Те сакам. Те обожавам. Не знам со кои зборови да го опишам тоа што го чувствувам за тебе секојдневно, а повремено тоа чувство се зголемува. Сакам да имам можност секојдневно да те гледам како се смееш, како се радуваш, сакам јас да бидам причината за твојата среќа. Сакам секојдневно да седиме на клупа еден до друг како што правевме вчера. Сакам да се смееме, да се „караме“, да се убедуваме, да ми објаснуваш математика и да се нервираш бидејќи не сфаќам, сакам да ти кажувам колку ти е лош ракописот, сакам да ми збориш за Ливерпул, да се тапшаме по рамо, да се „навредуваме“. Буквално сè сакам да правам со тебе. Од добри и лоши до грди и убави нешта. Ги сакам деновите како вчера. Кога сме блиски и кога се ме потсетува на времето кога сè ни беше така убаво. Јас ја сакам зимата кога бевме блиски. Ти ја сакаш зимата општо. А можам и јас да ја засакам ако повторно ми пружи убави моменти со тебе.
Ама трткало си, ќе те чекам сеа сто саати да се најадеш. Ама ти незнаеш дека мене ми е тешко, мешето ме боли и не сум ич спиена и пак те чекам оти сакам да те видам. Ај побрзо јади и да испагаме ми се пие кафе и да одам дома да си прилегнам троа.
Ти велам оди, а срцево те моли, те преколнува да останеш со мене. Солзите се тие што ме издаваат иако се правам силна. Како срце мое да продолжам без тебе, секој ден бевме заедно, како ќе можеш да ме утешиш кога ќе ми биде тешко, како ќе ме прегрнеш да се почувствувам заштитено, како ќе можам да те видам кога ќе посакам, како ќе ме бакнеш за лека ноќ. Мислев дека нема да ми биде тешко, се убедував сама себеси дека малку ќе одморам и ќе размислам за се. Сега како што се ближи денот се би дала да те задржам до мене, ах колку само те сакам... Ќе ми недостигаш љубв моја
Снагава ми се тресе... немам зборови да го опишам гневот во мене... Прекасно сфатив.. Самооо.... тркалото се врти....нема да го пропуштам моментот!
Ќе те чекам. Ќе те чекам иако одиш на крај на светот, ќе те чекам да се вратиш. Ќе те чекам со насмевска, со љубов. Ти го заслужуваш ова, дури и многу повеќе. Ќе те чекам на дождот, како тогаш, ке те чекам на снегот кој го сакаме и двата. Ќе те чекам на ветрот кој го сакаш и му љубомориш кога нежно го допира моето лице и ја вее косата. Велиш дека е романтичен. Ќе те чекам на клупата наша во Охрид, местото каде се заљубивме. Ќе те чекам кај училиштето, кај нашиот прв бакнеж. Ке те чекам кај кафичот, каде го испивме првото кафе. Ќе те чекам на мостот, кога ме крена бидејќи ми беше страв да го поминам. Ќе те чекам бидејќи нашата љубов го бара тоа. Ќе те чекам вечно. Ќе те чекам иако ке заминиш Словенија на магистерски. Ќе те чекам. Засекогаш.
Aбе никогаш не си сам за да можиш да разговараш со мене. Нели ти беше тешко кога неможеш да ме слушниш ова..она...
каква ли ти беше твојата мила фацичка кога дозна дека сум аплицирала за во Доха-Катар баш сакам да знам-ех да можев да те видам од некоја страна, нешто многу разбирлив ми изгледаше за тоа прашање, што ти стана а ти си се заљубил во мене а, добро бе за каква будала ме мислиш ти гледам гледам, кога ти кажав дека сум била кај тебе во населба во Четвртокот , ми кажа ај дојди ми кај мене-на памет не ми пага тоа беше тогаш и веке никогаш-не требаше да ти кажам-долга коса краток ум пази да не се потрошиш или да не се помрднеш од место и веке ми здосади само кај тебе дома-на почетокот тие два пати на кафе и толку -ти човеку нешто матиш, или имаш друга, или тооолку не ти одговарам јас на твојот социјален статус, ама има да те притиснам па ке пропееш ка пиленце треба да ти стане јасно како ден, дека ТИ губиш мислам дека кога ке сватиш доцна ке ти биде
Не ми недостигаш ти. Ми недостига среќата со која се будев помислувајќи на тебе, наместо тмурните облаци што ми прелетуваат пред очите сега. Ми недостига како, потсвесно, бев приморана да сум попметна во твоја близина, а ти во моја. Ми недостигаат твоите прегратки, оние силни, најсилни. Ми недостигаат твоите нежни прсти кои што ми ги бришеја солзите и усните кои ми ја бакнуваа кожата по коjа поминале. Ми недостига твојот парфем што го мразам секаде освен на тебе. Ми недостигаат слатките реченици и двосмислени фрази што ги пишуваше за да јас ги отклучам, не дека некогаш ти признав дека ми успеа. Ми недостига тоа што ги трошев сите заштедени пари за наша сатисфакција без два пати да размислам. Само за нас, за никој друг. Ми недостига твојот поглед и говор кон другите, обидувајќи се очајнички да ме направиш љубоморна и да го обрнам сето мое внимание на тебе. Истото го правев и јас. Ми недостига што нон стоп се наптреварувавме кој е попаметен за на крај двајцата да изгубиме. Ми недостига твоето име во пропуштени повици. Ми недостига твојот глас. Но не ти. И сум толку гневна затоа што не раздели детска глупавост, и ти, како постариот, не покажа никаква толеранција, само си застана на страна на слепилото и инаетот. А знаеш дека не е така како што викаат дека е. Ме знаеш. Те знам. И ме боли што мора јас да го превземам првиот чекор за да слушнам колку и јас ти недостигам. Не ми требаш ти во животов. Ми треба личноста што ние ја оформивме, јас кај тебе и ти кај мене. Бледее.
Колку е моќна песнава, сите потреби и чувства се искажани во нејзе http://www.youtube.com/watch?v=NSEAGniv ... re=related
Знам дека сакаш да одиме на Водно неделава, али верувај ми дека неможам, немам време А, стварно сакам, сакам
Навистина многу те сакам ти си ми срцето и душата моја,ти си единствената личност која секогаш ме подржува,која секогаш ми го покажува вистинскиот пат.ТИ СИ НАЈВРЕДНОТО СУШТЕСТВО ВО МОЈОТ ЖИВОТ .ТЕ САКААААААААААААААААААММММММММММММ
Aбе,глуп прчу мој... Се фино ни оди ,лека полека,ама оди битно,кај и да е ќе бидеме одлични Ама,зар стварно мислиш дека ми е гајле оти некоја ти се нафрлала и директно ти нудела секс,или па дека девојчиња по пеленки што се вели,те свиѓале и се влажнеле на тебе...знам не ми рече вака со овие зборови,ама јас си парафразирам. Знаеш дека сум оперирана од тоа,а оперирана сум од тоа што знам дека не си женкар,единствената твоја постојана особина,другите oh well,се трпиш,добро е....да беше женкар,немаше да бидеш во мојот живот 2 минути,впрочем си знаеш ти не сме вчерашни,2 и кусур години не се малку. E да знаеш,сега не ја правам грешката што ја направив на почетокот на нашата врска. Знам дека не можеш да поднесеш ако мене некој ми се нафрла или флертува со мене,лавчино една себична,па затоа мирно ќе си молчам и ти мисли си дека очите им се отвориле на другите откако си „слободен“. И јас не сум за фрлање,какво море,само да знаеш колку би сакале да ме имаат (колку скромно од мене,хахаххахаха). Нема веќе да бидам наивна,оти ти ненамерно или не,ме казнуваш за тоа. Мора еден да биде паметен ако повторно бидеме во врска,а се знае дека жената е двигател на се`. Иако знаеш дека не сум таков тип кој би ти правел нешто зад грб,сепак,овие мали детали ќе ги премолчам понатаму,за наше (идно) добро Твоето теле знае како треба,и не трча на секој втор кој ќе и симне ѕвезди,само за информација,макар што пак ќе кажам-го знаеш тоа. Те сакам,во случај да не знаеш. (интересно било да зборуваш во второ лице еднина,исто како да е тука,хух,ми олесна )
Aбе душо, неможе така. Јас не сум предмет кој ти си го купил и можеш да ми кажеш што да правам. Не, јас не сум ничија сопственост. Немаш право да се мешаш во мојот живот. Сега за сега го носиш само името ДЕЧКО. Јас одлучувам за својот живот. Каде ќе одам, што ќе правам, зошто и како! Јасно!! Еее така сонце, се разбравме...нели? - Вакво однесување повеќе, не. Те сакам
Baby this game is over... Ако не напишеш до 12 вечерва, тоа значи дека не си ми напишал 24ч, утре, задутре пишувај колку што сакаш залудно ќе е, мене ќе ме нема...