Ги сакам деновите како денес Ама не ми беше доволно,малку беше Сепак,беше преубаво Неважно каде бевме,колку време и како помина наеднаш времето...Јас...се изгубив,пак Во твојата прегратка Ти кажав некои работи што сакав и мислам дека сфати.А и ти,ми кажа некои работи што сакав да слушнам. И тие зелени очи, кога ги погледнав ,повторно се заљубив И парфемот ме натера да ти се обвијам околу вратот...ех да можев да седам така со денови...И да,убав си,најубав Ми фалиш покрај мене.ДА можев секој ден да бидам толку среќна како овие неколку часа...Ама ќе бидиме нели? Ќе преминиме преку се! Претешко е, да, ама ова денешново не би го заменила со ништо! Ова е среќа за мене (и тоа што би следувало понатаму) ТЕ САКАМ! http://www.youtube.com/watch?v=uwBwKcQ1k84 Underneath Your Clothes There's an endless story There's the man I chose There's my territory And all the things I deserve For being such a good girl honey
Се плашам да сонувам пак. Да те сакам ко што те сакав. Не правам ништо намерно, ја очекувам истата секојневна бура од емоции..., но ја нема. Не ми фали твојот глас, ни прегратка, ни бакнеж. Кога ти кажувам дека те сакам не е на истиот начин, не лебдам, не чекам да ми го возвратиш истото. Сеедно ми е. Ќе те расположувам додека ти е мачно со обврскиве, ќе се трудам да си весел. Сепак не направи ништо големо за да бидеш казнет. Само овој пат ќе те сакам повнимателно и колку и да посакувам да те гледам со исти заљубени очи и да не можам да го дочекам денот кога пак ќе се видиме...не можам. Во секоја расправија учествуваат двајца, а на крајот ти секогаш ја прифаќаш вината. Но не си крив што не можам да ти ги прифатам несовршеностите. И иако срцето те боли кога ти кажувам дека не те чувствувам исто, верувај само сакам да сум искрена. Зашто не знам како да објаснам зошто бегам кога тргнуваш кон мене. Сакам да сме пак исти. Што ми се случи?
После ова вечерва, сфатив дека сме на пат да изградиме нешто сосема ново и могу убаво .. едно цврсто пријателство! И ќе биде, знам. Ти мене ме гледаш како добра другарка, како личност на која можеш да ѝ се довериш за сè, а не како бивша со која ќе имаш малку повеќе од „Здраво“. А вечерва и јас те гледав како таков. Не ми се веруваше, ама да. Сфатив дека подобро функционираме вака, зашто совршено се разбираме. Можеме комотно да си зборуваме за што сакаме, без притоа да се кочиме на секое. Зашто .. јас не ти се лутам што не ме сакаш. Уште од стартот знаев дека не си ти крив за она што (не) го чувствуваш, иако не сакав да си признаам. Знаев. И .. не верував дека уште еднаш ќе чујам Те сакам! од тебе. Вечерва не чув, ама прочитав. И ми го исполна срцево зашто знам дека така треба да биде, и не ми беше криво зашто не ме сакаш повеќе од тоа. И повеќе од доволно ми е ова, зашто е вистинско. Не ми се верува дури, еј. Ќе си ги вратам муабетите во умов вечерва, да се осигурам дека е реално. А утре кога ќе те видам - ќе знам. И .. ти праќам огромна доза мир и топли, силни прегратки, зашто очајно ти требаат. И ќе бидам тука, си знаеш и самиот. Always have, always am, always will.
Знајш дека срцето ми се скина и солзи ми протекоја ко ми рече Ај дојди и ти со нив. Да можев би прелетала или пешки би тргнала уште отсега. Те сакам многу те сакам. Сонце си
Може ми е некој период само, па претерувам. Биди покрај мене како јас што сум стално покрај тебе. Покажи ми дека ти значам, не е доволно само ти да чувствуваш. Добар си и знам дека сакаш луѓето околу тебе да бидат среќни, ама покажи ми и мене дека ме сакаш, нема да те повредам. Нема да те оставам толку лесно. Те сакам
Срекен роденден љубов моја ,штета што неможам да ти пишам,епа знаеш ти го избришав телефонскиот број за да не паднам во искушение да ти пишам колку многу те сакам и колку ми недостигаш,бидејки имаш друга злато мое,несакам да си давам лажна надеж сама на себе,а и од фб те избришав,кога те видов на слика со друга ми се скрши срцето ,знаеш,ти си најпозитивната личност што ја имам сретнато,моите најубави и драги спомени ги имам со тебе не би сакала да ги заборавам,колку само беа прекрасни прошетките со тебе и музиката во автомобилот,никогаш не сум се меела толку во животот,во мојот мизерен живот,буквално се чувствував како да не сум јас,како да сум во некој филм,бев многу срекна како никогаш,покрај тебе се чувствував вредна,штета што не го доживеавме најубавото,штета што не водевме љубов никогаш.Душо моја..знаеш ли дека нема ден а да не помислам на тебе,нема ден а да не заплачам за тебе ,никогаш нема да сретнам некој како тебе,толку харизматичен,интелигентен,шармантен,убав,паметен,со смисла за хумор,толку згоден,е тоа се срекава еднаш во 100 години,а најлошо е тоа што не се разделивме по наша вина,никогаш нема да им простам,никогаш.Сонце мое..колку би сакала да те прегрнам ,многу си далеку од мене,никогаш повеке нема да те видам,никогаш нема да те сретнам,секоја песна ме потсека на тебе,секоја ми е тажна ,(i love you)x1000000 ,те сакам и уште доолго ке те сакам
лут си ми, а несакаш да ми кажеш зошто си ми лут-ко да немаш 33, ко да имаш 13 се однесуваш бе а за таквите лутковци ко тебе има и посвет http://www.youtube.com/watch?v=Wu0WuZnO ... detailpageа па ти толку сакаш лути ми се
Се ослободи од мене..Испадна дека јас ти стоев на патот на среќата. Слободен си. Нема потреба да се криете сега..Мислев да ти пратам порака коа ќе ми дојде, ама како шо глеам ногу се интересираш за тоа, така да и да дое и да не дое, ти никогаш нема да дознаеш.
Можеби ова ми фалеше.. Секој ден исполнет со среќна. Љубов моја ти ова го правиш предобро. Се чувствувам најсаканата на светот. Најсреќната. Ми фалеше ова сето врееме. Не вервував во љубов. И затоа ќе ја направев најголемата грешка во мојот живот ако таа вечер не излезев со тебе. Имам само една желба. А знам дека ти некогаш не одбиваш и за мене го правиш и невозможното. Сакам ова да биде вечно. Насмеани, среќни и гушнати.
И она болното за моемнт го растргна. И она обичното го направи посебно. И годините не направија неми.И опшеството стана немо,никој не беше тука за да не осудува, таа вечер бефме само ние двајца. Не требаше а сепак беше. Нашата љубов е љубов на наш начин...
Не сакам да заминеш, несакам. Толку ми си блиску,а те чуствувам толку далечен... Неможам да замислам како за некое време воопшто нема да го гледам тоа убаво лице... До мене си, а неможам да те гушнам, да ти кажам дека иако секој ден си пред мене-зад мене, проклето ми недостигаш. Сакам да те гушнам многу,премногу, и никогаш да не те пуштам. Да те гледам како се смееш, да знаеш таа насмевка ме освои,твојата харизма и смисла за хумор. Го обожавам твојот начин на размислување. Жал ми е што сме сега толку далечни, за разлика од лани. Заедно со тебе ќе замине и еден дел од моето срце, само се плашам дека никогаш нема да дознаеш колку многу ми значиш, само затоа што несакам да заминеш а јас да останам повредена... Секогаш ќе имаш посебно место во срцево мое, а ако некогаш решиш да се вратиш,јас ќе те чекам....
Неверојатно е тоа колко големо влијание имаш над мене, колку знаеш да ме изманипулираш, не злоупотребувај, ако ме разочараш пак ке ти вратам х1000 Не не, не е тоа бидејки сум глупа, тоа е од пусти страв што поради тебе изгубив многу и не ми е мака, па гледај да не зажалам.. Watcha gonna do?