збогум.можеби еден ден повторно ќе се сретнеме но тогаш се ќе биде поинаку.ти ќе имаш некоја друга покрај тебе а веројато и јас ќе ја побарам мојата среќа кај друг човек.
требаше да зирнам на нет вчера ти дали си ми пишал-ми велеше мојата интуиција, ама ете тесен распоред, да завршам што повеке можам обврски по дома, и не успеав да видам дека си ми пишал да се видиме-видов дури вечерта пред да си легнам- знам дека ептен те запоставив, извини
Зошто морав да те сретнам бе? Зошто морав да те засакам толку? Ах, камо да си тука да те видам накратко само..сега колку ми е тешко.. Слушам песни што проклето ме потсетуваат на тебе... Ајде, ќе живеам за сабота и недела, со надеж дека ќе дојдеш..
Немам размислувано што би му кажала..сигурно би се случило спонтано..но еве нешто што ми лежи на душа и што би ми кажала да имав храброст... -Веќе подолго време мислам на тебе ми се допаѓаш,незнам што чуствуваш ти за мене но јас постојано мислам на тебе и неможам да те извадам од глава.Знам имаш девојка и се тоа и немамо некој намери само сакав да искажам тоа што чуствувам и несакам да се смени ништо помеѓу нашето пријателство освен ти ако чуствуваш истото спрема мене и одлучиш да расчистиш со девојката е тогаш би се смениле многу работи. Те сакам -Со многу емоции го пишував....се замислев како ова да се случува и пишував со солзи во очите.Многу ми се допадна оваа тема,затоа што некако се олеснв и тоа што го криев во себе што неможев да го искажам го искажав тука... Поздрав
Незнам како да ти нацртам за да сфатиш дека треба да промениш некои работи што ми сметаат инаку лошо ќе биде, ќе пукнам еден ден
Цели 6 месеци без тебе, дете .. 6 проклети месеци. 6 месеци од сè .. плачки, нервози, радости, меланхолии, пеперутки во стомак и љубов. Сеуште, голема љубов и нула омраза. Ни трошка. Сè што сакав, напишав во предходниот пост, ама еве и сега, благодарна сум ти за денов. Ќе го поминев во благо очајување да не беше ти и нашите муабети. Можеби другите околу нас ги мислеа глупи, а јас не сакав ни да се опуштам зашто сепак е малку незгодно пред нив. Ама нели, сепак нас не ни сметаше. Чудно е, ама секогаш во тебе постои таа топлина што инстантно ме расположува. Чувај ја, барем трошка скриј за мене, зашто во вакви денови, таа е токму она што ми треба ..
Те сакам поинаку од сите до сега. Те прифаќам онаков каков што си, ти попуштам (што никогаш не се случило со некој друг), знам да преминам преку мојот инает, да го потиснам, знам да ја подзаборавам гордоста кога си ти во прашање, секако во границите. Знам да ти ги правам ќефовите исто како и ти мене. Не ти контрирам и знам да премолчам некои работи. Те разбирам, те почитувам, те поддржувам, стојам покрај тебе во секоја ситуација. Не се плашам да ти кажам колку ми значиш, ти верувам, иако ти понекогаш не мислиш така. Не се каам за ништо до сега, се надевам дека работите меѓу нас ќе останат вакви какви што се. Не очекувам да не се расправаме и да немаме проблеми, само очекувам дека ова што го имаме ќе биде доволно силно за да поминеме успешно низ сето тоа, без поголеми последици, знам дека и ти го сакаш ова, затоа и сум овде каде што сум. Те сакам целосно, посветено и совршено.