Да ти се плукнам на работата твоја захтевна, па не е можно само ти да работиш на веков, не е можно. Зарем може секој пат, ама секој пат, да се договориме и ти во 5 до 5 да ми кажеш не зна кога ќе завршам. Епа не е фер, што сум јас, дежурно чекало... Ми се смачи веќе, се јас морам да чекам, а тебе ако те оставам да чекаш одма се буниш. Не можам веќе вака, мора да си ставиш во животот приоритети, не ми е гајле мене за твоите колеги ако немаат друг живот освен работа, јас имам Или така или повеќе не ме ставај во своите планови, не знам друго што да ти кажам....
Знаете за она дека после дождот иде сонце? Знаете бе, знам и јас. Од никаков ден, ми се претвори во преубав. Мајчин си ти! Успеа и успеа да ме натераш да си ја отворам душичката. Како? Како знаеш да се појавиш кога треба? Пријатно изненади со јаболчињата, сокот и срамежливата насмевка. Ко стрина беше пред врата. Абе? Чул понада се носела на болни, па долетал да не сум умирала од Нилскиов вирус. Па уште и за Мис Лопата сум била спремна со ова издание. А, мајчин! Ќе ти вратам. Ако ти не се видиш на страната на Сељак на годината, онакви има да јадам! Но, навистина се појави во време кога највеќе ми требаше некој за долг муабет. Некој што ќе ме разбере и нема да ми превртува очиња колку и да млатам празни слами. Се осетив ко мало детенце кое одговара пред учителката. А прашањата, учителке, гром ти беа. Многу, многу ми се допаѓа таа твоја карактеристика. Фактот што сакаш да знаеш сѐ без разлика како е, и што ме прифаќаш ко таква, го ценам премногу. А најмногу ценам што не ми се умилкуваш, не ми сервираш пекмезења од типот „Браво цуци, така и треба(ло), паметно си направила“, туку остро ме критикуваш кај што сум требала различно да постапувам. Е, кај се криеше за тогаш да ми укажеш, а? А, казните и начинот на прекорување ти се врвни. Ако де, ако треба и од покојна Милева ќе ти земам рецепт за ванилици. Кркај ти. Два на два ги мина, сега три на три ќе те правиме. И таков си ненаметлив, а знаеш кога да се појавиш. Стрпливо чекаш, но не и предолго за да се изгуби човек. Ти се чудам и восхитувам. Испраксирано магаренце си ти. Упорно и вешто во својата намера. Ќе оздравам, за тебе, ко што ми рече. Ветувам. Што да правам бе со тебе дете? Дете...Воле си, ама нема врска. Знаеш дека ќе ми треба време, ама твојата спремност и упорност, од ден во ден, сѐ повеќе ме воодушевуваат. Со што заслужив де? Што ти се налутив кога ми призна? Што побегнав? Во небрано ме ставаш, искрено. Но, Мерлинка убаво рекла, ако не можеш да ме истрпиш кога сум во најлошо светло, не ме заслужуваш кога ќе сум во најдобро. Клише. Нека е. Вистинито е. Ти ме истрпи и во полошо од најлошото! Како бре?! Како со саати не ти беше досадно да дрндам, а ти на сѐ да имаш убав и коректен одговор. Како знаеш да извлечеш шеги дури и од најболните ситуации и да ме изнасмееш со истите? Ти се чудам на зрелоста. Искрено, не ја знаев таа твоја страна. За мене сите овие години беше зелено, несериозно детиште што само сакаше да си тера мајтап. И пак не ми е јасно - зошто? Зошто после толку години? Ме потсеќаш на Снејп. -After all this time? -Always... Епа, мајке ми, заслужив веќе конечно да дишам слободно. Остај на времето. Не ми се брза и не сум спремна, но, благодарение на тебе, се чувствувам поживо и подобро. И кога гледајќи си ги постапките, мислев дека за никого веќе нема да вредам, ти, макар и со прекорување, ми го докажуваше спротивното. Благодарам од срце. Ќе се оддолжам! р.ѕ. Сакам овде! Прости за шлакнативе реченици, малце ко потресена сум, па не знам да ги сврзам. Може еден ден ќе ти пратам линк од постов, да видиш дека сум те спомнувала и кога си мислел дека ништо не си постигнал. Благодарам по стоти пат!
Го душкаш ли мојот ќош од перницата? Ја протегаш ли раката да ме припиеш до себе во сон? Ги изградивме најубавите спомени. Дури и сеќавањата на караниците ќе ми ги топлат ваквите тмурни денови. Еј, зготви ми пак вечера. Грабни ме пак, заврзи ми ги очите и однеси ме на планина. Да ја гледаме месечината. Како кога со сангрија ги зачинувавме бакнежите додека ни се преплетуваа нозете. Исти сме и доволно ми е.
Тоа косата на лице што си ја пуштил не беше воопшто секси. Сфаќам дека си се ожалостил за мене, ама тоа не беше начин да ми докажеш. Абе покемон си ми, ти викам јас. Мило.
Знаев дека ќе се појавиш. Знаев дека ќе помислиш дека ова е караница ко секоја друга. И знаев дека ќе попуштам. Не зашто не можам без тебе, туку сум слаба на твојата болка. И се плашам да не донесам погрешна одлука за нешто што можеби ќе се промени. Не ме залажуваш и не ветуваш дека ќе престанеш да се однесуваш така. И во мене гледаш вина, ама ако. Нареден пат кога пак ќе ми го скратиш правото на говор, а другиот ден ќе дојдеш бидејќи такви сериозни муабети се правеле само во живо, нема да имам сила збор да изустам. Синоќа ме скрши. Сфатив дека колку и да е убаво, не можам да бидам со човек што не знае да решава проблеми. Да не разговара. Да ме замолчува. Во лоши денови, да не знае да се собере и да се потруди да се расположи, туку да ме тера да го сфатам и ме теши дека ќе помине кога ќе заврши оваа обврска. Не сфаќаш. Денес е ова, утре ќе биде друго. Секогаш ќе има лоши периоди за двајцата. Не знаеш колкав дел од мојата љубов уби. Не можам веќе да мислам најубаво за нашата врска, не можам да се надевам, не можам да цветам покрај тебе. Не можам да се топам кога ќе ме гушнеш. Зашто тежината не си оди. Нема да ја измие ниедна твоја солза, ниту каењето и болката. Не ми помагаш. Веќе не сме Ние. Не можам да кажам дека си крив. Мислев дека таа карактеристика ќе ти се промени, тој лут поглед ќе исчезне со време, а и високиот тон. Би сакала да кажам дека те прифаќам каков што си. Ама нема да дозволам да имам дом во кој кога ќе се скараме, ќе ми кажеш да не зборувам повеќе, ќе свртиш грб и ќе излезеш. Ме убедуваш дека нема да е така. Ма дај ти се молам...ако сега не се контролираш, тогаш најмалку. Не требаше ова да се случи. Не сакам да те гледам како странец и не сакам кога ми се рушат соништата. Извини што се` се уништи.
Само ти можиш да ми ја расипиш вечерта максимално, и слободно пиши си статуси безвезни за некоја друга, си реков сфати шо изгуби и ме побара пред еден месец, ама не ти никогаш нема да се смениш и ќе си останиш истиот ко стално, море шо сакаш прај ко немаш ум. Не знам толкку шо ти имам згрешено шо се понашаш вака спрема мене, додека сите други се арни. Не, јас стварно немам сила поќе за да се борам. Немам......
Мажи се вртат како прасе на ражен што се врти или како и да се вика тоа ... И се загледуваат во очиве, се обидуваат да откријат зошто се толку тажни. Или барем како ми успева да сум насмеана, кога во очиве се ми се познава. И јас ќе продолжам со мојот живот. Кој знае како ќе се развива, но ќе си продолжам. И ќе имам некој, ќе ми значи повеќе од тебе, ќе имам мал милион повеќе спомени отколку со тебе, и ќе ме боли милион пати повеќе срцето ако прекине отколку со тебе. Јас тоа го знам. И свесна сум. Ама никој не е ти Иване ...
Знаеш, секогаш ти кажував се, и нај малата ситница, но тоа не промени ништо, баш напротив добивав и по некоја навреда... Затоа сега голем дел од работите ќе ги зачувам за себе, не заради тоа што сум лоша, баш напротив, затоа што додека бев искрена до коска не добив ама баш ништо од тебе. Па и уште ми велиш не сум се замарала да ти кажам што како, хах, зарем кога ти опишував се до нај ситен детал имав нешто од тоа? Добив нешто? Ништо! Сам си го бараше, и ич око не ми трепнува, не правам ништо лошо, ама нема веќе да бидеш известен за секоја една ситница што ми се случува кога не си покрај мене. И извини ама воопшто немам грижа на совест околу тоа, зошто видов дека нема ќар од тоа да ти кажувам се, а ти да криеш секогаш по нешто. Нема веќе!
Ќе се видиме ли во Скопје? Ќе ни се поклопат ли патиштата пак? Ти текнува на мене? Вака или така, имаме убави спомени од тука... заеднички моменти, заеднички шали, нервози... искуства. Сакам да те видам, за да знам како ќе ми биде кога ќе те видам. А да, и за да видам како тебе ќе ти биде кога ќе ме видиш.
.. ...дали ме паметиш??????????јас сум жената која некогаш ти најпоќе ја сакаше.. ....те сакав.те сакам и ќе те сакам....од првиот момент,од првиот бакнеж,кој беше мој немир,трепет,и сласт....првпат во животот сакав,вистински,реално,со цело срце и душа,тело..... ти се предадов целосно, секој мој момент и мисла беа посветени на тебе.....а ти...цело време ме држеше во излузија....јас бев за тебе најубавата,најмилата.најсаканата жена ама на зборови.....твоите моменти и мисли секогаш беа упатени кон други жени....размена на слики,тајни профили,телефонски пораки и јавувања....никогаш не бев единствената за тебе.....секоја песна посветена на тебе ја делеше со другите,сите беа твои сонца и среќи......не можев повеќе....да ме забораваш,да ме газиш и понижуваш,оставајќи ме на страна.со некој повик и порака на 7-10 дена,чекајќи со растреперени раце дали ќе се случи или не.....сега скоро имаше на фб една многу убава порака.... .. ..секоја личност во твојот живот е испит,судбина или казна.... ...сакав да бидиш моја судбина,ама не...беше казна,која ја платив со многу болка,солзи,непроспиени ноќи,копнеж и желба за тебе.....ти кој не те ни интересираше ништо за мене,затоа што веќе имаше полно љубови околу тебе......јас свесна станав дека илузијата престана да постои и ја прифатив реалноста дека си женкар и кретен кој гази по женските срца и оди понатаму во нови освојувања на жени....сто пати ти пишав дека правиот маж не се игра со кукли туку сака само една жена,...ти само иронично се насмеа и се замина кај другата....знаам и неа ја чека истото до новата која ќе се појави.. .кој знај дали некогаш ќе те сретнам или не......знаам и дека нема ни да ме препознаеш затоа што бев само уште една во низата......те проколнав,се што ми направи мене,некоја да ти го направи тебе,да те боли до дно на душата,макар на момент да осетиш како е.......го затворив срцето не сакам и не можам д а уштам друг внатре,......ти си тој што беше и ќе останиш вечно таму......
да даде Господ семокен женска рака да не те допре веке, сите идни како мене да ти се викаат -да не можеш никогаш да го имаш тоа што го сакаш(да станеш татко) а кога ке се преселиме во твојата населба од медитација ке ми биде претешко и незнам како ке го надминам тоа толку мил, фин, привлечен, ама толку голем ГАД во душа
Пау, магија.. Ете така, многу фино што си попушти, си сфати некои работи мило за драго, така фино лепо се си дојде на моето, гледаш дека жена треба секогаш да се слуша? Итоа како треба. Не ти се лигавам сега, не те ни барам, ти си задолжен за тоа (нели треба некако да си ја поправиш грешката) Многу зборам знам, ама ако, за твоето мозоче и инаетче треба мнооооооогу зборови да се потрошат Ама пак те сакам, знаеш? знаеш нели.. знам дека знаеш.