Ај биди што подалеку од мене вечер, те молам!Не знам дали ќе можам да поднесам да те видам уште еднаш, а да не ти акнам шамар
сега свакам некои работи-ти господине се плашиш од мене, не затоа сум страшна, оти не сакаш да се врзеш нели Овните бегаат од ропство а што ми кажуваше една жена за Овните дека се многу фини, само треба ептен нерви да имаш оти се премногу тврдоглави, ама не се секирај трпение-спасение, и нема потреба да паничам, или да се потресувам
Како тоа денес сакаш да се видиме баш кога јас ќе излезам и јас вчера сакав да бидеме заедно па ти си излезе со другарите... и го мразам тоа што не излегуваме заедно и што сме толку далечни... продолжи вака
Уф, сакам што повторно сме ние старите, заљубени, дури и изгубени. Денес навистина накиснавме на дождецов. И се љубевме, сами, на станица. Без никој околу нас, цел свет за нас, и еден син чадор. Да ми одговара на чантата викаш?
Си го отворив фолдерчето кај што имам зачувано разговори од мсн со подраги личности, и одма почнав да го читам нашиот. Не е многу, нецели 3 месеци ама нема што нема внатре. Низ многу насмевки, смеа, солзи и нервози прочитав сè .. па де се топлев, де душава ми замрзнуваше. Од изливите на љубов и споделување на најважните/најнервозните моменти, па сè до долго тешење и засмејување, за да престанам да плачам. Требало да си женско, љубов, така викале. И ти во розево ќебенце како мене, иако би мислел дека сум ти го украла. Те прашав кого би љубела јас сега ако ти беше женско .. а ти како од пушка: Без навреда, ама можда ќе бевме лезбејки! Чудно нешто кажа, ама ми ја стопли душава. Сега повеќе него тогаш, зашто памтам дека останав подзината. Си се потсеќам и се трудам да се држам. Боли кога гледаш дека во еден момент се распаѓа сè, многу боли. И кога некое „другарство“ е поважно од самата врска. Сметај ме тврдоглава, ама јас сеуште мислам дека имав право. Ама .. мило ми е што го имаме ова сега. Спомените, кои иако некогаш многу болат, ми се премногу мили. Да имам на што да се сеќавам, да има што кое кога ќе го видам ќе ми исцрта насмевка на лицево, зашто е поврзано со тебе. Мила ми е и сегашноста, а и мене и тебе во неа. Она мало чудо - налик пријателство, што го имаме. Кога се немаме видено повеќе време, па ти ќе фатиш да ме гушкаш тука пред сите. Онака силно, како што знаеш само ти. На момент ќе пуштиш, но после уште една следува, за крај. Многу кратки ама искрени, затоа ги сакам. И кога ми се смееш, па дури и ме плашиш. Мило ми е што ти значам. И знам дека звучи глупо, ама многу ми е мило што не било, а ниту пак ти е сега сеедно. Важно ми е тоа, зашто знам дека нашето отскокнуваше од сè што порано си имал со други. И така ете.. скоро секогаш ми е мило ова што меѓу нас било и што е. Има моменти кога ми фалиш многу, ама ретки се, навистина. И ти се радувам кога ќе те видам, зашто знам дека ако одлучевме спротивно, ќе ги вртевме главите на секое гледање и ќе чутевме кога ќе бевме приморани да сме заедно. И немаше да издржиме, знаеме и двајцата. Ти благодарам за спомените, љубов .. ти благодарам за сè, дури и за тоа што не треба. За мене и за нас. Биди добар жабецу ..
те интересира дали ме боли?нееееееее душо.веќе одамна сум отпорна на болка,веќе ништо не ме повредува.би сакала да ти кажам збогум и те мразам.да ти се врати се што ми направи.
После секоја наша кавга јас уствари сфакам колку ми значиш , колку те сакам и колку ми требаш. Толку ми се пикна во кожа што без тебе јас не сум јас. Искрено некогаш се плашам и се прашувам што ако некогаш раскинеме? -Што ке правам јас без тебе и како ке продолжам. Тешко ми е кога мислам на тоа а сега уште повеќе мислам кога се караме нон стоп. Па добро што се случи со нас? -Ова не сме ние, ова не личи на нас. Како некој ѓавол да влегол во нас и има цел да не раздели. Оди си ѓаволуу во нас сеуште има љубов!!
Да ти се плукнам у тоа "другарите" што ги имаш, без грам осет и што ти се јавуваат еднаш неделно, само кога им треба превоз. Стварно не знам од каде да почнам и каде да завршам. Разбирам услуга еднаш-два пати, ама СЕКОЈ ВИКЕНД? Стварно ги премина сите е*ани граници. Зарем биваше до толку ли да си наивен? Зарем биваше да ме натераш да го направам тоа што најмногу го мразам, а тоа е да ти речам да бираш. Или јас, или тој. Поточно, или тензија меѓу мене и тебе или меѓу тебе и него. Ти личен шофер ли си им на него и девојка му? Еднаш те праша ли дали можеш? Те прашал ли некогаш дали имаш време/пари/бензин? Те прашал ли некогаш како јас се чувствувам во врска со тоа? Направил ли он нешто за тебе? ТИ РЕКОЛ ЛИ ЕДНАШ ФАЛА???? Ако одговорот е Да, на било кое од овие прашања, тогаш извини, се лутам без потреба. И знаеш, тоа што признаваш дека сум во право,тоа што си свесен дека премногу попушташ и не знаеш да речеш не, тоа што ти е потешко отколку мене и се испраќаме со солзи во очите, затоа што повторно ние се караме за некој трет, не те прави попаметен. Делувај, па тогаш ќе правиме муабет. Тоа твоето ЗНАМ ДЕКА СИ ВО ПРАВО, мене ништо не ми менува. Научи се да речеш не, научи се да одбиеш, затоа што ова ги помина сите граници на безосетност.
Некако ко љубоморен да беше вечерва. Обично не ми се јавуваш толку многу. Дури и неможам да те натерам да ми се јавиш, а сега слушна дека сум во ново друштво и оп, ѕвониш ) ако мило ми е
Колку што нејќев сега сакам.. Да ми се јавиш и да ми кажеш тука сумм кај тебе ај искочи... Сакам да те видам!
Колку ли само беше ладен кога се збогувавме.Требаше дури да ти речам јас за да ме загушиш со сила.Разбирам си лут и сето тоа,но можеш да го тргниш тоа настрана и да се збогувавме како што треба.
Не сум ни самата свесна, како брзо помина времево.Броев месеци,недели,денови а сега бројам часови.Уште само 1-2 часа и повторно кај тебе во прегратка
Отсекогаш барав некој како што си ти. И, кога сите ми кажуваа дека сум луда и дека таков никогаш нема да најдам. Ми се смееа зад грб, а јас чекав. Верував. И, дочекав да ми се оствари тој сон. Те запознав тебе. Посебна и прекрасна личност... САМО МОЈ! Сите оние кои ми се смееја зад грб и ме убедуваа дека таков како тебе не постои, сега дочекаа јас да им се смеам на нив. Но, тие не се важни. Важни сме само ти и јас. Важно е дека те најдов во овој непрегледен свет, полн со лаги, завист и злоба, а само ти си она доброто во него. И, се појави во последен миг, кога веќе почнав да верувам дека не постои љубов и се прашував себеси дали воопшто вреди да чекам. Но, најдов сила да верувам, да продолжам и понатаму да чекам. И, сега кога конечно те пронајдов сфатив дека не сум чекала само некој како што си ти. ТЕ ЧЕКАВ БАШ ТЕБЕ!
Ми го разубави животот. Не би бил убав ако не беше ти во него. И како што минува времето станува се' поубав и поубав.