Конечно ставивме крај, онака ко спогодба да напишавме. Следно гледање по месец дена, со нови случки и споделување помеѓу нас како некои меѓу кое времето никогаш нема да направи дупка. Јас и ти сме нешто посебно, јас и ти сме нешто што мислам дека никој никогаш нема да го има. Ќе си се имаме засекогаш, но не така како до сега, туку со некој посебен однос кој никој никогаш нема да го разбере. Јас и ти сме некои кои преку погледот се разбираат, јас и ти сме некои кои и по првиот пишан збор знаеме како се чувствуваме. Јас и ти повеќе не сме ние.
Да не те сретнав тебе вчера вечерта немаше да ми биде толку прекрасна. Фала ти зашто ми ја разубави вечерта. И треба да знаеш дека многу ми се засвиѓа, многу. Со еден збор прекрасен си! ♥
ех, кога би знаел што ми прават од страна мене, кои стапици подобро што не знаеш ама јас не се давам па нека пукнат душманите многу ми значиш мече-исто ко перниче си :hug, и ова на фемина само ти го пишувам-извини ако те запоставив минатата недела, ке се обидам да се искупам оваа, секако ако ми дозволиш ти
Одвај чекам да те видам утре, ама не ти признавам затоа што кога се отварам јас многу чувствувам дека ти се одалечуваш... повеќе пали кога сум поладна за жал
Да сум птица,би летала за тебе.Да сум куче,би трчала за тебе.Да сум риба,би отишла и на копно за тебе.Но сепај јас сум човек и единствено можам да ТЕ САКААААААААААААААМ
Ми фалиш...Не направив ништо за што подоцна би се каела, Слободата која ја имам од тебе не ја искористив на лоши работи, се забавував со другарките и тоа ми беше доволно.Немораше ништо друго да направам за да си поминам убаво, посебно ми ја разбуави вечерта кога ми се јави...Те сакам многу
Рекле.. Кога во врската нема муабет- лошо е! што се не направив за да извлечам еден збор до тебе.. Ајде ке си играме топло ладно. Еден ден се е супер, насмевки,прегратки, очи насмеани.. Друг ден ќутиме, натажени сме, јас зборам се и сешто колку да се вмешаш и ти.. Па ајде бе ти ги кажував најубавите момчиња и девојчиња од мојата генерација. Се обидов со се и сешто.. не помага. Јас не знам што да направам.. незнам повеќе што сакаш од мене.. Зар повик може се да смени? - не, веќе не! Не сме деца.. Сфати злато, не сме!
Добро само се прашувам кога ќе ти биде доста? кога бре човек, кога кажи ми? Мањак невиден ! Мрш, Чао !
... Те обожавам значи. Не знам со кој друг збор, најголем збор, ќе можам да го опишам чувствово. Никогаш со никого не сум била олку блиска, отворена, опуштена, слободна и среќна. Најубаво е, нели? Не те пуштам да знаеш, мој си! love you.
Сам си и досадно ти е, шо викаш да дојдам два дена и да ти прам друштво? Не дека ми фалиш, и јас немам шо да прам...буцко, дај да се дефинираме бе. Или сме или не сме. Вака кога и да ти звонам или да ти пишам порака се осеќам како да те замарам, како да има некој поставен лимит и јас со секое јавување го надминувам. А би окапала цел ден на телефон за тебе Бакнежи најголеми, ми фалиш
Дојди стопли ме , како што би ме стоплил мојот омилен зимски шал . Свари ми чајче , брусница +зелен, пушти некој добро одбран филм , припи ме за себе си да те осејќам додека дишиш и немо шепни ми -се ќе биди во ред.