2 години од кога те запознав за прв пат! Најпрво,сакам да ти се заблагодарам што си толку прекрасен со мене,што се грижиш за мене. Фала што си секогаш тука за мене, што заедно поминафме многу фатални моменти кои ја подобрија и зацврстија нашата врска, фала што ме трпиш и кога претерувам и кога сум себична, но знаеш дека поради тебе сум спремна да напрвам се. -Дојде и тој ден. Минутите и се чинеа денови. Беше збунета и возбудена. Гледаше надвор. Ги затвораше очите и пак погледнуваше. Се плашеше да не сонува. Ги гризеше растреперените усни и не ни помислуваше дека скоро некој ќе ги бакнува. Уште една станица и ќе и ја отвори вратата на среќата, нив ги одбра да затропа. Го здогледа од прозорецот на бавниот автобус. Така убав, мил со неверојатна насмевка. Стоеше и ја чекаше. Слезе, чекореше но мислиш не ја допираше земјата. Очите и светеа како никогаш дотогаш. Две души си доаѓаа во пресрет. ТАА му ја подаде раката, а ТОЈ... ТОЈ и го зема срцето. Беше среда... Многу те сакам
Знаев дека ќе ги искомплицираш работите, те читам како букварче! Мислеше дека ќе се изненадам? Твоите постапки, поготово од овој тип, не верувам дека некогаш ќе ме изненадат. Ха, јас веќе бев спремна на тој твој потег, зарем ме сметаш за толку наивна и глупава личност, и мислеше дека нема да реагирам? Среќа што добро глумам, па ми веруваш... А само да знаеш како на мене ми одговараат овие ситуации, ми одговара да играш како што ќе ти свирам, без да бидеш свесен што ти се случува.
Покрај сите сличности и разлики, едно е јасно- јас и ти сме створени еден за друг! Замисли си го животот без мене а? Без моето гњавење, без моите долги опширни муабети, без моето луто носе додека се обидуваш да ме бакнеш, без моите насолзени очи кога се плашам, без моето растреперено тело додека ме допираш.. Ма нема шанси бе! Јас и ти, колку сме, толку сме, токму сме, доволни си сме!
Aјјј колку сакам така со саати да те гледам и гледам и нема да ми здосадиш...И одвај чекам да те диам утрее..... те сакам м.мое
Сочувај парче сон вечерва и мене тивко повикај ме. Ќе чекорам тивко и безгрижно, зошто знам дека сум во тебе, во твоите сништа. Сочувај грам љубов вечерва и мене подарими ја, зошто токму сега тоа ми треба највеќе. Додека ти спиеш и сонуваш, јас будна мислам на тебе и те чувам со себе.. Еден мал дел од моите мисли наменети само за тебе мило <3 TE сакам и посакувам знај! ТЕ љубам! Добро сонче.
срце мое останаа само уште 2 дена не ни помислувам на 20 септември на тој ден кога ќе заминеш знам многу солзи ќе се пролеаат но те молам да се вратпш зошто после 4 години би умрела без тебе а камо ли цел живот да го поминам без тебе зошто судбината сака да не раздвои зошто .........
многу си нејасен, ко гатанка, ама јас никако да те одгатнам тебе бе ни со читање и приметување совети од машката психологија ниту ништо вчера ми пишуваш дека сум ти недостигала-да сме биле засекогаш заедно-ова ти го рачунаш заедно ти мене ме сметаш за своја девојка гив ме а брејк не сме се виделе 12 дена чат-пат комуникација на нет, титкања и по некој телефонски повик и јас и ти сме биле заедно не ме засмејувај ок да, два пати јас ко божем ти раскинав-тоа беше глума да видам како ке реагираш ок, имаше реакција од твоја страна-тоа го толкувам како да ти значам нешто-ама јас и ти да сме во врска не сме ова повеке ми личи на мување/дружење, на се само на врска НЕ
Ми недостигаш пааааа,сакам да те видам и изгушкам и се она што го немаме направено,да го правиме заедно...И фала што дојде барем тогаш,колку да се потсетам како изгледаше твојот сладок бакнеж и топлата прегратка,бакнежот во чело и да ме погалиш по косата Ете заради тоа те сакам и за тоа живеам! И знам,многу работи знам... Како и да е,и после се,јас ТЕ САКАМ! Најмногу на светот!
Обично, додека сечиј сон беше убава куќа, автомобил, заработка, јас како мала само посакував да се заљубам. Да имам идеален, хармоничен брак и маж кој безумно ќе го сакам. Можеби затоа што интересот за било кој брзо ми минуваше, чувствата бледнеа, па единствено што посакував беше некој што ќе ми предизвикува морници со секој допир. И знаеш, не ми е гајле што си променет. Напротив, мило ми е што кога си уморен, не мислиш на тоа да ме задоволиш прво. Всушност, не си ти сменет, туку јас. Лесно беше да ти се налутам, зашто знам дека на крај пак ќе биде пак по мое. Сега само сакам на време да си ги завршиш обврските, да одиме каде што ти сакаш, да јадеме што ти сакаш, да доаѓам кај тебе кога си болен, па да додадеш малку глума за да добиеш повеќе внимание од мене, да се спречкаме околу некоја ситница и кога ти ќе се откажеш да ти објаснам и да го решиме проблемот. Не ми пречи веќе да сум столбот на врската. Да бидам поведра од тебе, да ти пеам смотани песни со моите ужасни вокални способности, да го поттикнувам детето во тебе, да те ислушувам за проблемите со желба, да ти давам совети, да смислувам нови работи за поголема свежина, на секое твое лутење да се насмевнам и да те гушнам. Да ти пишувам колку те сакам по 5 пати дневно, кога ќе се разделуваме да ми навираат солзи, но да ги сокривам за да не те натажам. Да не ги делам работите на машки и женски, да не очекувам од тебе романтични вечери, нови идеи за искористување на слободното време. Правам се` за да си среќен. Те ослободувам од секое мое лутење, од моето непреземање ништо за да бидам помалку депресивна, од очекувањата ти да ме средиш. Не се радуваш што не се ни трудам туку љубовта ме направи ваква?
не сум толку наивна колку што изгледам и неколку пати го имаш приметено тоа-мозокот 300 на саат ми работел не можеш ти со мене сепак јас сум жена која што е водена од својата интуиција, и насетувам дека во приказната има нешто повеке од тоа што ти го кажуваш и знам дека ова нема да потрае долго, се ми е јасно-само да знаеш колку ми личиш на поранешниот Овен кој премногу го сакав -ова само Фемина го знае, и знам дека треба да најдам начин да се заштитам себе си, пред да ме повредиш ти-оф колку е тешко да си Рак а особено да се приврзеш за некој на кој не можеш да му веруваш-го знам и одговорот држење на дистанца, ама тоа би била последна опција на која помислувам пред малку сватив една многу важна работа-треба да олабавам и тоа потхитно оти вака
Прибери си го глупавото однесување да не е касно после за убави моменти.Сум била намуртена секогаш кога ќе се видиме!?Да,а знаеш зошто,па преку глава ми е од подбуцнувања,штипкања,иронично смешкање.Кога сум нерасположена едноставно ОЛАБАВИ.Па и јас сум човек што не може да е секогаш расположен и во добро светло.Ах некои твои зборови,од такт ме вадат,ми ги газат нервиве и ти е БАУУУ ќе пукнат па после карање бла бла истите муабети сееекооој ден :roll: :? се прашувам како можеш како таа твоја устА не фати пена некогаш ауууууу ЈАЧИНА . Можеби некој сончев ден кога ќе ти биде порозево во твојата глава ќе сфатиш што заминува пополека,а не ти ветувам дека ќе се врати.Биди среќен што ме имаш,зашто и јас сум среќна со тебе.Немој да ми го расипуваш денот од самото утро заедно со твојот искомплексиран карактер.Верувај бомбава во мојава глава е активирана,само е прашање на време и постапно одбројување кога ќе пукне. Воопшто не сум идеал,не сум совршенство,немам сјаен карактер ,ама барем знам да ценам тоа што го правиш за мене.Да љубам кога треба,да слушам кога треба,да трпам кога треба,да правам работи што ти ги сакаш а мене ми одат на нерви. Ајде бе мило можеш ти го знам тоа само те молам нека биде побрзо.
Би му кажала дека тој е најубавото нешто што ми се има случено... го сакам секој ден се повеќе и повеќе
Сонценце мое ме исполнуваш... ти благодарам што ми ги правиш најубави деновите со твоето присуство... Те љубам па