Кои сваќи бре ќе ги бркаш ти? А да ти дојдам да те испердашам еднаш да ти се врати умот на место пошо очигледно ти летнал. Немој вакви екцеси буцко, лошо ти се пишува.
Се каам што ти кажав... се почна како зафрканција, после сакав да те направам малку љубоморен... не требаше да знаеш и онака доволно долго криев...
Поминувам низ многу тежок период,а ти наместо да ме разбереш и подржиш се лутиш. Немам јас одвише нерви и време да се занимавам и со тебе сега...
теееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее сссссакаммммммммммммммммммммммммммммммм највекеееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее одддддддддддддддддддддддд сееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееееее
Овој пат стварно утна со поклонот. Ама ако, не гледам јас на таквите работи знаеш дека ќе те сакам и без ништо да беше
Леле истото бее како можиииии, а секогаш тој е тој шо никогаш не е заинтересиран за ништо. Нема и нема да можам да ги разберам жими се Инаку не знам шо е муабетот со пораката шо немаш вратено
Нема дефиниција за тебе, ти си тежок, неможе тебе секој да те разбере, понекогаш и самиот неможеш-затоа и ти е тешко, чуден и мистериозен си, полн со инает, гордост, но и љубов. Правиш грешки, па сите правиме златен, јас те сфаќам, да.. Но џабе ти се тие аргументи, не вредат ни пола, ги разурна, ги смачка.. Секогаш знам да те разберам затоа што и ти ме разбираш мене, ама претерана е оваа глупост, нема логика бре човек, толку ли незнаеш да размислиш и срцето да го ставиш пред гордоста и овој пат? И сам ќе сфатиш дека си згрешил, ама нема да признаеш, совеста ќе те јаде и ќе излезе на површина како и последниот пат. Каде е сега твојата рамнодушност? Нели ти беше главниот лик? Мило ми е што ти се врати, но памет не ти доаѓа.. не сеуште, не и овој пат!
Чудно е како можеш да се приврзиш за една личност. Уште по чудно е како на истата таа личност и се восхитуваш и за нај малата ситница. Пред некој ден кога излезе од бања така со бањарката цел мокар си велам па ти си совршенство бре! Замисли ти се восхитувам дури и кога замислено си ја допираш косата додека гледаш во една точка... И си велам, дал да се плашам, дал да се радувам што те имам... А ме гони и оној страв што ги гони сите девојки, што ако еден ден погледнеш некоја друга со истите очи со кои ме гледаш мене? Не сакам ни да помислам.. И моментално ти спремам едно подебело јаже така, ќе те бесам бре, ќе те бесам!
Познати ти се оние ситуации кога бегаш од некој, а всушност само сакаш да те запре и да ти каже дека што и да се случува нема никогаш да те напушти? Кога правиш разни сцени за да добиеш нечие внимание, а вртиш грб само за да видиш дали доволно му значиш за да појде по тебе? Епа кај мене моментално е поинаку - само сакам да ме оставиш. Посакував да го решиш проблемот кога ќе дојде до него, а да не мора да ме сфатиш што сакам да кажам после објаснување од пет саата. Посакувам еднаш да се смиреше и да прашаш што не е во ред. Да не избрзуваше и да не ме оставаше сама. Зашто после ќе дојдеш, ќе се извиниш, ќе си признаеш дека си виновен...ама не си свесен дека веќе ништо не е исто. Не можам да те обвинам. Мислев дека ќе бидеме поинакви, дека кога ќе дојде до караница, двајцата ќе изброиме до 3, може и до 5 и пред да кажеме нешто, ќе размислиме дали ќе го боли другиот. Ама тоа не е возможно. Не со тебе. Со тебе многу созреав, престанав да бидам размазено детиште, ми ја овозможи таа среќа да го доживеам чувството кога сакаш некој повеќе од себе. Никогаш не разбра дека не ми беше потребно постојано да ме шеташ, да ме носиш на вечери, по одмори или било каде. Доволна ми беше твојата рака,а мојата обвиткана околу твојата половина проследена со повремено стискање ти покажуваше колку ми значиш. Ама за тебе останав егоцентрична, бесчувствителна будала која не може да ти подари разбирање кога ти е потребно. Смачено ми е дискусии секогаш кога тебе ќе ти текне дека е време да се разговара. Зашто на секој мој збор слушав само "Прекини". И после е доцна. Доцна е да дојдеш кај мене, доцна е да ме гушнеш, доцна е да се извиниш. Зашто никогаш не сфати дека со секое одбивање ме убиваше полека. Ми ја уби радоста, добрината, надежта... Ме убиваше кога не знаев како да се поставам кон тебе. Ако објаснував мирно, ме сфаќаше погрешно. Ако сакав да зборувам, ти не сакаше. Ако се тргав кога велеше да прекинам, се лутеше дека веднаш сум бегала. Не жалам за ништо, зашто големата љубов е проследена со голема болка. Само дозволи да бидеш спомен...
Се сеќаваш кога ти кажав, too good to be true.Значи колку клета уста имам. Се беше премногу убаво за да трае вечно. Само на тебе мислам. Те чекам да се јавиш и да ми кажиш- Те сакам! Како можеше волку да ми се сврти животот? Со која причина ми се случува ова? Сеуште неможам да верувам дека ти ми го правиш ова. Неможам да верувам дека ТИ ме повреди најмногу, кога ми беше најубаво.Како гром од ведро небо.Толку ли бев слепа???
Тебе изгледа многу ти е гајле за мене, важна е само работата и сите други луѓе на светов, освен јас. Ти си само еден идиот, кој успева да ме расплаче со своите глупости. Да требаше да се видиме денес. Не се видовме на нашата годишнина, требаше барем денес, ама пак ќе кажеш има време. Да ама утре не е 21. Им кажуваш на сите што се ти се десило на 21, само не за мене. А требаше барем тоа да ми го посветиш мене Зошто те сакам?? не заслужуваш....
едвај чекам да дојде вечер и како во старите времиња да се собереме онаа стара екипа и секако тука се елитни одреди да ја загреат атмосверата осеќам дека ќе биде интересно