Hе можам да заборавам ниеден момент поминат со тебе, приврзана сум за тебе ко да си парче душа од мене. Пар балади и ете солзи, ете милион флешови поминуваат низ глава, ете ги зимите на -5, 10 поминати надвор, тотално небитни температури кога бевме еден до друг, тотални небитни места кога се гледавме и љубевме. Mилион песни, милион бакнежи, милион Tе сакам, милион погледи, милион заљубувања од ново, милион подрипнувања кога разговорот ќе заврши со насмевка, милион насмевки. Hе можам да се откажам од тебе, не можам, не сакам. Hе сакам да престанеш да ме сакаш. Hе сакам да престанеш да ми кажуваш колку сум убава. Hе сакам да престанеш да ме допираш. Hишто не сакам да престане, само нека трае . . . Tе сакам многу.
Замисли пред некое време почнав да пишувам во тефтер рецепти за јадења кои ги сакаш за да можев да ти ги правам кога ќе се земевме.А ти никогаш и не си ме сакал вистински. Ах колку време ќе ми треба за да се ослободам од сите овие мисли? И уште ме боли кога ќе те замислам со неа, со било која. Зошто? Зарем престанав да вредам? Како избледеа чувствата? Зошто бараше да ти простам? Зошто ме сакаше на крштевката????? Ми се гади, неможам да јадам, не можам да спијам. Се обидувам да бидам силна, да не мислам на тебе, да не мислам на вас. Секој пар на улица, секоја карирана кошула, секој збор, се ме потсеќа на тебе. Каде е човекот што го сакав? Каде по ѓаволите е човекот што ме сакаше??? Некој го убил него, а ти ме уби мене...
Ам... шознам.. Некако не ми е до муабет. Ете пак ми е мака, не ме сфаќаш. Ок е, станува навика. Човек на се се навикнува, нели? А ти што го заборави нашиот ден, а јас ковав и реализирав планови...?! Тоа не се рачуна нели? Ах ах ах.. Ајде и овај пат ќе ти простам...И тоа станува навика. Се е навика. Незнам друго што да ти кажам. Се навикнувам на се. Се обидов да те променам ама кој.. не оди. А, и шо било то на секоа ѕрнкање а јас кај другарка ми си правиме муабетче... На секој 15 мин тииииииииииит тииииииииииииииииииииит. Е на ова незнам дали ќе можам да се навикнам човече! Ете паааааааааааак тиитттттттттттттттттттттттттттттт -.- Ах ах ах !! И ова ти е тебе навика?! -.-
Прекрасен си, во секој поглед, прекрасен си.. Се чудам како успеваш секој ден се повеќе и повеќе да ме освојуваш Почна да ми стануваш потреба, сакам да те гледам секој ден, да можам и по 24 часа What's into you that makes me feel so nice?
Sorry baby, ама морав... Иако сега ми е тешко, знам дека донесов права одлука... Жал ми е ако те повредив...
Те молам во иднина научи за некои работи да кажеш НЕ, НЕМОЖАМ! А, не тука изиграваш шофер на целото твое мало
Јас и ти за нашите бивши и сегашни Кој ќе речеше дека можеме да изградиме другарски однос, м? Ама ако баш ми е пријатен муабетот со тебе, ептен!
Скалтка ли е цигарата после с*кс? Слатка ли ти беше тебее оваа вечерва? Кажи ајде, не страми се! Еднаш во животот биди маж!! Биди ти!! Престани веќе да ми глумиш. Те знам!! Многу подобро од што мислиш. Уште едно обично го*но! Да тоа си! Смачено ми е веќе и од нашава глума на заљубеност. Смачено ми е од нас, од тебе. Ме уморуваш. И добро е што не ти се дадов онаа ноќ. Барем сега нема за што да се каам. Ете не бевме ништо. Сега тоа и останавме. Хххаххахахаха иронично. Болно до срж. Ајде, барем нема да имаш грижа на совест за ова вечерва или колку и пати претходно да било. Нека ти е!! Јас овде ја завршувам играта. Чиста за разлика од тебе!
Те обожавам, не само затоа што ме сакаш, туку многу повеќе, заради тоа што си спремен да ја браниш таа љубов кон мене, од сите љубоморни души околу нас
Уште малку и ќе се видиме Не знам што ти стана вечерва,чудно се однесуваше и малку се замислив,зошто секогаш мора од банално нешто да правиме расправија?Ахх не знам што ти е ,но знам дека утре кога ќе те видам се ќе помине и ќе заборавиме на се .
Има нешто што те мачи, чувствувам. Зошто несакаш да споделиш со мене? Знам, таков си . Секогаш болката ја собираш во себе. Кажи ми полесно ќе ти биде. Неможам повеќе да ги гледам тие солзи во твоите очи што ти навираат, а ти упорно ги потиснуваш. Сигурно е нешто сериозно, те јаде од внатре. Ама ајде кажи ми пто е? И јас се нервирам сега?
Убаво ми е со тебе, ми се чини те знам цел живот.. И денес дојде дури до тука да ме видиш, да знаеш дека ми е мило..се повеќе ми го плениш срцето И знам дека си повреден, ти верувам! Но време е да заздравиш, што и да се десило во таа врска, знам дека треба да продолжиш, со тебе сум, се ке се среди, но само доколку и ти сакаш да се среди.. Жал ми е што таа врска врз тебе оставила трага, трага која очигледно е сеуште тука, само за едно се секирам, да таа трага не влијае врз нашето.. Ти верувам кога тврдиш дека ти е убаво, и дека многу ти се допаѓам, и дека си способен повторно да љубиш.. Но и рече дека се плашиш да љубиш како да го сватам ова? Од почеток не сакам да имам преголеми очекувања, знам дека секогаш тука грешам.. Но послем оваа вечер не знам како се чуствувам, збунето, имам толку многу прашања.. Неописливо
Се чувствувам запоставено Ко се да ти е поважно,ко јас да не постојам во твојот живот Едвај еднаш да се видиме,и тоа пошто јас пак најдов шанса да дојдам.Како јас наоѓам шанса а ти не? И ништо неќиш да кажиш,ко да не е важно кај си и со кој си...Епа неможи да си шеташ кај сакаш,а јас да не знам,а и како за шетање имаш време,а да се видиме или за да дојдиш немаш? 3 сати се! Можиш да тргниш рано и да стигниш.НЕ сум преку земја. Или поќе ти одговара да сум настрана,а? Е не можи веќе така! Тука сум,треба да мислам и што понатаму,а не да се заебаваме тука! Ти имаш дом,имаш работа,гајле ти е. А да,како еднаш не си прашал како ми е,како јас се чувствувам? Мислиш мене лесно ми е? Ништо не правам и уживам? Или само ти си важен а? Што не си ми кажал еднаш комплимент? Ќе речиш тоа што го чувствувам кон тебе се чувствува...Епа јас не сум видовита да читам мисли и само од однесувањето да прочитам како се чувствуваш,што ти значам...А па и ако судам по однесувањето,испаѓа дека ништо не ти значам. Нареден пат нема да идам ако не се договориме за повеќе време. Вака испаѓа само јас да правам за нас. Смачено ми е! И не,не е во ред! Уништуваш се од пред неколку дена! Што правиш? Ништо. Кај шеташе? Тука. (????) Ако прашам уште со кој, не ги познаваш. ПА шо ми е гајле како ќе ги запознаам ако не ги кажиш? Ми иди се да ти карам! И жими се,упм нека оди се! Ако не ти се вклопувам во животот и ако ти е поарно така без мене да си го живееш СЛОБОДНО КАЖИ САМО! Некни,ко сеедно да ти беше шо се видовме. Ни збор не кажа,муабет не направи. ДА,ок,почувствував дека ти значам,ама...не можи така! НЕ Е ДОВОЛНО И ТОЧКА!
З. многу ми е убаво што си ми тука блиску, што те гледам кога ќе посакам, што знаеш да ми се јавиш без причина. Сакам кога ќе ми донесеш топло печиво, па дур јас грицкам седејќи на нашето место ти ме гушкаш и топлиш. Но, некако ми се изгуби желбата за сето тоа. Брзам со заклучоците, посакував да се случи нешто повеќе меѓу нас, но сега сум сигурна дека е толку. Се ладам додека ми зборуваш за неа, па за другата, па за третата... Можеби би било подобро за тебе да се смириш со неа или пак да останеш сам некое време. Совет: Кога ќе запознаваш нареден пат девојка не зборувај толку за бившите љубови. ................... А со тебе би лапнала една лесковачка, те каде си, ај донеси