Требаше само малку да се потрудиш, и се ќе беше во ред. Ама тоа со тебе не е возможно! Е навистина не можем да те разберам
Што бидна? Каков ли пресврт беше ова? За само 5 минути? Крај ли е? Што е? Викав, многу викав, а ти ме слушаше. Знам дека сум во право. Секој збор полека ми губи значење. Почнав да се преиспитувам: како, кога, зошто. А сила немам, концентрација па воопшто, мислите одлучиле да летаат. Празна глава, црвени образи и врел телефон до мене. И немам храброст да прашам- Што бидна?
И знаеш што друго? Некои реченици што ги изговараш за тебе се безначајни. Ама кога ќе чујам - "Се трудев да мислам на нешто убаво да ми помине болката и си реков ќе мислам на тебе" ... ми ја топлиш душата.
конечно пилето пропеа-божем јас незнаев која ти е тебе целта, ама јас не се давам така лесно и не си заборавил дека кога се видовме последниот пат, јас бев ладна имаш супер меморија а од кога ти си мое мече како јас за ова незнам еве ти уште еден тест-ако навистина ти значам, ке чекаш, ако не со срека љубави понекогаш и мене не ми е јасно што до толку се замарам со ова,за такви како тебе треба притисни го до зид, земи се што можеш и продолжи си со својот живот -има да те памти за сва времена ама јас не сум таква
Совршенство... тоа е секој миг поминат покрај тебе во изминативе 6 години. Јас сум најсреќна покрај тебе. Ти благодарам злато мое!
дури сега свакам дека јас и ти се разбираме за знаеш што-незнаев дека еден овен може да има толку валкани мисли ама стрпи се, оди чекор по чекор и запомни-не дирај лава док спава
. . . ќе пукне некој ден нашето. A кога ќе пукне, ќе биде затоа што нема да можам веќе да го издржам твоето лудило, нервоза и повишен тон. Hема никогаш да се навикнам, не ни сакам. Tи се колнам дека ќе те оставам и ќе заборавам се меѓу нас, ако не го промениш тоа единствено нешто кај тебе што ми смета. Tи можеш да ме скротиш, ама ултиматуми нема да ми ставаш никогаш. Aко ти го кажувам ова, е само за да бидеш подобар човек. 3ошто ти е толку тешко? Mислиш дека е во ред тоа што го правиш? Mислиш дека докажуваш некоја поента? Eјјјј, не си сам во врска, не `одиш` сам со себе, не биди толку егоистично копиле аман веќе! Oсвести се, ќе биде касно. Oва ти го кажувам многу пати. Aма некогаш нема да ти го кажам, ќе заминам без збор.
Во сабота пак ќесе видиме и ќе бидиме заедно,јееееееееееееј ЌЕ шеткаме заедно држејќи се рака,ќе те брлаам шетајќи те низ продавници и низ широк сокак.Колку само си сладок кога на секое мое прашање дали ми стои некое парче облека секогаш ми кажуваш дека се ми стои убаво Сонце мое до душа во последно се подобруваш во модните критики кон мене,но треба да поработиме уште малку на тоа Ќе се смееме до бесвест кога ќе пробаме да играме валцер иако сме и двата со леви нозе за да се покажеме во убаво светло на свадбата на другар ти Можеби ќе биде операцијата успешна,а пациентот мртов,а можеби и ќе успееме шо велиш мило а :geek: Во секој случај овај ќе биде мноогуууу интересен викенд,одвај чекам да дојде
Те праќам некаде во заборавот. Како веќе прочитана книга те ставам доле во ковчегот со спомени, да те чувам за оние времиња кога ќе остарам и ќе посакам да го отворам и можеби споделам со некого. Но, при секое отварање ти испливуваш некаде горе на површината. Не знам каква бура го фаќа ковчегот, но секогаш си некаде горе, да ме потсетиш дека има уште за пишување и дека не си само една испишана или прочитана книга. Упорно те спуштам се подоле и подоле. Почнувам нови книги, но после неколку страни остануваат така недопишани. А и како би ги допишала нив кога секогаш се појавуваш ти? Сега сум упорна, силна, ќе останеш таму доле, а ќе почнам нова. До сега барав листовите да се коцки, време е да сменам на линии. Можеби пишувањето ќе биде полесно. Но, не те заборавам. Ветувам често ќе се враќам назад на испишаните страници, но оние празните ќе ги скинам за да немам желба да продолжам или пак ако имам да имам оправдание зошто не можам да продолжам.
Знам, знам дека ти не си за мене.Ама што е тоа поради што не можам да те извадам од мисли? Широките рамења? Мажественоста? Погледот? Не, не е на арно ова...и одвај собрав сили да го признаам ова, ама покрај никој не сум се чуствувала толку женствено.
Два различни света Ама што да правам кога не можам без тебе? Знам дека не ме разбираш... Себичен си, само на себе си мислиш...