Љубоф... Јас незнам некој некогаш толку да сум го сакала, најчисто и најискрено..Ете и тука да си прочиташ пошто ми ги читаш мислењата ти гледам во историјата
Сонце мое убаво.. Конечно и тебе да те видам после догло време.. Сакам да ги бакнам тие усни, да го помирисам тој добро познат мирис и да ја поминам вечерта со тебе.. Тогаш ќе знам зошто живеам. Инаку си купив нов долен вееш Морав негде да кажам и тука е најдоброо Одвај чекам да ти ја видам реакцијата кога ќе ме видиш аааааааааа Се ќе биди онака како што е во твоите фантазии.. Јас сум тука за тебе. ТЕ сакам!!!!!!
Јас и ти, на планина, во мала викендица, покрај каминот водиме љубов. Две празни чаши од црвено вино, неколку свеќи, а ние пијани од љубов. Ете тоа го сакам, тоа го чекам!
А што на крајот јас демек сум виновна, ма иди бре кај што никад не сум те отерала, јас сум крива што сакам да те доведам у ред..... И ќе плачам, ќе плачам до утре сабајле ако сакам, бидејќи од тебе нема аир, тебе паметот мил мој нит ти дошол нит ќе ти дојде, а јас можам да се сликам со твојава нова пасија, работа, кој нормален сака во Сабота да седи на работа, кој нормален нема да се побуни на тоа, кој нормален смета дека е нормално да седиш на работа и кога треба и кога не треба.... Викам, се дерам и исто ми се фаќа, што би рекле постарите, те испуштив од раце...
Јас и ти немавме филмски состаноци на почетокот. Ти не ме изведе во кино како во америчкине лимонатки, или пак на некоја вечера. Затоа денес ме изненади со карти за моето омилено цртанче во 3Д. И седевме фатени за рака, со чудните наочари. Скоро да немавме пари за пуканки, ама не ми е гајле. Ти си тука, го сакам твоето дишење, а еден ден ќе биде подобро. Нашата приказна почна типично нормално, без помпезности, на железничка помеѓу автобусите. Се сеќавам и на местото. Јас ТЕ САКАМ. Знаеш нели? Повеќе од себе, повеќе од се. И ти ме сакаш. Повеќе од твојата омилена кола и фудбалски тим. Прво место над првите. И кога сум жива вода после вежбање, ти ме сакаш. Со кратка или долга коса, ти ме сакаш. Со природна боја или шатирана, ти ме сакаш. Послаба или подебела, ти ме сакаш. Безусловно, како и јас тебе.
Тоа што многу те сакам нема да ти даде за право да ме оставаш секој викенд да седам дома, а ти да си одиш на работа. Јас знам и сфакам колку ти се трудиш околу нас, ама размисли еднаш во животот дали јас сакам секој викенд да го минам сама дома, на компјутер или пред книга !?!?!? Епа неееееееееее, не сакам, сега наместо да работиш и да служиш згодни женски, сакам да си со мене, и да ми се посветиш целосно, неможам раат да те слушнам штом дојде сабота.... ми здосади веке, до кога ке го трпам оваа твоево... и јас незнам .....
Некогаш те сакам преблиску до мене, некогаш 2 дена без да те видам ги доживувам обично. Знаеш, претходната зима, и ланската пролет како ја поминувавме ... Игравме ПЕС, водевме љубов, па гледавме Ајс ејџ или Карс, или било кој друг филм и се смеевме, го јадеме омилениот чипс, зачадувавме од цигари, ни беше совршено. Имаме спомени еден куп, милион реченици кои почнуваат со Се сеќаваш ли, убави нешта, лошите не ги спомнувам, колку и да постоеле не сакам да ги гледам. Побројни се убавите моменти, тоа е доволно. А периодов сме непродуктивни. Ти си непродуктивен. Знам дека си огорчен, и не знам како е, но и врската среада. Сакам да создаваме уште спомени, сакам да имаме нови моменти кои ќе ги споделуваме со Сеќаваш ли, но мора ли постојано да има вакви периоди? Нам ни е убаво и во Коктел бар, и на клупа со пченка и Бабл шат, ние создаваме убавини од мали нешта, но дај да создаваме. Мразам да стоиме во место. Мразам кога не те гледам цела недела, и денот кога конечно ќе те видам е едноставно површен. Мразам кога не сме во твојот кревет, го мразам тоа време. Јас би вечно до тебе во тој кревет. Еднаш ти кажав дека најубавите моменти сме ги доживеале во него, како оној синхронизиран оргазам од кој плачев од среќа и исполнетост. Ние никогаш не сме биле досаден пар, немој да го претвориме нашево во тоа. Знам дека е непродуктивен период, и неделава што ќе замине ни помина раздвоени, нека биде ова мислење само едно исчкрабано. Нека. Те сакам сеуште. Не сум престанала.
Те видов. Те гледав. Ме игнорираше. Ме избутка. Се поздрави??? Зошто го правиш ова, м? Зошто така ладнокрвно ме игнорираш? Зошто се буткаш во мене демек не си ме видел? Зошто ми пружаш рака да се поздравиме додека збориш со друго девојче? Зошто ме тераш да заплачам пред толку народ, на свирка? Зошто си толку ладен и зошто не можам и јас да бидам така ладна кога ќе те видам? Зошто на секое гледање (кое воедно е отприлика едно гледање на два месеци, а може ни толку) мене се уште ми се пресекуваат нозете, ми се тресат рацете, срцето ми бие забрзано, цело тело ми вибрира, умот ми се пошеметува? Зошто се чувствувам се уште како и на почетокот, кога ништо не е исто ко тогаш? Кога ќе престане сево ова? Најверојатно кога ме третираш како ѓубре те сакам се повеќе и повеќе и се повеќе ме измачуваш и зближуваш до тебе, а кога ме третираш најдобро што можеш и знаеш - не те сакам и заборавам на тоа како сум се чувствувала кога си ме третирал ко ѓубре и почнувам да се оддалечувам од тебе. До мене е Марио, знам. Не е до тебе. Но и ти имаш голем удел во сево ова.
ќе ти простаам што се изгаси на сред муабет само поради тоа што ми пиша ти прв дека си стигнал... Хуухуухухуху едвај чекам да те видаааааааааааааааааааааам....
Досега не е било поубаво.Функционираме перфект.Исти карактери.Исти мислења.Се ни се поклопува и е совршено.ТЕ САКАМ !
Денес сум ти многу лута,криеш нешто.Знам дека криеш.А се договоривме дека ке бидеме искрени еден со друг
Кога ќе видам што се лајкуваш на фб ми доаѓа да се убијам. Демек сега ти си жртва што не ти обрнувам толку внимание...ццц а ти кај беше кога мене ми беше потребно внимание бе... Кругот се врти а ти што сакаш мисли...
Не беше ваков пред 1 година, те знам.. ниту пак сме се карале волку периодот, не знам зошто, може дека изгубив доверба во тебе?? Знам нешто криеш али верувај ќе направам се за да откријам.