Готово. Оди и не ми кажѕвај ништо не е проблем.Од сега па натаму и јас ќе одам.Само речи ми нешто е тогаш ќе биде лом.
ТИ ВЕРУВАМ е подобар комлимент од ТЕ САКАМ, бидејќи секогаш можеш да ја сакаш личноста на која и веруваш, а не секогаш, можеш да и веруваш на личноста која ја сакаш.
Фала ти што уште еднаш ме разOчара во животот и уште еднаш ме натера да се запрашам дали сте толку вредни вие машките за да трпам се и сешто во живото заради вас
Te чекам, за патувањето низ Италија да си го оствариме. Јас, ти убавата Венеција, вино и многу Љубов. Еве, ова ќе ти пеам на увце: http://www.youtube.com/watch?v=XHtdGJfVd2w
Се чудев како можеш да ме сакаш таква себична, лоша, негативна... Се покажа дека само таква можело да ме сакаш. Зашто во моментот кога човек ќе се промени на добро кон тебе, немаш повеќе потреба да се трудиш околу него. Бев тука да те поддржувам, да се запоставам себеси, да те оставам да ги комплетираш обврските. Ти потсетував колку те сакам, колку ми е грижа за твоите потреби и чувства. Не требало. Ти кажав дека не живеам од љубов и ако премногу се опуштиш, јас ќе се повлечам. Не ме сфати сериозно. Не ми даваш поттик да бидам посмирена, повесела. Па што по ѓаволите би правела со тебе? Така ко што знаеш да ме откачиш, не ме барај никогаш повеќе. Ми треба време да сфатам што било замислено во мојата глава, што било само надеж и после да вратам во реалноста. Само остави ме, може? Не сум толку задоволна со себеси да бидам кучка, за тоа да е условот да ни опстои врската. Ти трчаш само по оние што ти вртат грб. А овојпат, верувај најмалку сакам да тргнеш по мене.
Жал ми е за дедо ти многу. Не го знаев којзнае колку но беше дефинитивно ведра личност вредна за памтење. Мое сочувство, и покрај се јас ќе сум со тебе. Знам како се чувствуваш и јас го поминав тоа пред 3 години...
Колку и да ме нервираш,вадиш од такт сепак ти си мојата љубов која што е единствена само моја .Само една твоја насмевка е доволна за да заборавам на се. Кога ќе ме погледнеш со тие мили очиња и клепкаш невино ми иди да те изедам.Ахх колку прекрасни денови не чекаат,се надевам дека се ќе биде како што сакаме и двајцата и дека нема да имаме пак недоразбирање.Оваа сабота ќе се видиме,ќе си шеткаме фатени за рака,прегрнати и правиме луди и незаборавни нешта кои што само ние ќе си ги имаме и зачуваме за нас.ЌЕ ти подарам бескрајни сочни бакнежи,а за другото шшшшшшшшшттттт не кажвај никому што имаме на ум Ахх душле мое,јас не можам да се замислам без тебе,ти си ми се,целиот мој свет,мојот универзум,ме исполнуваш целосно во секоја смисла на зборот.
Многу ме интересира што е тоа што си го дознал, во што си толку убеден дека имаш право и што имаш да ми кажеш, исклучиво во четири очи... Секогаш знаеш да ги кажеш правите зборови, но во погрешно време.
Сакам кога се грижиш за мене, ама сакам и кога ме фалиш дека убаво си ти направила вечера, убаво кафе дека сум ти сварила. Ееее што ти е љубовта
Сакам да ме гушнеш. И тогаш се' ќе биде добро. И.. секогаш кога се чувствувам вака,ја слушам песнава. Знаеш, исто како на почеток. http://www.youtube.com/watch?v=NzlGZDzdsPg
Нема да ги рушам моите принципи заради тебе.. Да знам дека никогаш немам да те имам како што сакам (макар колкава и да ми биде желбата) нема никогаш да видиш колку ми значиш.. Само заради тоа што ти си ја нареди така работата, се правиш многу важен .. Епа дечко спушти се прво на земја па дојди да направиш муабет, а не да ми продаваш евтини финти.. Можеш да чекаш до утре да ти вратам на пораката.. кој чека ке дочека
Добро, не ми е јасно, зарем тебе (а и на сите машки) кога се однесува по ладно човек тогаш ви текнува да трчате по него? Кога не досаѓам 100 пати на ден, чудна ти сум. Кога досаѓам, незаинтересирано ми делуваш. Цели два саати не сум ѕвонала и ме немало, лелееее цели два саати како издржа без мене жити се А друг пат кога ќе ѕвонам по често ми глумиш нешто. Не знам, ако има некоја од вас дефиниција за овие маживе нека ми се јави, јас навистина не знам што да правам со коњов мој. Дал да сум помалку заинтересирана, дал да сум повеќе, во секој случај јас сум чудната бе!
Ништо не боли повеќе од тоа од тебе да чујам дека сум себична. Пред некое време немаше да боли... беше вистина. Ама сега кога научив како да сум весела кога ти си тмурен, како да не се лутам за глупости, да не те малтретирам, нервирам, да не се карам што комплетно ме запостави...пече. Не те сакам јас? Се жртвувам, нема да дозволам да бидеш со некоја што ќе мисли само на себе, не се труди и не те сака. Еден ден кога ќе бидеш со друга, направи да се чувствува како јас. И тогаш нека каже дали те љуби. Само биди среќен. И усреќи друга како мене. Никогаш нема да престанам да те сакам, ама нема потреба да ти докажам, ниту да знаеш. Остави ме на дождот и самотијата, подобри пријатели ќе се од тебе. Збогум.
Кај си па сега???Разбираш дека се нервирам кога не знам ништо за тебе,ни кај си,ни со кој си.Не сакам пак да се караме за глупости,ајде да уживаме во убавите моменти.Најпаметно ќе ми биде да престанам да се замарам со тебе,ама тоа некако тешко ми оди.И едвај чекам да ти ја видам реакцијата кога ќе го видиш изненадувањето што ти го спремив
Зошто си толку далеку од мене? Ми недостигаш, сакам да те гушнам, не сакам само преку лето бидеш мој.. Сакам да си тука до мене...