Мислиш дека ако ми ќутиш ќе се нервирам како порано или пак ќе зборувам повеќе, ќе се интересирам за тебе? Ако сакаш ладно, ладно ќе биде. Нема веќе да ми ја кочиш среќата, нема да се трудам сама и нема да се разочарувам што не добивам што очекував. Ќе седиме двајцата со скрстени раце ако така ти е интересно. А да ... Ти заврши обврската на работа, почна обврска на факултет. Told you so? Сега уште недела дена ќе бидеш безволен, некоминикативен, нерасположен. Ете, тоа ти се случува кога ветуваш дека само ради периодот си таков и брзо ќе помине.
Што да кажам освен дека ме губиш... Ќе се сменам дефинитивно...ете толку малку ми фали, многу, многу малку... Џабе ќе биде после се....
Душо, јас го испланирав викендот. Ама викенд до пријателите, малку далеку од градот. Ти ќе бараш повеќе време. Знам дека во последно време воопшто не си посветуваме доволно време. Ама навистина сакам да ги исполнам плановите. Нема да има многу време за нас, а ти си доаѓаш специјално за мене. Немој да се налутиш. Те молам.
Сакам да те рчкам. Сакам да те буцкам и нервирам. Сакам што си поставуваме наши правила иако сме свесни дека истите можат добро да не изгорат. Сакам што премногу се почитуваме. Сакам што ме сакаш ... Сакам што се одлучивме на ваков чекор иако е преголем ризик... ама кој не ризикувал никогаш ништо не добил, па дали работава ќе биде прероден феникс или пепел преостанува да видиме...
Сакам да ти играм како во зоолошка кај лемурите,ама сега по гаќи,вака: http://www.youtube.com/watch?v=8xuQ0NK5QCU
Значи премногу ме нервираш, ме вадиш од такт.. Џабе е сеее.. џабее!! Нема да се смениш никогаш!! Знам дека ти е криво и дека не сакаш овие 3 години да пропаднат во вода, и мене ми е, ама тоа е.. Подобро сега, затоа што понатака можеби ќе е премногу доцнаа!! Решии се веќее.. Сакаш да раскинеш со мене, а за 2 минути како ништо да не е.. Јас се решив, сакам живот во кој ти нема да ја имаш главната улога, а ти одолговлекуваш!!!!!!! Не е лесно.. И барем еднаш во животов сфати го значењето на моите зборови!!!!!
Јас... Јас не би ти кажала ништо. Би ти ја пуштила песнава само, а ти би разбрал... http://www.youtube.com/watch?v=Fsc-oT9P ... re=related
Јас не знам што имавме. Сериозно, не знам. Имавме многу иако еден со друг се имавме малку. А сепак сето тоа беше толку силно од самиот почеток. Создадовме некаква силна ортома која не спојува до ден денес. Се ежам само кога ќе ми текне затоа што некои работи се возможни само во книгите. Не и во реалноста. И ете...се случи. Сега пак ми текна на тебе. Можеби сум глупава, но јас си знам. И знам дека и ти си знаеш. Памтам кога ми рече дека јас сум таа. Памтам кога ми рече, дека некогаш и негде, јас и ти, пак ќе се споиме и ќе бидеме заедно. Од тогаш, многу работи се сменија и ние изградивме животи паралелни и далечни. Дури и престанав да мислам на тебе...иако знаеше да излезеш на површина од некоја моја мозочна вијуга полна со спомени. Ми се растресоа колениците како првиот пат кога ми призна дека ме сакаш. Како вториот пат кога ми кажа дека сеуште ме сакаш. Како третиот пат кога ми покажа дека ме сакаш. Како четвртиот пат кога несакајќи почуствував дека ме сакаш. Необично и мрднато, каков што си ти целиот. Необичен и мрднат. И необично и мрднато пак се сретнавме, а јас се молев да не се струполам и да не те пречекам со паѓање во штикли кои би летнале до Белинбегово место со гушкање до крцкање. Хух! Среќа! Се случи второто. И тој твој длабок поглед меѓу трепки...ама јако Сеуште си моето мутле иако не си мое, и на некој начин никогаш не си ни бил, а сепак си бил, мој. И јас твоја. Секоја тишина можев да ја сечам со нож и не затоа што беше непријатна, туку затоа што беше пријатно пополнета, и секој поглед можев да го одлепам како од филмска сцена претворена во сликовна налепница - и да си ја залепам во некој свој споменар. Во некој албум со сликички наречен живот. Мој живот. Не мора човек да си се дообјасни понекогаш. Една насмевка, и се ми е јасно. И што е најважно, не морам на никој ништо да му објаснувам. Доволно ми е што ти ме разбираш без изговорен збор. А јас знам да ти го протолкувам секој поглед и невин, случаен допир. En passant. Се ежам, буквално се ежам, како може нешто што не е, да е повеќе од што и да е. Знам дека така ќе биде засекогаш, макар нашите паралели се одалечиле и на повеќе од ова. Или пак се приближиле, кој да го знае што не чека. И пак некогаш и негде, ќе се сретнеме како сега. Bisous...најчисти и најневини на свет. Каков што беше и нашиот прв допир и прва средба. Шеќер си и страст си во едно, и беше, и си бил, и знам дека пак ќе бидеш. Ми иде да се вратам назад во некоја точка од животот и да ти ја разбушавам косата, онака мераклиски. Мх! Ти благодарам премногу. Ме натера да сфатам некои работи тогаш исто како што несакајќи ме натера да ги сфатам и сега...а ни самиот не си свесен и не знам дали некогаш ќе бидеш. Затоа што јас, нема да ти кажам ништо. Тебе и онака тишината сама ќе ти шепне.
ах срце мое порано или подоцна се знаеше дека ќе заминеш но наеднаш вчера кога ми кажа ми беше неочекувано ти веќе само еден ден си таму а веќе ми фалиш што ако не се вратиш што ќе правам јас без тебе ми рече да не те чекам но јас друг во мојов живот неможам да замислам како што ти рече дека никогаш нема да ме заборавиш.......... :'( :'( :'(
Не знаеш колку си ме израдувал со видеото што ми го прати прееска. Сто пати го стопирав делот каде што се смееш. Мислам дека една од работите што најмногу ми фали е твојата позитивност, искрена и неодглумена. Тмурни се луѓево околу мене периодов, ме утепуваат со безвезни муабети и ми ја цицаат цела енергија ко крволочни пијавици. И милион проблеми и обврски ми се надвиснаа над глава. Ни сама не сум свесна како секојдневието ми стана толку хаотично. Тоа е чудо како може некои карти да ти се поклопат во бош време. Туку ни роденденот не го доживувам така еуфорично годинава. Знаеш дека досаѓам ко мало дете уште 2 месеци уназад, ама сега јок! Осеќам зимава ќе бида долга и ладна. Јеботе не можеше подалеку да отидеш!
кога и ако би се средил некогаш во животот... би сакала да напраиме муабет за се што беше... ќе лажам ако кажам дека не сакам да имам никаков контакт со тебе. мене ми останаа добрите спомени... добар човек беше... знам дека тој сеуште се крие во тебе... Затоа, еден ден кога ќе пораснеш, можеби ќе правиме муабет. И двајцата ќе бидеме возрасни тогаш.