Заборави се што поминавме заедно? Заборави се што ми кажуваше? Заборави јас се што направив за тебе? Заборави дека пред еден месец оваа вечер дека беше најубавата наша ноќ,а сега си со некоја од твоите курви? Убаво ти е на тебе со неа,а јас тука плачам за тебе,плачам што те изгубив и плачам што дозволив да ми го направиш тоа.Браво за тебе. Ти со тоа ништо не изгуби,ама јас многу изгубив.На овие години со тобе ја направив најголемата глупост и повеке не вредам.Вреди ли толку да се нервирам за тебе и да плачам? Многу те сакав и секогаш ке те сакам,ама повеке нема ништо да биде.Да јас сум едно глупаво и наивно девојче,а ти што си бе? Идиот,искористувач и најголемиот лажго. Те мразам повеке од се.
ДА не мислеше дека пак ќе преќутам се? Е не.ОВај пат,не кажувам ништо повеќе,ама ќе правам! И ќе осетиш.ДА видиш како е ладно однесување. Кога ти можиш ништо да некажуваш,нема ни јас. Гледам денес поинаку некако збораше...Епа мило ми е што си сфатил барем нешто. Show me more! I deserve more! Aјде еве ти еден бакнеж за добра ноќ,ама само тука Иначе не ти кажувам.Ако ми пратиш,ќе ти пратам
абе лажго еден нели ми рече на 2ри ќе се вратиш ама на другар ти незнам како му се испушти или не се воздржа па ми кажа дека утре одсабајле ќе бидеш дома вахвах едвај чекам да те видам
Глупавиот септември си замина. Тргам нов лист на календарот гледам Мики и Мини под чадор куп листови есенски околу нив насмеани заљубени и вечни другари , зарем не ветува повеќе.......ми изнуди насмевка .
Ми течат солзи , реки виорни и не знам ни зошто течат....Се пуштија сами , се решија , време е...Четири години те чекам......чекам како мало дете што искрено сака и чека чоколадо .....чекам да сватиш дека јас сум таа... твојата најмила... го чекам тој прстен од првиот ден кога те запознав....не го дочекав, а веќе немам ни сили да го чекам...Искрено те сакав и се надевав дека ни ден нема да губиме од овој таканаречен жибот , да бидеме заедно и да си створиме фамилија..Знаеш ли колку сакам детенце ...Знам дека знаеш...Знаеш се...Знаеш дека те сакам , дека сум спремна , знаеш...Зошто ми го губеше времето..требаше да ми кажеш дека не си спремен....Ќе сфатев...А вака ...Многу ме сакаш...само има време...Е знаеш што...Нема веќе време....нема ни ден , ни ноќ.. ни секунда...Уште сум млада , секси , убава и фина , не знам кој не би ме сакал...и пред се искрена...Пустава моја искреност еден ден можеби ќе ме убие....Нема силна сум јас... можам многу повеќе....
Можев да те сакам ама ти не го сакаше тоа. Знам дека сега се сврте кругот, но немаш храброст отворено тоа да го кажеш. Жалам доцна е, многу... 1-1 сме, иако не сакам да играм игри ми се допаѓа резултатов.
Несвесно си до мене, те гушкам во креветот, ти лежам на гради и те чешкам, а ти задоволно се смешкаш. Се превртуваме, се гриземе, се љубиме. Се држиме за раце и се гледаме низ трепки меѓу воздишки. Ти си пресвртот во мојот живот, мажот покрај кој станав голема девојка. Клише, ама ме допре како никој, никако и никогаш досега. Те имам под кожа, низ вени, меѓу издишувања. Претрчи со прсти по мојата кожа, остави твои отпечатоци. Секако сум твоја. А ти, ти си почетокот и крајот на мојата нирвана. И кога паѓаа ѕвезди и гореа свеќи, и кога се деревме и трескавме врати. Ти си дозата адреналин и седатив, а јас сум зависна.
Смотан еден... да ти кажам кој ме вика на кафе ќе треба да се убиеш ... И тоа на прв муабет. Од тебе муабети секој ден, кафето нигде го нема... Смотко, реков јас!!!
баш вчера размислував, незнам како на тебе ти изгледам јас , но не сум така наивна како што ти изгледам ми текна дека познавам еден твој колега лично, ама ти незнаеш дека јас го познавам него и дека тој ме знае мене-се работи за вториот маж на тетка ми братучедка ми, зет ми и внуците живеат во истата населба во која живееш ти-ти си неколку години помал од неа па би требало да те знае ама несакам никој да разбере за тебе, оти ова не е нешто сериозно
Многу те сакам, всушност никогаш не престанав да те сакам..... а ти , ме сакаш ли ? само тоа сакам да го знам.
конечно ти текна да провериш меил и за што да ми кажеш, дека си настинал мислиш дека ако си настинал ке те сожалувам бебе едно море бронхопнеумонија да добиеш веке не ми е гајле
Морам да те пофалам за во петокот, ме изненади пријатно, не олекував. Фала ти душичко... те сакам се повеќе и повеќе и ајде јави ми се те чекам, да не се успа бе ти да не треба да те разбудам