1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Jaс кренав раце од тебе.Видов колку ти значам.Знам како со тебе од сега па понатаму.Нема да те барам јас.Не сакам...
    Се правев наивна само за да не се караме,за да не се растажиш, а сега ти ме растажи со твоето отсуство.
    Не ми е сеедно да ти кажам.Ама некогаш морам да покажам заби.Страшно ми недостигаш признавам ама не знам до кога ке тераме вака....Јас ти ја нудев мојата помош а ти ја одбиваше.Ти ја нудев мојата љубов а ти ја чуваш за резерва.Навистина ке почнам да мислам дека во мене е проблемот.
    Не знам ни која е причината за ова отсуство ама знам дека ке имаш одговор и за тоа.Како и секогаш имаш одговор за се а јас ке молчам и понатаму.Ех да знаеше колку љубов се крие во мене,ех да знаеше.
    Не можам да ги контролирам емоциите...А сакам...навистина... ми пречат.
     
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Мили знаеш за два дена ќе имаш гостинче :party: :D.Колку само ти е среќен гласот и сјајот во очите кога ќе го кажуваш тоа,ах со ништо не би ја менувала таа среќа во тебе и сакам секогаш да ја има.Знаеш,да не се согласев да бидам со тебе кој знае каде ќе не одведеше животот и што би ни приредил,но знам дека не сакам да сум без тебе ни секунда и дека јас не би била јас и ни малку среќна од ова што сум денес со тебе.Некогаш кризираме,далечината си го зема данокот и не оддалечува,но колку повеќе не оддалечува толку повеќе не зближува секој миг бидејќи прави да си недостигаме проклето еден на друг,а со тоа и ја зголемува нашата љубов.Самата помисла на тебе ме возбудува,ми летаат пеперутки секогаш кога ќе ти го слушнам гласот.Да.заљубена сум во тебе и секој ден се повеќе и повеќе се заљубувам во тебе и нема крај таа вљубеност која што ќе трае вечно.
    Во петок можам само да замислам колку горд ќе бидиш држејќи ме за рака и одејќи низ улиците на градот.Не знаеш колку ми е мило што и јас ќе направам нешто за тебе што знам дека ќе те исполни целосно и ќе бидеш среќен.Душле мое ти си целиот мој свет.Ах Те Сакам :inlove:
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.995
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам.. :hug: :mm:
     
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Преубаво си поминав вчера..
    Не очекував дека толку многу ке се приврзам за тебе, одамна се немам почуствувано толку сигурно во присуство на едно машко..
    Ми значиш :inlove: навистина ми значиш
     
  5. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Te сакам. Многу... :l:
     
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не знам што ти поминува низ глава деновиве, ама што и да е...многу ми се свиѓа :*
     
  7. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да знам што планираш ти со мене да правиш? Се обидеов да те заборавам...не ме оставаш, а пак вака незнам на што сум...
     
  8. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Засекогаш ќе те сакам,незнам дали знаеш, и секогаш дел од тебе ќе живее во моето срце..
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.934
    Пол:
    Женски
    Време е да си се искажам во темава,знам дека дадов збор дека нема да пишам но мислам дека е фер да споделам.Не се сеќавам пред колку време го напишав последниот пост овде,всушност не е ни важно.

    Мил Давид
    После нашето раскинување и твоето заминување во Америка,секој тргна по својот пат.Замина далку и си продолжи по својот пат,понекогаш прашуваше преку други за мене,еднаш и ми пиша.
    Каде бев јас во целава приказна летово?
    Сама,осамена,со срушен свет,размислувајќи каде погрешивме.Броев денови,месеци,часови до твоето враќање.Размислував за нашата средба.Правев филмови како би изгледало кога би се сретнале после толку време.
    Времето минуваше,деновите се одбројуваа,желбата за да те видам беше се поголема и поголема.

    Пристигна денот кога ти се врати,а јас како избезумена мечтаев за да те видам.Вчера добив порака "Дали си слободна вечер да се видиме"?,потпишана од тебе.Го гледав мобилниот и неможев да поверувам,пораката ја прочитав сто пати.Заборавив и дека треба да ти одговорам.После некое време ми се јави,реков ало,од другата страна на линијата го слушнав твојот глас,а јас се парализирав целосно.
    Ме праша уште еднаш,дали сакам да се видиме.Ти кажав само да,кажи ми кога и каде.
    После неколку секунди од тебе добив,дојди на клупата кај последната зграда.Која клупа Давиде?Истата таа која што ги крие нашите средби,онаа која молчи за моите солзи и воздишки?
    Времето минуваше,се спремив и се качив во лифтот.Ми се јави уште еднаш ме праша каде сум,ти кажав еве доаѓам.

    Одев полека,во тој момент мозокот ми беше исклучен,чекорев кон клупата,го исклучив мобилниот бидејќи не сакав никој во тој момент.Давид стигнав до клупата,ти седеше.Дојдов пред тебе,ти стана од клупата и ме прегрна.А јас Давид?Јас воскреснав,те гушнав толку силно,што мислам дека ти ги здробив коските.Почнавме муабети,како ти било,како си живеел таму.Јас те слушав,неможев да си поверувам дека е можно да размислуваш така.Не си веќе оној стариот,ти таму си созреал.
    После многуте поставени прашања од моја страна за твојот престој таму,настана тишина.А јас неможев повеќе да издржам.Те прашав како ти оди во животот,дали се заљуби повторно.
    Од тебе го добив ова "Немаше ништо сериозно,а како би имало,кога еден дел од мене остана овде кај тебе".Ме праша дали ми фалеше.Ти го раскажав секој момент кога неможев да издржам и сакав да ти пишам,секој момент кога заспивав со солзи,секој момент кога се каев што така постапив во одредени ситуации.Тогаш ми потекоа солзи.Ти ме прегрна а јас неможев да останам рамнодушна и да не се согласам на бакнеж.Повторно ги пробав твоите усни,на таа иста клупа,а бакнежот траеше и траеше.
    После овој дел што и да напишам би немало смисла....

    Давид,среќна сум,денес цел ден го поминав со искрена насмевка на лицето.Утрово пак се разбудив со топлина во душата.
    Не се бројат моите непреспиени ноќи поради тебе,не се бројат ни солзите.Малку се во споредба со моите денешни насмевки,малку се.

    ТЕ САКАМ! КАКО НИКОЈ НИКОГАШ!
    МНОГУ ТЕ САКАМ ДАВИД!
     
    На Salome, Ella.313, Noemi и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Срце,спремај салата,мртва уморна доаѓам од работа-Те сакам :inlove: :*
     
  11. n.a.t.y

    n.a.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Јас сум тука, но мојот ум патува, патува низ многу ѕвезди. Чувствувам болка, се чувствувам осамено, солзите навираат, неможам да се воздржам, плачам... Одеднаш како брза морска плима навираат необични чувства доловени од сопствената мисла. Се вракам во минатото, се потсеќам на убавите вечери поминати со тебе, треперам, од возбуда чукањето на срцево забрзува. Ги затварам очите и го гледам твоето лице... во овој момент само сакам да те видам, да те бакнам, да се доближам до твоето уво и во шепот да ти кажам:" Ми недостигаш толку многу " ...
    :l: Те сакам Jimmy :l:
     
  12. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    зошто мораше повторно да ме разочараш?! ;(
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    92.255
    Пол:
    Женски
    Се ладиме, а?
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.753
    очигледно дека јас и ти злато мое имаме повеке заеднички страни од колку што мислев :lol:
    незнаев дека си толку огнено момче, самиот поглед те издава-пази да не се заљубиш :!: :D
     
  15. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Вистината е, јас без љубов не знам да живеам. Барем не откако те запознав. Иако претходно бев страшно неемоционална и не разбирав како може срцето да се стави пред мозокот, можам да кажам дека само сега целосно живеам. Само едно нешто се смени. Сеедно ми е на кого ќе ги дадам сите чувства во мене. Ама моментално си ти тука, така да, ти си среќникот :P
    Само копнеам да има кому да му го разведрам денот, кога ќе му биде тешко да знае кој ќе го насмее, да знае дека има до себе личност која простува, заборава и почнува да живее со полни гради. Го намалувам говорењето, зашто оттука произлегоа сите проблеми. Сакам ова вака да биде, комуникацијата не ни чини, тогаш не требаше така да постапиш бла бла. Не ме интересира веќе. Прави го она што сакаш да го правиш. Ако не ти се зборува, не ми се јавувај. Ако не те интересира како сум, не ме прашувај. Ако не ти се излегува од дома, затвори се. Ако ти се вика, ќе те ислушам. Ама знаеш што? Веќе нема да бегам, нема да оставам се` на тишината и нема да седам со скрстени раце. Весела сум и среќна сум и дури и оваа нервоза да ти трае долго, јас ќе ти се смешкам. Зашто нема да дозволам да допре до мене.
    Велат најубавите работи носат со себе големи тешкотии. Лесното не ти дава шанса да пораснеш и да видиш од што си изграден. Нека е тешка, несфатлива и бескрајно комплицирана оваа наша љубов. Јас не го сакам едноставното.
    Сум била тука за куп непознати луѓе, а за најмилите се грижам најмалку. Можеби зашто ги познавам, па сметам се доволно силни да се справат со тешкотиите. Тоа ќе се смени.

    Ајде да сонуваме заедно. Ќе грицкаме лижавчиња во бои на виножитото, ќе јадеме шеќерна волна, ќе ми ги топлиш рачињата во зима и ќе правиме ангелчиња. Ќе биде посебна, знам. Првата зима со тебе :) Светилките даваат некој посебен шарм, не мислиш така?

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, teddybear и marama им се допаѓа ова.
  16. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Шо направи од мене? Мртва сум. Никогаш на никого нема да верувам. Никогаш никого нема да засакам. Толку верував во нашата љубов..во тебе.. Па имаш ли ти срце? Како можеш да бидеш среќен со неа после сето ова? Како можеше така лесно да ме замениш? Па пред 3 недели правевме план за тоа кога да се земиме? Пред 2 месеца посака бебе со мене.. Како можеше волку да ми го свртиш умот? Нели не ја сакаше? Нели не можеше без мене? Нели мене ме сакаше? 6 години ме сакаше бре.. 6
    Нека ми удри некој шамар силен да се свестам. Да се разбудам. Да продолжам да дишам. Да продолжам да живеам.. Што и да кажам залудно е. Што и да мислам залудно е. Реков дека год. поминати со тебе ми се најубавите год., ама деновите што поминаа и тие што доаѓаат ми ги загорчуваат сите денови со тебе. Се каам за секој миг поминат со тебе.Се каам што те сакав, што те запознав. Еднаш си ветив себе си дека нема да дозволам никогаш повеќе да се заљубам. Си го прекршив тоа ветување кога се заљубив во тебе. А ова ми е казната.
     
  17. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Те сакам!! (АМА ДЕКА СИ ЃУБРЕ ЃУБРЕ СИ, БЕЗ ДИЛЕМИ)
     
  18. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    планираш да правиме нешо или..? ^.-
     
  19. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Te сакам . Фала ти на убавите зборови.
    На убавиот ден.
    На убавите вести.

    Животот со тебе е прекрасен!
    Сакам се со тебе.
    Те сакам.
    Немаш појма колку ми значиш душичко.
    Ајде утре е нашиот ден. Нашата 27ка.
    Ќе го славиме нели?
    Те сакам премногу.
    Некогаш ме фаќа страв што би правела без тебе, ако некогаш се разделиме...
    Никогаш не би те преболела....
    Ах, колку само те сакам!
    <3 :* :* :*
     
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    25.834
    Пол:
    Женски
    Овој период, па се до рана пролет, ноќите имаат специфичен мирис, на студ.
    И секое вдишување ме враќа наназад, на онаа зимска вечер, кога за прв пат те бакнав.
    Секогаш ќе го памтам тој момент, тоа чувство.
    Ти си мојата среќа.
    Те сакам!
     
    На Miss.Ricci, L-enna, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.