Длабоко во себе знаев дека постоеше добра причина за која беше отсутен.Срека моја што другар ти ми објасни се пресрекна сум...ти повторно си покрај мене. А ние жените секогаш си правиме филм во главчињата без да знаеме што навистина се случува.
Замисли се сретнеме пак. И не се познаваме. И се почнеме од почеток. Не дека претходно се познававме.
Зошто се јави? Не, не сум те заборавила, но и не мислам на тебе. Добро, понекогаш, случајно ќе помислам, не на тебе, туку на моментите поминати заедно. Не ми недостигаат, ниту ти. И ништо не осетив кога пак ти го слушнав гласот. Јас продолжив понатаму, ти си тој кој не можеш. Ти си оној кој прв се јави, кој прв пиша. А, ти кажав тогаш да не ми се јавуваш веќе. Сакам да заборавам на се’, на тебе. Ти упорно ме потсеќаш. Доста веќе. Нема веќе.
Не знам што да кажам.Ме остави без зборови.Првиот пат кога ја видов пораката бев ваква: Немаш појма колку ме изненади.Јас мислев дека си заборавил на се.Многу ми е мило што мислиш на мене.Од друга страна, страв ми е дека си создавам илузии, се ова е предобро за да биде вистинско, барем за мене.Премногу е ова за мојот живот, јас немам волку многу среќа.Цело време имам чувство дека сонувам и дека во еден момент сонот ќе заврши, ќе се распрсне како балон од сапуница, а јас ќе останам со празнина во себе.Не знам што да мислам.Ќе оставам се така како што е, ќе видам што ќе донесе утрешниот ден... П.С. изгледа не сум била до толку speechless колку што мислев дека сум
Многу работи имам да ти кажам. Оваа вечер и немавме многу време за да размениме мислења. Ама доволно е што толку блиску ја чувствувам нашата љубов. Би сакала веќе се да се врати во нормален ред. Доста беше мачење, доста.
кога ке ми текне дека до пред недела-две ти пишував дека многу би ми било тешко да те заборавам, колку пари на кредит потрошив за пораките кои ти ги пишував ми доага еден да си удрам заљубена-изгубена ама сега веке ги согледувам работите какви што се, и ништо чудно ако ми станеш фак бади и добро пријателче-страста ја има, ама повеке од тоа не верувам(како не го согледав тоа на самиот почеток незнам) и како што гледаш можам без тебе фацичке(сакаш нејкеш тоа си) и најискрено тип како тебе да се заљуби невозможно
Секое утро се разбудувам со истите мисли, треперејќи.. почнав да ги мразам утрата.Се ужаснувам од помислата дека еден ден ќе ве сретнам заедно, заљубени, држејки се за рака, како нас порано..ми иде да вриснам од болка кога мислам на тоа..Посакувам никогаш повеќе да не те сретнам, никогаш да не те видам, никогаш ништо да не слушнам за тебе.. Посакувам и ти да ја почувствуваш мојата болка..Да не можеш залак во уста да ставиш, ни водата низ грло да не ти минува, да дремиш пред компјутер чекајки да те побараат, да го проверуваш моб. на секои 10 мин., да чекаш, да се молиш, внатре да скапуваш, исто како мене сега.. Не знам како ми дојдоа тие мисли дека ќе ми понудиш брак на роденденот, само се надевав.. И надежта ја мразам, прва нека умре.
Понекогаш се чувствувам како да сум родена за во твојата прегратка. Како да сум родена за ти да ме бакнуваш, ти да ме милуваш. А понекогаш се чувствувам како јас да сум родена за нешто подобро. Како да заслужувам нешто многу подобро од тебе. Знаеш зошто е тоа така? - Затоа што си променлив како времето. Еден ден ќе се чувствувам сигурна до тебе, сигурна во нашата љубов, спремна да се борам против се и против сите. Вчера беше тој ден. Вчера уживав во нашата љубов, во твоите бакнежи, во нашата среќа. А денес? Денес мислам дека таму некаде ме чека нешто подобро. И знаеш што е најлошо? Што и двајцата знаеме дека нашата врска нема иднина. Се мачиме веќе 3 години, а знаеме дека за една година се ќе заврши. Не дека ја предвидуваме иднината, но знаеме и двајцата што ќе не раздели. Не би успеале ние врска на далечина. Ти не можеш да го прифатиш фактот дека ЈАС сакам да учам и да бидам нешто во животот. Тоа за жал ќе ни ги уништи сите овие години. И затоа веќе нема многу да се трудам, кога знам дека се ќе заврши.
Како не ти е срам?Имаш ли ти душа воопшто?Или цело време пред мене си бил со едно лице, а зад мене со 300 други лица? Ме сакаше и на почетокот, или цело време си се преправал, м? Што сакаше од мене? Секс? Да бидам добра девојка со која ќе се ожениш? Или едноставно сакаше времето да ти поминува со мене? Да, врската во последно време ни е срање, не ни личи на врска...ама да се правиш толкав светец, да се правиш како се јас сум злобна, лоша, ја расипувам врскава,а ти ми пишуваш и се трудиш цело време, и на крај тајно да си се уклучуваш и да не ми пишуваш? Што мислеше, ќе ме излажеш? Си седел ти, си слушал песни, си бил на фб, и одеднаш ај да ја прашам оваа да не знае... Јас може сум била љубоморна, може сум се дерела, ама не сум била дволична и погана како тебе. Зошто и ми се смируваш, зошто и ми пишуваш ако не ти е искрена љубовта?Што е работава со тебе?? Заради твоите е, нема да знаеш што да кажеш ако раскинеме?! Дај бе човек...или биди искрен, или не ме ни барај...И вака ми е тешко, а не па уште и некој лажно да ме милува...
Срцево ми прерипува страшно е чувството. Те молам биди разумен, не можам повеќе верувај ми. Ако сакаш кажи ми ама кажи ми го тоа одма да ми олесни на душава а не да се мачам дали сакаш да бидеш со мене или толку е од нас. Ме боли..