Ставам крај на мојата љубов кон тебе.Те засакав во детството и те сакав до ден денес.Но веќе неможам,доволно те носев во срцето но ти ништо не направи за возврат.Денес те пуштам од срцето,за жал толку можев да те сакам точно седум години без барем малку возвратена љубов...Ти посакувам многу среќа и љубов во животот...Се надевам дека ќе бидеш многу среќен...Но знај дека никогаш нема да те заборам...Првата љубов никогаш не се заборава...
Зошто вака е секогаш? Кога во само еден момент ќе помислам дека сум најсреќна и безгрижна, кажуваш нешто што ги руши сите мои надежи за комплетна среќа... А знаеш дека оддалеченоста од тебе ми е најтешко нешто, осаменоста е моја најголема болка...
Нешто што најмногу сакам во денот е да те видам тебе... Ама нема, инает ќе водам вечно ако треба, зошто секогаш кога попуштам мајтап тераш...И може ќе ме боли ама деновиве секогаш кога ќе сакаш да се видиме ќе измислувам по нешто, баш како и вечерва...
Знам дека мразиш разделби, но зарем немаш храброст да ја кренеш главата и да ме погледнеш во очи? Зарем толку ти значам?! Еј, прибери се, ова не личи на тебе... Немам објаснување за моето заминување, некои работи не смееш да ги дознаеш. Помири се со фактот дека ќе ме нема, колку побрзо - толку подобро за тебе. Не ти должам ништо, јасно ти беше уште од почетокот каква сум. Ти го прифати мојот начин на игра, свесно играше по моите правила. Со тебе не бев од љубов!
Страв ми е. Многу. Ми поминува кога се губиш додека лежиме и се гушкаме низ мојата коса и те чувствувам како дишеш... се смешкам од срце. Сакаш кога се смеам колку што јас сакам кога ти се смееш. Кога се смееме. Дали овој пат што го одиме ќе не однесе на добра крајна дестинација? Многу прашања, малку одговори. Знам само дека срцето ми е на место кога лежиш до мене, кога ме гледаш во очи и велиш те сакам ... кога ја чувствувам твојата рака на мојот грб, кога се пикам во тебе како мало невино дете и лежиме во тишина гушнати ... Се друго е неважно. Се е неважно додека те сакам...
Ти благодарам што дојде, ова ми беше една од најубавите вечери во мојот живот а затоа заслужен си ти...Се надевам дека во иднина само вакви убави моменти ке имаме бидејки и двајцата даваме се од себе и заедно се трудиме за да бидеме заедно и да успее нашата љубов.Ти си една од нај прекрасните личности која ја знам, и не верувам да постои некој друг како тебе.Затоа никогаш нема да направам нешто поради кое подоцна ке се покајам а за тоа гарантира неизмерната љубов која што ја чувствувам кон тебе.Мојата љубов кон тебе нема рок на траење бидејки те сакам денеска,утре,засекогаш...
какви сме станале значиии....ставрно неможам да сфатам што е со нас ! Три дена сме како вљубени гулапчиња,а останатите како куче и маче !
Многу грдо се чувствувам, имам некое чувство дека си со друга. незнам зошто :/ А и те нема да ми се јавиш. Бог знае што се случува со тебе.
Ти. Само ти. И јас, по можност. Затоа што ние постоиме. Можеби само во светот на недостижното во некој импровизиран, непостоечки агол со цветови во боја што не ја гледаме, таква некоја од друг универзум, и со бакнежи што имаат тенденција да летаат над главите на сите што ќе поминат. Тогаш тие сите позитивни чувства ги задржуваат за себе, а негативните, сета љубомора и себичност што се збрала во нив ја исфрлаат на минувачите, како што облаците прават со дождот, не мислејќи ништо лошо. Твојата песна е и моја и капките што паѓаат ни држат ритам. Невозможен да се достигне на Земјата, но ние сме во друг свет, па тој ритам ни е лесен и природен. И секоја воздишка, дури и една од тие ладните, ми ја топли душава. Секој милиметар кубен воздух што го дишиш ми е уверение дека постоиш, тука, заедно со мене. И пред десет векови и седумдесет години, во еден од твоите предходни животи (што ги имаш многу, затоа што Постоењето не може без тебе) се важи. Секогаш, и кога не те гледам, а те чувствувам. Иако не знам тоа убаво да го објаснам. Јас сум романтична душа, и таква постојам. А ти, тотем на бесконечноста. Ми дари мало делче од себе си, а јас ќе го чувам како што е очувано твоето Постоење - само во рацете на тие што заслужиле. Јас само тебе ќе те сакам, во секој човек што ќе ми дојдеш. И пријател и љубовник и непријател и родител. Не знам што може друго да се сака. Ти си Љубов.