Не ти,ти...да,ти...може да ми се скинеш са курца и да не ми беседиш како треба и што треба зошто злато мое,ти поим немаш...од ништо! Протнуваш убаво завиткани нешта кои од внатре се трули, едноставно кај вистинските суштества кои сакаат,живеат, бијат,понираат убост... нон пасаран кај оние кои навистина живеат онака како што ти беседиш и кажуваш. Она кое ти го правиш е бесчувствително и безобразно,а зборуваш за некои слаткости кои животот може да ги сплете со црвено и бело, но ти душо моја, ти си само една к*рва за внимание, ти си само еден просјак кој крши табуа, ти си само една езопова басна... Убава,но нереална. Јас танцувам и чувствувам,јас водам љубов и чувствувам, јас влечам линии по бели и нерамни површини и повторно чувствувам. Кажи ми, дали само примерокот на среќа се важи само онака како што тебе ти е намирена совеста?! Кажи ми,кој е последниот мирис, човечки мирис,освен мајчиниот кој совршено добро го поминиш?! Мирис со кој можеш во главата да и го нацрташ телото какво и да и е, да и ги почувствуваш прамените низ твоите прсти, да ја наречеш своја?! Сериозно, скини ми се са курца, не остана тука ниту една емоција. Храброста е нешто кое ти недостига за да се наречеш маж. Никогаш не сакав да носам пар муда,зошто и физички не можам, а и ... досадно е да водиме некои си емоционални игри на трпение каде има само губитници. Не го пишувам ова од љубов,јас и понатака ќе се грижам за тебе,ама ко за познаник... Се изгуби и ти се изгуби низ тие твои философии за постоењето,мислејќи дека си супериорен ум кажувајќи ги истите работи повторно и повторно... Еднаш да имаше храброст за било што,онака утрински, свеж...тебе најчесто ти доаѓаат сите тие нешта само кога ќе одмине денот и ќе настане чудна атмосфера кога си повеќе атрофиран и тап. Не ќе напишев ништо,ама знам дека ќе прочиташ...Па да си знаеш...Немој ти мене да ми зборуваш за животот...ти на кој егзистенцијалните прашања му биле решени и ти кој никогаш во животот не требало да одлучуваш. Не,тоа не е ништо за кое треба да ти се суди,напротив, алал нека ми ти е,ама немој да бидеш судија на оние кои не ја имале привилегијата...
Баш ме интересира дали ќе се јавиш на нашиот ден. Дали воопшто ќе ти текни. Џабе те фалев цел ден..Ама крајот го краси делото. Па ајде да видиме... Љубов моја. И кога ќе ги извадиш шајките од оградата, дупките остануваат!
Не ми се верува дека можев и јас така да се заљубам и секој ден се повеќе и повеќе да те сакам, ова не сум јас
Нека ни се множат годините,злато мое! Те сакам најмногу Секој ден да ни биде поубав од претходниот...
Јас грешам, или ти добро лажеш?! Знаеш дека е вистинска реткост јас да погрешам. Лажеш, и тоа многу добро. Но не доволно добро за да ти поверувам. Знам се`... Можеби ќе беше подобро да не дознаев!
цела нок не можев да заспијам од хормоните што ми беа немирни вчера немаше прилика денес ке ја имаш да ме оладиш оти збудалев скроз на скроз
Те сонував...Поточно, сонував дека си кажал нешто убаво за мене, на една од љубоморните коковчиња што не може да поднесе да не види заедно...
Koлку го чекав овој викенд. Колку бев убедена дека ќе излегуваме, ќе пиеме, ќе се забавуваме. Дека заедно ќе си се гушкаме во креветче...ќе гледаме филмче. Кратко кажано, да уживаме! И што се случи? - Јас се разболев. Кашлам, кивам, носот ко чешма ми течи. И згора на се и температура! А што е најтрагично нема да се видиме едно 15 дена. Епа се разочарав. Значи друг пат не смеам да планирам нешто. Кога планирам тогаш се пропаѓа во вода. Life is what happens while you are busy making other plans.
Решен си а?да ме напуштиш?ке ја почитувам твојата одлука...се надевам дека еден ден ке се појавиш.Збогум злато.Искрено те сакав.
Втор ПМС без тебе. Делот меѓу папокот и ластикот на боксериците. Е таму да ти дојдам. Roaaaaaaar!!! За добро утро едно блоуџабче, мхм... Безобразно дрско те посакувам еј!
Никогаш не успеа да ме сфатиш. Сите мои прекорувања беа за добро. Секое лутење зошто повеќе не се јавуваш на пауза или зошто кога ќе ти пишам не ми враќаш и ме оставаш да чекам без да знам што се случува, не се од преголемо его. Секоја ситница што си ја правел покажувала некоја почит кон мене. Тоа што ќе издвоиш една минута додека јадеш за да ме прашаш како сум, тоа што кога веќе нема да можеш да комуницираш, ќе ме известиш и ќе кажеш дека имаш друга работа. За тоа требаат максимум 15 секунди. Се лутев, да. А сега оставам да биде како што сакаш зашто не можеш да разбереш. Не разбираш дека тие ситници ни го правеа големото. Сега јас ќе те сфаќам дека си презафатен и дека немаш време макар и секунди да ме известиш да не чекам. Ќе сфатам, не е проблем. Не сакав таква врска, ама нека биде. Ќе се опуштаме. И тоа што веќе не се грижам, не е за да не те повредам. Треба да се прашаш кај згреши што се изменив. А ти реагираш бесно. Ете тој бес многу пати ме избрка од тебе. И синоќа, баш посакувам да бев до тебе да видам дали ќе го исполниш тоа што го кажа. Да видам баш дали си способен да кренеш рака на мене. Од тоа бегав, од тоа се плашев и докажа синоќа дека и тоа можам да го предизвикам. Што и да сум кажала, постои начин на кој можеш да ми вратиш. Постои збор, најди го доволно болен за да ми се одмаздиш. Зашто кога те гледам во такво расположение, ме сечеш. Одамна не немаше Нас, сега уште помалку. Најлошо е што никаде не си ја гледаш вината. Не гледаш до каде те носи гневот. Наместо да се лутиш што сум ладна, требаше да се потрудиш да ме освоиш. Ти само пак ме оддалечи. Не ме боли, се навикнав. А тебе те повреди токму тоа што мене веќе не ме боли. Сакаше да страдам ради тебе, да се потресувам, да плачам. Никој што вистински љуби не и го посакува тоа на саканата личност. Јас немав друг начин да се справам со проблемите, со врската која тоне. За што и да сакаш да ми вратиш, иако намерно ништо не ти направив, те оставам. Ако си така посреќен, слободно. Будала си да мислиш дека јас би сакала да страдаш. Не мора да ми кажеш дека нема да дозволиш. И јас не дозволив да страдам веќе. Не ти го префрлив тоа тебе. Колку и да се трудев да бидам оптимист, ваков човек ко што си станал, не го гледам до мене. Ајде, само побрзо нека заврши. И онака веќе ништо не е исто.