Две се во мене. Една со склопени и една со раширени крила. Онаа со склопените ме прави ранлива. Женствена и нежна. Нејзиниот поглед е како на едно дете, она се` уште мириса на млеко и колачиња. Скупчена си игра со праменот од нејзината свиленкаста коса и кога збори, исто како да си потпевнува. Мила е и мека. Не ја заслужуваш ти неа. Не ти дозволувам да се китиш со моите бели перја! Белото не ти стои. Не знаеш да заблескаш, не знаеш да се покажеш. Тоа е затоа што си обземен со горчина. Затоа што си завидлив. Затоа што пошто-пото сакаш да бидеш супериорен. Затоа и веќе не постоиш. Затоа си, иако жив, сепак мртов во својот сопствен град. И не те закопаа овие мои раширени крила. Таа страна од мене не е ниту одмаздољубива, ниту пакосна. Она инатот го става под гордоста. Нејзе и е чистиот образ над се`! На неа се осуди да гаѓаш со камен. Но, таа ти врати со леб. На нејзиниот образ плукаше со прости зборови, се обиде да ја привиеш за себе со сплетки. И сам веруваше дека ќе успееш во тоа. А успеа само онолку колку што ти дозволи таа. И тоа не можеше никако да го знаеш. Сам себе си залепи шамар. Не те ранија моите крила. Иако ги имам, јас не летам. Јас одам. Јас знам што е среќа. Ајде кажи ми ти нешто за среќата? Ти, кој се храниш со туѓа несреќа и како паразит ги зариваш своите пипки во здравото месо. Грабливо ја цицаш болката од него. Се шириш до непрепознативост. Тогаш имаш поглед на лудак и морничаво задоволство во насмевката. За тебе среќа е само да земаш, а никогаш да дадеш. Не можам да те мразам. Не можам да те жалам. Не можам ни да те сакам. Твоето постоење не можам, а и не сакам да го оспорам. Ти, сепак, мора да имаш некоја поента со самото тоа што се будиш секое утро. Можеби твоите црни подочњаци се потсетник дека денот не е ноќ. Дека е невозможно да живееш од денес до утре, без соништа и без желба. Без цел. И твојата песна не звучи повеќе исто. Твојот глас сега е рапав. Од тебе не излегуваат повеќе никакви емоции. Сам себе се убеди дека си добро. Но не и сите околу себе. Затоа и веќе не звучиш исто. И не изгледаш така. Затоа си сега сам против се`, а можеше да бидеш рамо до рамо со сите. Јас можам да ти се пикнам под кожа нечујно. Да се нашминкам и да ставам маска на лицето во еден потег. Дозирано сум безобразна. И најверно верна. Ја сум она што сакам да бидам! А ти ништо повеќе од она што си – просјак. Spoiler Текстот е превземан, но да го пишував јас не би испуштила ни еден збор. Целосно се пронајдов во него.
Сонце мое мило...не знаеш колку ми е жал што си само таму далеку а јас сум тука. И се чувствувам ужасно што сме разделени затоашто и после 3 години заедно, најтешко ми поминува и секоја минута без тебе Не знаеш колку ми е криво кога те гледам дека работиш и се мачиш за нас, а јас имам „одмор„ две недели и сум толку далеку од тебе. Знаеш дека не можам да спијам без тебе така? Знаеш дека ти си ми се??? Ајде, уште малку, здрвје, и ќе бидеме заедно! ТЕ САКАМ!!!
Проклето ми фалиш.Проклето. Без тебе тивко умирам............. ТЕ САКАМ БЕ,ТЕ САКАМ,ТЕ САКАМ,ТЕ САКАМ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Прво, немој да си мислиш дека можеш без мене да живееш. Не можеш. Второ, те сакам бе, те сакам и кога ме нервираш и замараш и ми се качуваш на глава, те сакам кога си дете, кога си инает, кога си сонце, кога си сериозен, уплашен, лут, нервозен, кога ме галиш, размазуваш, кога се лигавиш, кога размислуваш, кога правиш планови, кога бараш совет, кога паметкосуваш постојано, кога паметиш секакви ситници, кога си несигурен, кога си премногу сигурен, кога за се ме разбираш и кога ништо не разбираш. Те сакам ненормално факинг премногу. Иако морам да признаам дека понекогаш си навистина многу смотан. Ама, дури и тогаш те сакам, ете толку е искрена мојата љубов кон тебе. Теле едно. (од кога те немам вака наречено аууу )
Не знам што ке правам со тебе, се мислам дали постапувам исправно или не.. не сакам да згрешам, само не сакам да мислиш дека ке трчам по тебе, или ке биде се убаво или ке остане само на мување, трето нема А ми се свиѓаш, и тоа многу ми се свиѓаш, само се надевам дека и ти ке дадеш 50%, или барем се осеќаш дека сакаш да дадеш 50% за да успее.. Ако не, тоа е друга работа, нема да се мачиме ни јас ни ти, ке продужиме, ке имаме едно здраво и тоа е тоа so simple ..ама баш и нема да ми биде мило ако се деси тоа Дај мрдни го тој газот, и освои ме im not gonna play hard to get i promise
Рече, поинаква сум била.. И да ти кажам, искрено, поинаку се чувствувам. Смирено, исполнето... Мило ми е да ти кажам, мило ми е што знам дека можеме, ние МОЖЕМЕ!
Не сакам ни да си помислам што би правела ако те немам тебе во вакви периоди. Секогаш знаеш да ми изнудиш насмевка и да ме извлечеш од дома за да ме фати свеж воздух. Ми требаш многу сега. Многу!
... и така си седам јас, сама, гневна и бесна зашто никогаш, ама никогаш нема да сфатиш колку е секогаш болно-страсна мојата љубов. http://www.youtube.com/watch?v=KYnUANh3 ... r_embedded
О сонце, дојде на моето значи? Виде дека никоја ги нема моите челични живци? Малку ти е. Знаеш, мислев дека сум премногу слаба и дека ќе потклекнам, ама сонце, ти толку ми олеснуваш. Самиот си правиш да побегнам од тебе, и немаш поим колку сум ти благодарна за тоа. Знаеш само една песна, и истата си ја пееш упорно, на рипит. А јас веќе не играм. Те сакам јас сеуште, за несреќа така е, ама си заминува и тоа, пред се ти го бркаш. Не знаеш да сакаш ти маче, немаш поим од тоа. И виде колку ми е тешко, и сфати што се ми смета, и сакаш да ти се вратам, ама не сакаш да се промениш? Епа извини, моите ко мала ми даваа вода да пијам, понекогаш сок, млеко, па и ракиичка, ама никогаш не ми дадоа нафта!