кога му кажував на психијатарот што ми се случило од последната сеанса па наваму сватив дека јас направив грешка што откачив еден за да се гледам со тебе а другиот одбив да го запознаам-ти бе човеку не вредиш за тоа, толку сум оладена кон тебе(причина твоето однесување) немам коментар-и ти ги открив лагите(во кој влез живееш дури и дознав каде си живеел ) а многу сомнително ми беше смеењето на една девојка кога те виде-што ли не ке дознаам јас за тебе е сега да дознаам дека си и бивш наркоман , нема да ме чуди ама ке дојде и тој ден кога ти ке си ја чукаш главата од зид ама верувај доцна ке ти биде
http://www.youtube.com/watch?v=BEUnc9dNlk4 Еве од што многу те сакам, не средината, абе цела палачинка ќе ти ја дадам Spoiler Мисс ју
Оти си бе толку фин,м? Гледаш, гледаш ли каква сум никаква, ако некој не чини, се нервирам оти не чини, кога некој чини, оти чини. Ништо не ми се погодува. Една другарка ми рече да те фатам и да не те пуштам. Проблемот настанува, што ако всушност ти ме фатиш и ти не ме пушташ? Баш ме интересира разврската на настаниве.
И после толку поминато време без тебе јас,сеуште не можам да те извадам од мислите.. а зошто ? Знам преубав си
Иако сме блиску те чувствувам толку далеку. Иако сум со тебе се чувствувам толку осамено.ТИШИНАТА МИЛО МОЕ успеја да не победи и кога сме заедно таа не милува а не зборовите како некогаш.И незнам што претставува ова крај ќе кажее
Нека биде наш нов почеток. Доволно ми е да знам дека се срамиш од тоа што го кажа, доволно е што ми призна дека излетало, а никогаш не си помислил да ме удриш. И треба да ми е доволно што ти си почувствувал врел шамар од мене, без позначајна причина, а ниеднаш не ми било вратено. Ми значи што ми вети дека ќе се обидеш да се смениш, да го контролираш бесот, само да бидам трпелива. Ти ниедно ветување немаш прекршено. И некогаш колку и да се големи и неоправдани моите барања, нема да ги разбереш веднаш, но на крајот пак се обидуваш да го смениш тоа што ми смета. Сфатив. Ти смета секоја друга комуникација освен во живо. Што и да ми пречело, не се дискутирало по телефон или интернет. Во ред, ќе го смениме и тоа. Ќе го смениме и тоа што ти префрлам за не-гледањето, а секогаш ти си тој што доаѓал кај мене, ќе смениме и околу не-јавувањата. Ништо нема да форсирам. И онака се` очекував од тебе, а и направив да зажалиш што си се вработил. Убаво ми е да знам дека сакаш да станеш посериозен и одговорен, да заработуваш, за да ни ја планираш иднината. За да имаме дом и поскоро да бидеме заедно. А јас ти префрлував дека ја ставаш работата на прво место, уморен си, мене ме нема во целата приказна. Извини. И пријател си ми. Кога сум тажна ради тебе, а тебе срцето те боли, ми ја креваш главата нагоре и ме учиш. Никој да не ме види со наведната глава и секогаш да бидам со насмевка на лицето. Ни јас не сакам да плачеш ради мене. Да гледаш колку ми е страв да ме допреш. Гледам како те крши, како се веднееш за да ги скриеш солзите. Ама таа 10 - минутна прегратка, кога за мене пак беше мојот Р. , ме врати назад. Сега се надевам кога си ги знаеме работите што ни пречат еден кај друг, ќе биде поинаку. И не, не мора да ми се јавуваш по 10 пати, веќе не се лутам Ќе ти ја дадам слободата, ќе ги тргнам тензиите, ќе ги намалам очекувањата. Она што сакаш да го правиш за мене нека ти извира од срце, не по моја желба. Ќе помине некое време додека почнам пак да летам, само биди трпелив. И онака тоа ти е посилна страна.
Те сакам поради начинот на кој знаеше да ми го убиеш стравот. Те сакам поради ретките, но никогаш заборавни бакнежи од кои наеднаш зовривам, образите ми стануваа пеколно црвени, а во стомакот ми се разбеснуваат оние смешни ајкули. Те сакам затоа што без тебе се` ме боли и затоа што без тебе мојот свет не е цел. Те сакам затоа што знаеш да ми се налутиш, знаеш да ме раплачеш, но и за исто толку време знае и да ме насмееш. Те сакам затоа што ме сакаш и се бори против тоа. Те сакам затоа што наводно не сме еден за друг. Го сакам од инат. Го сакам затоа што не сакам да го сакам. Те сакам и тогаш кога мислам дека не те сакам. Те сакам дури и тогаш кога велам крај. Дури и тогаш кога велам збогум.
Биди силен! Јас сум тука за тебе, со нашето Дома. Те чекам. Секогаш. http://www.youtube.com/watch?v=TWYoIoqJURA
Знаеш што ме нервира највеќе , кога ќе се исклучиш. Не знам дали има таков човек на планетава. Се е супер во еден момент а следниот ја имаш фацата која воопшто не ја сакам налутен до максимум готово ќе тепаш некого и се исклучуваш исто како телевизор. Џабе и муабет да ти се прави, не сакаш да разговараш. Најтрагично е што нема никаква ебана причина ти само така..се исклучуваш. Јас се нервирам, јас патам зашто си таков?? Мора да се најде некое решение за ова твое ненадејно исклучување затоа што мене ми е лошо после , јас мислам цела вечер каде сум погрешила. Секогаш ја префрлаш вината на мене за било што, секогаш.
што ти е проблемот на тебе бе изненадувањето па изненадувањето-ако толку сакаше да знаеш што е , ке се појавеше вчера ама си бил на работа-ко божем или вистина да се заколнеш во животот нема да ти верувам а додека јас дознав и каде си живеел, и дека било тоа под кирија, кој живеел во сегашниов стан во кој живееш ти-само не ми е јасно како си живеел под кирија до пред некое време а сега имаш свој стан-БЕЗ помош на мама и тато ако те боли главата не сум крива јас-крив си ТИ малото бебе го боли глава-кутричок тој и не ме закачај оти сум во ПМС има се да ти изнакажам што сакам да ти кажам сето ова време па никогаш во живот нема да се видиме
Тука ги поминавме сите годишни времиња. На овие клупи те замарав со моите проблеми. По таа патека заедно молчевме. Знаеше дека тишината ми е потребна. На една од тие клупи ни се случи првиот бакнеж. До неа остана празното шише вино и заборавената ташна. Секое делче од тоа место ме потсетува на тебе. Каде љубовта се случи, другарството продолжи и љубовта пак се врати. Таму те прашав дали сеуште ме сакаш. Те советував да се заљубиш во друга, да се оддалечиме и да ме заборавиш. Сега шетаме таму како пар. Знам дека не менуваме многу места, но дали знаеш дека само тоа го чувствувам како наше? Само таму ми е убаво. Во секој паднат лист има спомен. Во водата, мовчето, во секоја заљубена двојка не` гледам нас. Кога чекорам по тој скоро распаднат мост намерно ме плашиш, зашто знаеш што кријат тие внимателни чекори. Ќе купевме сладолед, чоколадо, пуканки .... и ќе уживавме во смиреноста на водата. Го сакам паркот ради тебе...
Е, ова е мојата тема. Тука ја споделувам мојата среќа, која ти ја создаваш. Тука ја оставам мојата тага, мојата нервоза и солзите кои ти ги предизвикуваш. Тука можам се да напишам и потоа да не се каам за ништо. И на крај пак ке останат тука моите зборови, моите мислења заробени низ бројките на страниве. Запаметени... Значи знаеш и можеш да ми ги избришеш солзите, да ја претвориш тешката грутка заробена во грлото во една сјајна насмевка за еден момент. Ти можеш се! Имавме и среќни и тажни моменти. СЕга можам да се пофалам дека конечно, реков конечно, се ослободив од твоето минато. Повеќе не ме демни. Не ми е опсесија. Знаеш како рекле : Најголемата човечка слабост е да го слушне она што не сака да го чуе. Сакав да дознам се, како дишеш, што ти треба, што имаше, што ти фали, што те пали. Дознав и тоаа што сакав да го слушнам а во истиот момент ме уби. Се опоравив и пак сме заедно. И секогаш ќе сме. На добар пат сме. Те сакам.
Не барам од тебе ништо освен да бидиш искрен со мене... не сакам да ме залажуваш а јас напразно да верувам. Ме утешуваат твоите зборови „те сакам, ти си ми се..“ но не знам зошто го имам тоа чувство дека не го мислиш тоа. Можеби сме различни во сваќањата на некои работи ама знај дека ако ми ја пружиш љубовта која ја барам јас ке ти пружам двојно повеќе... те молам направи нешто за да поверувам во твоите зборови, сакам дела.. И покрај тоа што сите ми велат дека си погрешен за мене, јас пак ќе те сакам таков каков што си и ќе бидам до тебе секогаш.. и самиот кажа дека сме совршени заедно, диви карактери со нескротливи очи. Ако искрено ме сакаш тогаш речи ми да почниме сериозно, ако не остави ме и не залажувај ме повеќе.. дури не е доцна да се помирам со судбината. Би сакала да го знаеш ова, Те сакам маче мое! <3
Ела дома да го пробаш најубавото јадење ever made!! Ем сум секси, ем паметна, ем знам да готвам најубаво. Шо сакаш повеќе?
И јас не сум човек на место, сакам да ти кажам дека не сакав да те повредам па зато не си ја испочитував мојата одлука, види сега колку те сакам! За да не те повредам тебе се повредив самата себе! Не сум таква личност да повредувам некого, ама сум навикнала да ме повредуваат! За да не бидам одвратна, повели... Its your turn baby... I wait the moment..