Знам дека ти бев најубавиот поклон што го доби вчера за роденден Него чим ја бендиса тортата и мајка ти, татко ти и сите други што ја пробаа готово јас печена снаа сум
Наместо да бидам пресрекна што те имам во мојот живот јас се однесувам незрело.Ти ме ислуша,ти ми даде совет и ми рече не грижи се...се ке биде во ред. Те сакам,и фала ти што ги трпиш моите детски испади...единствен си <3 Да беше друг до сега,ке ме оставеше но ти имаш трпение и љубов која знаеш да ја пружиш. Што би правела без тебе?
не ми се верува-повторно не се појави на договореното место ама го исполнив планиранто-ти поставив ултиматум 3 дена мисли -започнува од утре дали сакаш да бидеш со мене или не, овие твои топло-ладно игри се досадни, и јас не висам само за тебе на закачалка и веке не сме деца и никако да ми стане јасно зошто бегаш од мене бе, страшило ли сум јас Господ нека биде со мене овие 3 дена ке полудам скроз на скроз,и се надевам дека ке пропее петелот да ми ја соопшти одлуката-дали сака да биде со мене или не-пофер и почовечки од ова-здравје
Не знам дали ти некогаш си се чувствувал вака. Не знам дали ти некогаш си се чувствувал осамен. Јас секогаш се трудев да ти дадам се што можам, да знаеш дека сум тука и кога не сум, да знаеш дека те сакам.. Секогаш се трудев и уште се трудам да не се почувствуваш напуштен, осамен.. И да, тоа е најголемата моја грешка. Треба и јас да исчезнам на еден ден, па може и два, па да видам што ќе направиш тогаш. Но не, јас не сум таква. Јас на тоа што ти ми го правиш враќам со љубов. На твоите грди зборови, ти враќам со насмевка. На твоите одбивања, ти враќам со прегратка. Зошто ми кажа дека не можеш да го замислиш животот без мене? Зошто, кога можеш? Јас сум ти само навика од која е тешко да се одвикнеш. Кога би сакал, за еден ден би се одвикнал. Но јас и за тоа сум виновна. Јас дозволив да ти станам навика. Јас бев премногу добра, јас бев секогаш тука, јас станав здодевна. Јас.. И не, нема да ме чуди ако те видам во туѓа прегратка. Ќе те сватам. Јас дозволив нашата љубов да стане тоа што е сега. Јас ти бев достапна во секое време, можеше секогаш да ме имаш. Јас бев секогаш, ама баш секогаш овде кога и да ти бев потребна. И знаеш што е најлошото? Што уште сум таа истата. Уште би лежела во твојата прегратка и би молчела. Уште би се јавила на секој твој повик. Уште би кажала ` да, на секое твое прашање. Уште би ти кажала те сакам.. иако не го заслужуваш тоа.
Морам, ама морам да се откажам од тебе. По секоја цена морам да го направам тоа. Бидејќи ако продолжам да „живеам“ на овој начин ќе пропаднам. Додека ти очигледно си го живееш животот, јас што правам? Се затворам во себе, плачам, липам, се проколнувам, се каам... за што?! Со што го заслужуваш ова Марио? И да, еден ден те сакам, еден ден те мразам, еден ден плачам и те барам назад, еден ден те бркам од себе и решавам дека ќе се откажам но никогаш не го правам тоа. А зошто? Затоа што секогаш кога ќе се решам дека е готово, дека е крај, дека нема никогаш да не има нас, а и да не има нема да успее - е тогаш, ти се решаваш дека сакаш да бидеме на некој начин блиски, макар и само да правиме муабет. А мене тоа ми е доволно за да останам и повторно да се вратам еден чекор назад. Ама не можам вака повеќе. Ме боли. Ме болат твоите постапки, ме болат моите постапки. А и сфаќам дека веќе никогаш не може ништо да е онака како што беше. Сето тоа е во минатото, а во сегашноста ние сме сосема различни личности, чудно. Повеќе како и да не те препознавам. А можеби ни ти мене. Не знам. Ќе се обидам да се откажам. Да се откажам од тоа постојано да посакувам да ми пишеш или пак да те сретнам во загушливово Скопје кое не е исто без тебе, од тоа да те барам во секое машко бидејќи нема да те најдам. Ќе се обидам да се откажам од тоа постојано да се обидувам да дознавам работи за тебе и од тоа постојано да зборам за тебе. Да се откажам од твоите работи, сите работи кои ме потсетуваат на тебе. Морам колку и да е тешко. Морам да ги игнорирам местата на кои што сме биле, да ги игнорирам твоите лајкови и коментари на фејсбук, да игнорирам сè што е поврзано со тебе. Но не можам да се откажам и да го игнорирам тоа што го чувствувам спрема тебе. Можеби со текот на времето ќе заборавам на тие чувства. Но се плашам дека баш тогаш, повторно од никаде ќе се појавиш, дека повторно ќе го добијам твоето внимание, дека повторно ќе ми кажеш два-три убави збора, да ми пратиш линк од некоја песна за која ќе мислам дека е посветена... а знаеш дека тоа ме убива, тоа ми е доволно. Како дрога си ми, а тоа што го набројав ми е доволната доза за да си го прегазам зборот. Морам да почнам да живеам нов живот. Сè поради тебе Марио.
Не се секирај, срцко, период ти е, како и претходно.....ќе ти помине Тука сум да ти олеснам некако, ако можам. А знам дека можам Ќе поминеме заедно низ ова, како и претходно. Сме навикнале, знаеме како. Само ти опушти се, не се замарај со тие негативни мисли, и ќе помине многу порано отколку што очекуваш. Освен тоа, имаме планови кои ќе ни ја олеснат работата п.с. И немој другпат вакви стрес-тестови да ми правиш Ќе паднам на некој нареден
Ти благодарам за убавата вечер! Ми беше прекрасно во твојата прегратка. Болката и не ми беше така голема кога ти си покрај мене. Може бев намуртена и нерасположена, ама само така изгледав оти се ме болеше. Убаво ми беше. Те сакам
Не ми е тешко. Нема да плачам ниту да те проколнувам. Те сфаќам, и јас го делев твоето мислење до пред една недела. Ама во рок од една недела ти толку успеа да ми се пикнеш под кожа што сега започнувам самата да си се проколнувам. Зошо и двајцата започнавме нешто за кое унапред знаевме дека е осудено на крај? Why bother? Ако беше само за забава нема да изгледаше толку вистинско кога сме заедно. Ако беше само за забава ни ти немаше да се грижиш за мене толку, ни јас за тебе. Зошо со недели се бркавме, кога знаевме дека за 10 дена треба да си речеме збогум? Лута ти сум. Лута што не ни проба да ни дадеш шанса. Тоа најмногу боли. Жими се веќе ми се одмили кога ми рече така. Едвај чекав да се разделиме, ми стана одбивен. Ме пресече. Море не ме пресече, в корен ме сроза. Очекував колку толку дипломатски одговор, а не само едно посрано ''Не ме мисли.'' Ко нишо ни да не било, онака не ме мисли. И не, велењето дека сум слободна да најдам некој кој ќе е исто толку добар колку мене не ја ублажи ситуацијата. Who says stuff like that? Не ми си татко да ми даваш благослов. Јас знам дека и тебе и мене ни шета газето, ама јас бев спремна колку толку да се обидам. Очигледно ти не. И тука завршува нашата приказна. Беше што беше, ни на крај памет не ми паѓа повремено гледање кога ќе се погодиме на исто место во исто време. You either have it all or loose it all.
Незнаеш колку ми е убаво без тебе, и воопшто не те мислам. Уствари ИЧ не те мислам Spoiler Ова е последен пост на темава за тебе .!.
ти кажав дека ми пишала жената-експерт за фенг шуи, ми остави и нејзин број кој ти го пишав што ке се случува понатаму ке биде тест проба за тебе а дали твојот дом ке биде уреден според оваа кинеска вештина, тоа ти си знаеш од мене за сега толку-времето нека си покаже п.с. ти незнаеш дека центарот за медитација се сели во твојата населба па може ке се сретнеме којзнае , ако не се одлучиш да бидеш дел од нас
1 ПРАШАЊЕ: На што ти личам јас бе па ти да си играш со мене? а? и да знеш бирав помеѓу тебе и него (и 2-та сте ) ок ај те избрав тебе али да знеш дека сум згрешила што воопшто на ум ми дошло такво прашање. Тешко некогаш дека пак ќе те погледнам и да те погледнам нема да ми значиш ништо Од сега знам кој ме цени
Ах, да си бевме сега на планина... Да го слушавме дождот додека ти лежам во прегратка. Да ме опива свежиот воздух и да немам желба да ја напуштам постелата. Топла...
Ахх да бевме сега заедно. Под чадор и да се шетавме, онака среќни заедно. Ехх та пуста далечина, не убива едноставно. Ми недостигашш П.с Мило ми е се шо е добро, среќна сум за тебе.
Cега секогаш кога ќе врне дожд, ќе имам слика на нас. Tи ме гушкаш од позади, а јас се виткам од громогласните татнежи, кога цела планина ечеше над нас од силните грмежи, а ние во мрак слушавме како паѓаат капките, и така заспавме. Tогаш немав страв ни од мрак, ни од грмежи, те имав до мене.
не свакам што те чуди што не ти вракам на титкањата СУМ ТИ ЛУТА и овој пат нема да се одлутам така лесно , јас тебе не сум ти на закачалка ти дадов 3 дена, и не отстапувам од тоа, одам до крај само црвсто со тебе-нема лабаво и да ти кажам искрено дека ми е криво што бев толку добра со тебе, машко не заслужува фина девојка покрај себе туку една КУЧКА која прво се цени себе, а после другите