Претерано многу ми фалиш.Копнеам за моментот кога повторно ќе те видам и ќе ги осетам твоите бакнежи и прегратки.Единствено ти си она што ми фали за да бидам комплетна.Пресреќна сум што конечно ја разрешивме нашата ситуација и што ми докажа дека не згрешив кога одлучив дека сакам да бидам со тебе.Твојата искреност и добрина потполно ме купија и направија во мене да се пробудат чувства,за кои се чудев зошто до сега не сум ги почувствувала.Од ден на ден ми стануваш се подраг и само се молам и понатака да функционирааме вако добро како и сега
Прво ме изнервира...потоа ме изненади...па ме направи да се смеам до солзи...па ме разнежни како никогаш до сега...па ме гушна најсилно...и завршивме уживајќи во креветче. Браво за тебе душо.
Иако прво се нервирав и се пцуев што ти купив подарок кој воедно не си го заслужил воопшто, сега немаш појма колку ми е мило што сум ти го купила подарокот. Многу сум среќна што ти се допадна цедето. Знаев дека ќе ти се допадне и токму поради тоа и го купив, ама искрена да бидам не очекуваш толку да се израдуваш и да прифатиш да го земеш. Знаејќи те каков си кога се во прашање подароци. Ама кога те гледав така радосен не можев, а да не заплачам од среќа. Не знаеш колку ми е мило и убаво кога си радосен, а на некој начин јас сум причината за тоа. И сега едвај чекам во живо да те видам и да ти го дадам подарокот. И во живо да те видам како се смееш. Плус таман ќе имаш оригинално цеде од John Frusciante кое ќе можеш да си го пушташ во кола кога ќе возиш додека врне. Те сакам.
Јас си го кажав своето и повеќе немам намера да полагам сметки. Доколку ми веруваш океј, доколку не пак океј. Ќе прејдам преку двете, можам да кажам дека сеедно ќе ми биде што ќе избереш зашто знам дека моето си го направив, јас се потрудив и сега останува само на тебе. Барем кога ќе помислам во иднина и ќе се навратам, ќе знам дека вредело што не сум седела со скрстени раце.
И оваа вечер ја поминав будна лежејки на креветот чија постелнина мирисаше на препознатливиот мирис на мајка ми, мед млеко и рози. Знаеш, размислував, веќе неколку ноќи по ред. За нас, за се што доживеавме... Те запознав кога бев дете. Сеуште раните од паѓањето од точак не ми беа заздравени, а веќе почнавме некаква љубов. Не бевме свесни дека толку далеку ќе отидеме...Те гледав како мојата отскочна даска, како мојот билет за возот на возрасните. Толку брзо сакав да пораснам... Со тебе како топче од флипер отскокнував, созревав, учев и постојано ја слушав твојата реченица: Животот го проживеа со мене. И да, така и се чувствував, дека целиот живот на тебе го потрошив. Луѓето околу нас веќе не научија. Како да сме парчиња од сложувалка, кога сум без тебе ме гледаа ко не целосна. И домашните беа согласни со тоа. Многу пати се фрлаше на маса некоја шега на наша сметка, поврзана со нашата иднина. Само ќе ја ставев на лице горчливата насмевка, знаејки дека секоја шала крие во себе и вистина. А ти, толку возбуден,амбициозен и сериозен, цврсто застанат на нозе сонуваше за своите планови. Занесен од магијата на парите, скоро секој разговор го водеше небаре си голем бизнисмен говорејки со жар во очите за деловни вечери, зделки, кеш, гламур, елита, а јас, ти и младоста наша умираме... тивко, полека и сигурно умираме...Колку, ох колку сакам да го зграпчам животов, денов, овој момент сега. Да се почувствувам young, wild and free, да лудувам како куче пуштено од ланец, да пијам како локална пијаница во понеделник, да сите мои пори ги исполнам со младолики спомени, што утре ќе им ги раскажувам на внуците, да не останам вечно закована вака, бидејки YOLO-то во мене, тек допрва ќе се разбуди!
Слушнав дека ќе заминеш во странство...Ќе заминеш ама јас никогаш нема да те заборавам.Јас сеуште те сакам и сеуште се надевам за нас...И да заминеш твоето срце ќе остане во мене.Иако јас сеуште се надевам можеби никогаш повторно нема да бидеме заедно...Но знај дека никогаш нема да те заборавам.Ќе те сакам до крајот на мојот живот..Еден ден може би пак ќе се сретнеме на нашата уличка,можеби пак ке бидеме заедно...Но останува времето да покаже се.Многу те сакам и знај дека сеуште те чекам и ќе те чекам до крајот на мојот живот.Те Сакам...
Лелее, што мораше да одиш? Денес цел ден спобудалев без тебе. Многу си ми потребен сега, баш сега како никогаш друг пат. Многу ми е тешко после моментот кога ги „отворивме картите.“ (како ти што велиш) И извини, што цело време неосетно те повредував со зборови, што зборував и тоа што е за кажување и тоа што не е, ама сега знам како е и ветувам дека ке се воздржувам.
Боли. Премногу. Се плашам ненормално за тоа дали ти ги имаш изгубено чувствата према мене. Те сакам повеќе од што можеш да замислиш. Но не го покажувам тоа. Можеби тоа ми е грешката? Може затоа и двајцата се однесуваме ладно? Мислиш дека не ми е гајле? Зборувај со мене, се уште сум истата. Само уште повеќе заљубена во тебе, ако е тоа воопшто можно... Ветувам дека ќе бидам потопла, само отвори се повторно према мене. Те молам, никогаш не сум дозволила до сега да бидам зависна од некој, но рака на срце, ти пробуди многу работи во мене кои никогаш не сум ги дозволила ни помислила дека се во мене.
После дооолго, типично женско анализирање на работава, сфатив дека стандардно ги преувеличувам работите што не е само типично женски, туку и типично раковски (читај: типично за мене) Си направив договор со себе дека за почеток, ќе оставам се да се движи само од себе, нека не води времето, судбината, а може и твоите желби, не е проблем.Оној момент кога ќе ми личи паметно да се качам на сцена, да ја истакнам мојата улога во комедијата Јас и ти (да не речам Ние ), ќе стане интересна ситуацијава, а до тогаш, уживај
Ете, за тие ситници зборев. Да ми се заблагодариш кога ќе дојдам да се видиме, колку и да ми е обврска и сосема вообичаена работа. Наместо оние страсни бакнежи, да ме погалиш по лицето, ко да сум најнежното суштество што постои. Така ме гледаше на почеток, со доза на страв и срам. Ќе ти легнев на нозе, ќе ги споеше четирите прсти од раката и полека ќе минуваше по образите, носот, устата, косата... Фала што ме врати во тоа време. Сакам се` со тебе бе дете. Да пешачам додека нозе не ме здоболат, држејќи те за половина, да одморам на клупа со чоколадно млеко во рака, да ми купиш американски крофни, дома твоите да не` пречекаат со штипска пастрамајлија... Да ги храниме животните, да ги сликаш, да се воодушевуваш од лавот кој патем го претставуваш, да му помогнеш на детенце да го нахрани коњчето Малку ми е. Некогаш те сакам романтичен и нежен, ама се`повеќе ми фали тој жар во очите кога бев во твое присуство. Таа желба за мене, неможност да ме оставиш и да ти е малку секој момент поминат со мене. Да ме молиш да останам, а да не ме пушташ така лесно зашто обврски те чекаат. Сакам да се навикнам. Ама тешко ми оди. Тој твој умор ме спречува да ги видам сите чувства кои досега си ги покажувал. И колку и да си позитивен, јас не сакам да се лажеме дека ќе е подобро. Само мора да се прифати. Само сакам да сфатам дека ме сакаш исто колку порано и да не се сомневам веќе. Ама проклето е тешко.