Повеќе не се среќаваме Горане патиштата ептен ни се разделиле, а замисли си во толку мал град живееме, во исти локали се движеме. Се сеќаваш лани на овој ден? Исто беше прекрасен како денешниов толку многу го исчекував и му се радував ти се врати јас бев толку среќна и исполнета, а зошто? Знаеш вчера толку многу ми недостасуваше толку многу имав потреба да си покрај мене само да го чувствував твоето присуство и ништо повеќе, но тебе те нема.. кој знае каде си, кој знае со кого си... Сеуште плачам кога мислам на тебе спомените толку многу се болни, убиваат. Еј Горане моето срце повторно ќе љуби, моете лице повтотно ќе зрачи и ќе се смее, но нема со тебе, нема за тебе! Тоа е животот тешка борба за преживување, тоа се луѓето злобни, повредуваат, лажат, манипулираат, изневеруваат, тоа си ти Горане проклет да си!
Посакувам да беше малку поотворен. Да не ми го кажуваш она што сакам да го чујам туку она што навистина го мислиш. Ако ти пречи нешто, кажи ми, ако сакаш нешто од мене, кажи ми, ако обожаваш нешто кај мене, кажи ми. Не молчи јас не знам да читам мисли, поради ова, џабе ми се толку години со тебе, јас не знам ништо за тебе, а и ти за мене. Ако мислиш дека сум грешка би ти поставила едно просто прашање- Која ми е омилена глумица, кој ми е омилен пеач, омилена песна, или пак омилен филм. Се обложувам во било што дека немаш поим! Каква е таа врска и дали може да успее без доволно комуникација?!
Дојде петокот што ми го вети: го облеков убавото црвено палто, го ставив омилениот парфем, ја обоив косата, вдишав длабоко и излегов на есенскиот ветер. Да те чекам тебе и да ти докажам дека иако моите чувства не се толку силни како твоите - сепак ми значиш. А ти? Ме остави цела вечер да се соочувам со испитувачките погледи на другите и самата себе.. Сега не знам дали се молам да ме побараш назад или никогаш да не се појавиш.
Вчера кога се враќав по ладното ми текна на претходните зими. Кога бевме заедно без разлика колку е ладно, ти беше тука да ми ги топлиш дланките. Сфатив дека овие се првите ладни денови без тебе. Заклучив дека ќе морам потопло да се облакам
Мило ми е што денеска за прв пат кажа извини, не би сакала тоа да се повтори иако мило ми беше што го слушнав од тебе инат невиден... само размисли понатаму како се понашаш, од љубовта до омразата границата е мала, не знаеш како девојче може да се смени со такво твое понашање.
Знаеш, се се врти, никогаш никој не стои на исто место. А не ми се допаѓа улогата на ладна не заинтересирана девојка.. Девојка на која и е сеедно каде си, дали си се јавил, дали си дошол да ја видиш..Не ми се допаѓа бидејќи ако влезам во таа улога нема да ја сменам никогаш, такава ќе бидам засекогаш. Навистина ли го сакаш тоа?
Конечно дојде и тоа што постоеше само во моите желби кон тебе. ДА те направам подобар човек. Да те соочам со вистинскиот живот. Да извадам грам вистина од тебе. Искреност. Дојде и тој ден да слушнам се што навистина мислиш кон мене, кон светот. А се познаваме година дена. Конечно вистина, а не она што мене ме прави "среќна". Ти го исполна она што го вети.. Редот е на мене.. Дали сум јас подготвена да се сменам заради тебе, заради нас? Зошто долго време ме галеше, а јас те соочував со светтот. Време е да бидиш груб кон тие што го заслужуваат тоа, а не постојано да викаш - Јас само гледам за нас. Спремна сум за промени, но човек не може да се смени од корен. А ти го бараш тоа. Осмели се, направи го првиот чекор. Јас го направив, но дали вреди? И дали ќе се исплати? Илјада зошто, ниту едно затоа.
Ти си најнесовршеното суштество што постои. И, не знам, не сфаќам, како по ѓаволите не можам да престанам да те сакам?
Кукавицо! Ама барем една добра работа сфатив од целава работа: не си рамнодушен! И омразата е некаква емоција... 1:0 за мене
На некои љубовници им треба време за да сфатат дека цело време се само другари. На некои "другари" пак, им треба време за да сфатат дека се љубовници... на нас двајца, знам само дека време ни треба, ама што треба да разбереме,незнам. Сепак,се гордеам со тоа што можам да те наречам другар и да те љубам во исто време...малкумина се среќни да го имаат тоа. Денес ме прашаа дали сме заедно... останав изненадена...било очигледно, ми рекоа.Нашите погледи, бакнежи...Убаво, забележуваат сите освен ние двајца
Аман веќе со твојата трета смена ,бре , не сме излезени ко луѓе ,да му се сневиди!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Фала ти за прекрасниот викенд мило мое,вчера и денес беше преубаво,Фала ти што ме смееш секогаш,Фала и што секогаш знаеш да го кажеш правилниот збор,фала ти што ги воодушевуваш моите секој пат кога ќе дојдиш.Фала ти за тоа што учиш да играш ради мене иако не те натерав јас и што без да кажеш ништо идиш од бутик во бутик со мене и си толку трпелив покрај што јас те брлаам како што кажуваш ти .За 4 дена ќе се видиме повторно,одвај чекам да дојди петок,да шеткаме заедно држејќи се за рака,да играме со твојот внук и да му се радуваме,да танцуваме заедно,да гледаме филм,да се прегрниме и да заспиеме заедно,а наутро да се разбудам крај тебе,да те гледам и милувам полека за да не те разбудам се додека не ги отвориш очите и не ме погледнеш со исти жар и заљубеност како и првиот ден кога ме виде.Аххх ќе биде прекрасно ,чувствувам
Чекор пред нашиот крај...Денес одлуката беше во мои раце. Малку ми требаше да прифатам. Но, кажав НЕ! На лист ги напишав сите позитивни и негативни работи. Размислував многу. Позитивните преовладуваат. Навистина била точна онаа поговорката дека кога некој толку ја сака жената и прави се` за неа..тој и здосадува! Тоа ми се случи. Толку љубов, толку посветеност. Сите тоа го бараат, а јас ќе го отфрлев. Извини за мојата одбивност спрема тебе која ја имав деновиве. Ама бев изнервирана и бесна, морав да ти кажам се што ми лежи на душа + алкохолизирана состојба = повеќе кажани зборови отколку што треба. А и многу болни, те скршив. Леле...што ли се не кажав Господе. Абе молчам, молчам ама кога ќе отворам уста оди затвори ја. Да не филозофирам многу. Да не должам. Ќе ги кажам само зборовите кои најмногу сакаш да ги слушаш од мојата уста ТЕ ЉУБАМ!