Совршенство не постои! И јас ти изгледав совршена на почетокот. од каде знаеш дека наредната што ќе ја сакаш,нема да ја отсакаш како мене на крајот? Ти си бил нервозен..А како сум јас? Зарем ти текна да ме прашаш? Зарем јас не сум нервозна? Како се измени за волку кратко време? Кој те измени?
Ми се смачи да бидам после сё, после твојата проклета работа, после твојот факултет, после твојот спортски живот, после Лига на Шампиони, после твојот, признавам, сиромашен социјален живот, после лошата финансиска состојба, после времето, после невремето.... Ми се смачи да морам да те разберам и покрај сё, да морам да излезам во пресрет на сите ситуации во кои сме се нашле, да заспивам сама после секс додека ти штракаш на проклетиов компјутер, да те испратам на врата откако ќе дојдеш да ме зирнеш на кратко и пола од краткото го преспиваш.... Ми се смачи да се обидувам да ослабам секој пат кога пак ќе ги вратам проклетите килограми, да се научам да носам штикли и истите да бидат по твој избор, да ја направам косата онака како што ти сакаш, да го избегнувам муабетот за свадба и заеднички живот за да не се чувствуваш ти лошо.... Мил мој, јас тебе те сакам и затоа се чувствувам вака, ако и ти мене ме сакаш тогаш ќе ме разбереш за што се работи, проклето тешко ми е што самата дозволувам сите овие работи да ми се случуваат, што дозволувам животот да ми помине додека те чекам да ти се наместат сите коцки. И не нема да ти напишам уште една порака, затоа што така ќе ти направам уште една услуга, нема да треба да одвоиш за мене повеќе од половина минута. Доколку оваа лоша состојба продолжи јас нема да бидам виновна, ниту ти можеби, но мојата совест ќе биде чиста бидејќи сум се обидела проклето милион пати да не спасам НАС, а ти, секогаш остануваш на истото, не е до мене, не е ни до мене, ама јас се трудам, за разлика од тебе. Не сум лута, бесна сум
Очајно сфатив дека спијам и живеам деновиве у твој долен дел пижами дур ја јадам проклетата пита од јаболка,со чорапи наврени до гуша. Тоа е таа есенска романт...те почеток на едно меланхолииче. И двајцата сме Том Уејтс и го чекаме Годо. Глупи. И колку може да е тешко во ваков момент да признаам од душа дека ми недостигаш?! Ич! Ај биди сонце,есенско, ама топлo и кол ми мејби. Можам да ти се јавам за се и секогаш, освен кога еве вака како денес, кога ми недостигаш барем да си поприкажеме како животот не глоѓа, шутира или не гушка. Ама уште поискрено да ти кажам,сфаќам зошто не сум ти ги вратила никад. Бате ова ти е квалитетна памучна пижама, широка и удобна,јес да коа спијам у нив ми се креваат до бут па ми студи, полубудна облакам чорапи,пошо ко шо знаеш не можам да заспијам со чорапи,па во полусон со онаа моја техника ги соблакам,ееее сеа ги облакам и ги пикам пижамите во нив,скроз шота. И покрај оваа маана стварно се добри. Од кога се кај мене, ЦК! боја немаат сменето,а и на вриење ги имам ставено! А и меки се и пријатни! И твои... како наважно. Сабота беше ден за ручече, прошетче, гушченце, мушченцееее...и ете со мушченце ми текна на твоето цитирам - многу сакам кога вака ќе се мушнеш во мене и ќе ме погледнеш нагоре... енд дер,меланхолија скроз лоудет,со здравје да си ја носам! Одам по уште пита! Со цимет ми е инаку!
мило ми е што конечно ја свати мојата вредност и ти докажав дека јас сум единствената што те сака но повеќе нема да ја прегазам мојата гордост.РЕДОТ Е ТВОЈ
Се правиш ладен, незаинтересиран...сакаш да те молам. Да ти се извинувам и понижувам. Знам дека ти е тешко после се што ти кажав синоќа, но тоа е вистината која ја стискав во мене толку време. Реалноста е тоа. Помири се. Виновен си ти и прифати ја вината машки! Јас не сум предмет, сфати го тоа веќе еднаш. Неможе да ме тргнеш од целиот свет, никој да не ме гледа кога сум дотерана, кога сум убава. Неможеш им ги затвориш очите на другите кога јас поминувам. Сакаш да ме поседуваш. Веќе почнав да се плашам од тебе....ИСКРЕНО!
Јас ти велам Ајде се слушаме, ти ми велиш Ајде се гледаме. Па ја, не не само ќе се слушнеме, а ти ќе се видиме!!! Не ме терај инает да водам сега.
Не не и не ! колку и да се трудам не можам да ти простам и да преминам, само ќе продолжам да глумам дека е добро и ќе ти вратам за секоја моја исплакна солза и за сета болка што ми ја нанесе.. и тоа знаеш кога ќе ти вратам? Кога ќе ти биде најтешко а јас ќе бидам единствената која ќе ја имаш покрај себе за да те ислуша и да те гушне.. а ти тогаш ќе добиеш ништо и ќе сфатиш како ми беше мене периодов.. ВРЕМЕ Е ЗА ОДМАЗДА !
како што јас тебе можам да ти пишувам, а ти молчиш, така и кога ти ми титкаш јас тебе не ти вракам пеј бек тајм хани кога зборувам со тебе, ти не ме свакаш, е вака ке ме сватиш