1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    види види ти текнало да купиш број на вип, и прво ми титна-мислев друга личност е , и после кога се јави веднаш ти го познав гласот толку смирен, нежен, прекрасен :$ да посакав да си до мене-веке посакав
    и уште глумиш лудило дека не си ти :D мене ли ме најде бе шекерче :D
    ова знам за што е -кога ти звонев од трафиката па сега ми вракаш :P ама ке видиш ти :!: :D
     
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.993
    Ми недостигаш да ти готвам шпагети со поминат рок.
    Ми недостигаш да се бањам а ти да ѕиркаш низ завесата, и да глумиме демек е тоа срамно.
    Ми недостигаш да си возиме точаци по Ленинова во 8 навечер после најжешкото.
    Ми недостигаш да ти купам боза од Апче а ти да ја пиеш легнат со фациче "Не ме карај, вкусно ми е така"
    Ми недостигаш да ми дојдеш дома и да ми ги замирисаш перниците на твојот парфем
    Ми недостигаш да ми викаш "мецо" и мендо, и сите округли нешта што ме лутат а не можам без нив.
    Ми недостигаш да се возиме на жичарата и да јадеме пуканки.
    Ми недостигаш да ми кажеш во сон "Те сакам"
    Ми недостигаш да се опнеме на масичката во дневна.
    Ми недостигаш да ми купиш некое мутаво укравче што ти личело на мене
    Ми недостигаш да ми ги чистиш наочарите.
    Ми недостигаш да...

    Да.
     
    На Mishela, Mrs.Cuper, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    А тоа ли е? Не си љубоморен зашто не излегувам во машко друштво? Ќе се среди и тоа, без гајле. Не го знаеше моето минато, ниту колкумина се заљубиле во мене. Ама сега кога гледам колку си сигурен и колку не сакаш да покажеш дека си љубоморен, да не помислиме комплимент да дадеш, ќе се сменам. Од сега, и најружна да сум ќе се билдам со самодоверба. Тоа што бев пререална, ако не и се потценував гледам ми се удри од глава.
    Ама од утре ќе биде друго. И не, нема да освојувам со миничи и голи нозе. Досега доволно погледи привлекував во патичиња. Чудно за мене, ама небитно. Доволно се потценував и затоа и ти се опушти. Боли кога ќе се дотерам секој на улица да погледне во мене освен ти. Боли да слушам комплименти од продавачи во трафика, а не од тебе. Не дека верувам во вистинитоста. Ама ако секој друг може да пројави некаков интерес, зошто ти да не го покажеш тоа? Ми се лутиш кога сум љубоморна, ама и ти годи. Се смешкаш. Кога јас ќе го доживеам тоа? Кога ќе почувствувам дека ти е страв да не ме изгубиш? Кога ќе бидам привлечна за тебе, кога ќе доживеам таков поглед од тебе? Убаво е да не и дадеш на љубомората да доминира со тебе, ама како ми е мене? Изгледа ти треба да дознаеш повеќе работи. За тоа како ми е мило што сите се заљубиле во мојата внатрешност. Што скоро секој другар посакал нешто со мене. Што кога ќе се потрудам да изгледам убаво, други го забележуваат тоа.

    Сакаш либералност? Во ред. Од утре ќе почувствуваш како е да не дадам никаков коментар кога ќе излезеш со жени. Како нема да ми е грижа која пријателка ти се јавила. Сакаш така, така и ќе биде. Јас ќе ти го билдам егото, а ти ќе ми го намалуваш. Нема да може веќе така. Ќе видиш што е индиферентност и како болат зборовите - Дозволено ти е, Нема проблем, Ако де, гледај си.... Љубомората ако е претерана боли, ама да не се покаже, уште повеќе. А највеќе ако признаваш дека ја криеш. И не помогна тоа што ме шпионираш додека сум со друг. Не мислев на такви знаци. Тоа само ми покажува недоверба. Ако толку ти значам покажи го веќе еднаш, а не да не правиш да се чувствувам ни малку посебно.
     
    На Pelikuna, AngelOfArh, Pirana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Зарем не мислиш дека најлошото чувство е да бидеш заборавен, од некој што никогаш нема да го заборавиш?
    Знаеш што боли најмногу? Да бидеш толку блиску, имаш толку многу да кажеш, а сепак, да гледаш како заминува во неповрат...
    Знам како ти е, знам како е да бидеш заборавен од некој што нема да го заборавиш никогаш, знам како е да гледаш како личноста која ти значела се` - заминува.
    Тоа е тој круг, некој те посакува тебе. Ти ме сакаш мене. А јас, јас го сакам него. Тој е заљубен во некоја личност, која не му ја возвраќа љубовта.
    Обиди се да разбереш, сите имаме ваква личност во нашите животи.
    Во твојот живот, тоа место ми припаѓа мене.
    Ти ме смести таму.
     
  5. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Фала ти што трчаше за мене. Навистина го ценам ова.
    Ти реков дека ќе се променам и еве ме нова само за тебе.
    Знам дека грешев, и тоа многу кога ќе го вратам филмот назад.
    Нов почеток за нас.
    Се радувам.

    Се ќе биде во ред. Среќни сме.
    Се сакаме. Светот е наш!
     
  6. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Како јас ке живеам после твоето признание?

    Знам, јас прва почнав, прва прашав... и добив одговор. Мислев дека јас ти сум повеќе од сите до сега. Дека ме сакаш повеќе од сите. Но сега знам, не било така. Ме разочара. Ми призна дека неа си ја сакал повеќе од мене и од било која, дека те повредила, но помина од тогаш многу време... поминаа години, но тебе таа сеуште ти значи и сеуште твоето срце е повредено.

    Кажи ми што има таа што немам јас? Како успеа да влезе во твоето срце за кратко време? Што направи? За разлика од мене... Со мене одиш долго.. Јас ти бев прва... а и ти мене... Знам дека многу те повредував, дека ми требаше време да те засакам, дека се ти кажував што ми лежи на душата без да помислам дека ке те повредам, барем бев искрена...

    ...А колку чувствував дека сум ти повеќе од другите... Дека сум ти се! Ти цело време правиш да ми е најдобро, ми даваш голема љубов. Ти се предадов. Ти ја подарив мојата невиност бидеќи мислев дека си ти вистинскиот, и си! Покрај тоа што ме повреди, што ми ја кажа вистината си! Размислував... мене ми е толку убаво со тебе, тоолку си прекрасен. А се прашувам како и било неа што си ја сакал дури повеќе од мене? Но таа не го ценелс тоа... те остави... Знам дека се плашиш дека и јас ке го направам истото, дека ке те повредам... ми го кажа тоа... но верувај ми, не би те повредила никогаш!

    Иако сега ми велиш дека јас сум таа која пополека ја лечи таа рана, дека јас сум вистинската, јас не верувам, мислам дека тоа ми го кажуваш бидеќи несакаш да ме повредуваш. Никогаш не си ни сакал... Но и покрај таа болка што ми ја зададе, за која не си ти крив јас ке бидам покрај тебе, ке те сакам и ке го сменам тоа што нечини кај мене. И ке успеам да бидам подобра од неа!

    И да ти признаам нешто... Знаеш ли дека за прв пат ја почувствував омразата? Да, ја мразам НЕА колку ти што ја сакаше. ;(
     
    На Tenkai и thelittle17 им се допаѓа ова.
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    ООО само колку те сфаќам... колку само се сочуствувам со тебе.. и јас го имав доживеано ова истото.
    Целато мислење беше као :o :o исто како да се читам самата себе си.
    Особено последнава реченица.
    Јас тоа го преболев, помина многу време скоро година, не ја мразам веќе, не му ја спомнувам веќе, не се споредувам со неа веќе.... но верувај никогаш нема да биди исто. Никогаш.

    Ќе постирам една песна во која многу се пронајдов во тоа време, а верувам и ти. :?:


    http://www.youtube.com/watch?v=AN7_LxLvnLE

    Само не очајувај. Се ќе си дојди на место.
     
  8. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    МИ НЕДОСТИГАШ ... МИ НЕДОСТИГАШ САМО КОГА ДИШАМ

    Да, знам дека помина доста време...Да, знам дека немаме веќе никаков контакт... Знам дека јас бев виновникот...Знам дека сеуште ме сакаш... Знам дека сеуште те сакам...Знам дека други се вмешаа во нашата љубов...Знам дека ме одделија од тебе...Знам и дека успееа ... Знам дека не смеам да ти пишам...Знам дека те повредив... Знам дека те барам во секој еден,те гледам тебе во неговите очи.Но тоа не си ти.А не сум ни јас таа што бев. ... Знам дека морам да те заборавам... Знам дека утре некоја друга ќе стои на мое место ... Знам дека ќе ја сакаш така како што можеш ти да сакаш,со цело срце,безусловно...само немој да ја сакаш како што ме сакаше мене... Нашата љубов беше посебна... Знам дека никогаш нема да ме заборавиш ... Знам дека уште се надевам дека еден ден пак ќе бидам со тебе... ЗНАМ СЕ ЗНАМ ... само едно НЕ ... НЕЗНАМ КАКО ДА ЖИВЕАМ БЕЗ ТЕБЕ
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сонце мое,ти благодарам за прекрасниот викенд,за сета љубов,нежност и внимание кои што ми ги подари.Направи да се чувствувам толку посебно како никогаш до сега.Горда сум на тебе што успеа мило мои и што сите те гледаа со почит и ти се восхитуваа.Мило ми е што видов ти како се чувствуваше ,дека ти беше прекрасно и беше пресреќен,а уште помило и поубаво ми е што јас направив да ти биде така мило мое.Утрото кога ме гледаше и галеше,ме бакна нежно и ми рече дека сум твоја лепотица никогаш нема да го заборавам.Направи да летам од среќа кон небото,да се осеќам сакана и почитувана и ти и твоите дома,а и другарите.
    Знаеш,си ја замислувам нашата свадба и како ќе ни биде во иднина,ние ќе создадеме наш дом,наше гнездо полно со љубов,внимание,нежност каде што ќе трчкаат дечиња,секоја вечер ќе легнувам и наутро ќе се будам крај тебе.Ми се допадна во твојот град премногу,го осеќам веќе како свој бидејќи ти направи да се чувствувам така мило мое.Се надевам дека наскоро ќе дојдам пак и ќе се шеткаме и уживаме заедно.Те Сакам Најбескрајно :* :inlove:
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ти не знаеш една работа. 22 години бев искрена, внимателна, добра, грижлива. Од вечерва станав глумица. Моето извини не е вистинско. Зашто немаше за што да се извинам. За што да се извинам? Што ме убедуваше дека туѓото пуштање не е тоа туку јас си умислувам знаци? Што ни еднаш не сакаше да прифатиш дека друг се интересира за мене? Убеди се себеси, мене не мораш. Си ја знам историјата со таа личност.
    А сега, ќе бидам најпопустлива и нема да направам испад што ќе ме казниш и нема да се јавиш за добра ноќ. Од денес, мојот живот ќе има поинаква организација. Ќе бидам и зафатена и меѓу луѓе, па да ја видам тогаш реакцијата. И веќе никогаш, НИКОГАШ од мене нема да чуеш дека не сум убава. Иако ме убедуваш дека не треба да се менувам, уживај. Знам јас како треба. Самодовербата ќе биде толку голема што ти ќе се полниш со комплекси. Најмалку го очекував ова од тебе, а дури сега го гледам. Дека тебе ти одговарало да се потценам и да не видам колку вредам.
    Душо, ми даде огромна мотивација! Сега ќе видам колку те радува мојата среќа, успех, забава, достигнувања. И верувај, твоите бивши ќе останат бивши. Барав одговори, добив многу детали кои тебе ти помогнаа да направам да треба да се натпреварувам со нив. Веќе нема. Била во нешто подобра? Нека биде. Ама за да биде, требало да има многу материјал за да собере искуство и нејзината толку голема желба не успеа да ја задоволиш само ти. Ти треба да имаш комплекси, не јас.

    А сега душо убаво нанкај ми, зашто од утре не си свесен дека и те како ќе се сменат правилата на игра. :*
     
    На Divinebutterfly, thelittle17 и lana8 им се допаѓа ова.
  11. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Дека е тиквар
     
    На machka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Да не ме победеше гордоста, ќе ти кажев се што чувствувам. Тогаш ќе сфатеше дека си најсаканиот човек на светот !
     
  13. Devojceto

    Devojceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Дека ми недостигаш и после толку време,после тебе ништо не е исто...Сакам пак да сакам,да се почувствувам жива,и да можев да те избришам од меморијава моја ;(
     
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.195
    Допаѓања:
    23.272
    Пол:
    Женски
    Би сакала и јас да те изненадам, како сега шо го доби најубото изненадување. Знајш дека срцето ме боли,а воедно и душата, сакам да сум со тебе па, не е фер ич па ова далечината ;(
    Смачено ми е стварно од ова и во моментот солзи крокодилски ронам, сакам да те видам па ;(
    Тешко ми е, многу ми е тешко, ај дојди си порано, те молам дојди си. Докажи ми дека ти значам барем малку.
    Се надевам дека секогаш ќе останиш така весел и насмеан како денес. :)
    :*
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.245
    Пол:
    Женски
    После тебе полесно се спие :)
     
    На Noemi и thelittle17 им се допаѓа ова.
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.558
    Епа девојка ти стана заштитно лице на фенси слаткарница. Се исплатеа сите шеќердосани комплименти што ми ги даваш. :$
     
    На JoxyTheFreak, innablood, cigarce и 5 други им се допаѓа ова.
  17. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Само тој што го има доживеано ова знае како ми е мене... и тебе...
    Мислам дека нема да можам никогаш да го преболам ова, и нема да престанам да ја колнам!
    Знаеш што? Уште од почетокот на врската, се до моментот кога ми го призна тоа му ја спомнував. Секој ден, секој! Некако како да ми се исполнуваше душата кога ке зборував за неа... кога ке ја видев.. Но гледам дека многу сум погрешила и нема повеќе.
    И чувствувам дека нема да биде исто... Многу ми е тешко. ;(
    И секако дека се пронајдов во песната... нонстоп ја слушам и ми се врти во главата. Барем ми помага да се исплачам... ;(
     
  18. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    513
    Мило ми е што стави крај. Ова ми помогна да направам работи кои никогаш не сум ги направила.
    И да сфатам колку вредам и што се можам да направам и без тебе.
    Не дека ми е сеедно, но не мислам на тебе. Не повеќе.
    Само.. не ме барај веќе, не дека мене ми правиш потешко, напротив, мене ми го храниш егото, ти се уништуваш. А не сакам да патиш. Сепак ти посакувам се најдобро.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    :o
    Признал или не, знаеме кој триаголник сме. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    таа моја недоверба кон тебе ке ме уништи знам :worried: и што е најстрашно не знам ни дали некогаш тебе ке можам да ти верувам :!:
    а благодарение на твоите тактики топло-ладно ми даваш самиот ти знаци дека не треба да те свакам сериозно, и како и секоја девојка си имам и јас свој живот така да гледам да не се замарам многу со тебе :* да не беше така , да бев јас како другите девојки кои не можат да дишат без оној со кој се гледаат, мислам дека Бардовци ке ми беше тесно :lol: