Ниту еднаш кога ти ги набројував сите мои лоши особини, не рече - Чекај, застани. Па ти не знаеш колку си посебна. Не знаеш да кажеш "те сакам" без да го мислиш, не знаеш да ме гушнеш без чувствуваш нешто. Ти си многу вредна. Затоа мил мој, веќе нема да сум посебна. Барем не кон тебе. Извинувањето од синоќа и денешното "Те сакам" беа најлажни. Барем толку ме познаваш. Досега после караница, не се случило да поминат 5 мин. и да те молам да ми простиш. Најмалку другиот ден прва да ти пишам. Па уште да те сакам?! За што? Што ме правиш мутава? Уживај во мојата "љубов", зашто денот кога ќе си ја постигнам целта, ќе дознаеш што се` сум направила за да реагираш на тој начин. Сакаш јака, ќе добиеш јака женска. Ама откако ќе завршам со изведбата, ќе си бидам старата Елена. И тогаш ништо повеќе нема да те боли од фактот што нема да уживаш ти веќе во нејзината посебност, срамежливост и искреност.
* не си најубав- има и поубави * не си најзгоден- има и позгодни * не си најпаметен- има попаметни Можам подобро од тебе, ама не сакам. Те сакам ваков каков што си. Всушност лажам. Би сменила кај тебе милион работи во понашење, бидејки штом ми пречи нешто, ме допира, значи дека те сакам, и сакам да биде поубаво. За разлика од тебе на пример што се ти е перфект кхммм . Знам да писнам, да удрам, да се налутам, ама да можеш да го видиш тој шарм кога пробуваш да ме насмееш потоа, Е ТОА ГО САКАМ. Кога ме галиш по образот, ми го грицкаш увото (некогаш и посилно одколку што треба ), кога си отворен со мене, ми кажуваш работи што не си ги кажал на никој друг, ценам многу. Те молам дедо боже, нека потрае ова, оти други ништо и немам.
Срам да ти е. Срам да ти е. Срам да ти е што ме лажеше. Ми го скрши срцето и ми ја уби душата. Со пола срце и без душа,,, а ќе можам ли да добијам налепница за инвалид па да си паркирам каде сакам Ама стварно не ме боли (бар не цело време) ама па и ништо друго не чувствувам
Не си тој што беше, не си тој кој се правеше за мене, кој ќе го загубеше најдобриот пријател само поради мене, тој што кога ќе го викнев да се видеме одма се црташе пред мене макар да беше и за 5 минути... Сега повеќе не се трудиш,а и не беше тука кога ми беше најпотребен... Не знам која е причината, а и не ме интересира затоа што ме остави сама кога ми беше најтешко... Само сакав едно да ми кажеш, дека ставаш крај, а не без збор да исчезнеш...
со кое право бе ти машка спонзорушо ме прашуваш да се видиме, што си ми ти на мене два пати што бевме на кафе и што бевме еднаш интимни а ти потоа ескивираше за Улцињ , се вракаш по 3 месеци и ти текнало ај да се видиме-нормално во мегу време со кој знае колку си бил и глумиш лудило дека ме сакаш и секако посакуваш - ти нормален си или си во дрогирана состојба(да ми беше во близина кога ме праша еден кога ке добиеше, името немаше да си го знаеш ) да не си ми излегол пред очи, во живот да не те видам веке.
Д. те снема тебе и ми ја снема цела инспирација. Текстот ми стои со денови така почнат и ниту една друга реченица не можам да запишам. Ми фалиш, појави се!
Во мене живее едно ретко чувство, со кое не знам што да правам. Веќе ме излудува. Колку што силно те љубам, толку те мразам. Колку што силно сакам да сум со тебе исто толку несакам. И чаре?
Те сакам засекогаш, засекогаш за мене. Иако знам дека ќе ми биде криво за тоа што нема да дојдеш ама ќе ми пројде, можеби некогаш.
извни што си имав добро мислење за тебе .. ете нема да се повтори си одите без збор да можеби заслужив .. со тоа што бев преискрена со тебе ти посакувам се најубаво!!!!
дури сега некои работи ми се јасни за машко не вреди да се нервираш, ниту скандали да правиш, само биди женствена, фина, мила-со други зборови фрли му го јажето сам ке се заплетка и секогаш со фино со убаво без карање и без навреди и да не заборавам комплименти
Викаш сум те зафркнала денес во две работи, а да почнам јас да бројам во колку работи ти си ме зафркнал ќе нема крај мислам дека. Претеруваш некогаш, претеруваш
Ех будалче баш на тебе помислив кога ја постнав песната на фејсбук, ме сфати затоа и стави лајк. Знам на што те потсеќа, па затоа уживај во неа
Ми се допаѓа твојот одговор на мојата порака каде ти се заканувам дека ке те скршам од ќотек ако не ме сакаш со новата фризура. -ке те сакам и ако си стрижена лустер. *** Фак јеа...
Зошто ти верував? Зошто во очи ме гледаше и ми велеше дека ме сакаш а после тоа ме оставаше сама да те чекам? Ова ли ти беше целта? Да ме измамиш и повредиш и на крајот да испаднам јас крива? Многу си се излажал ако мислеше дека така лесно ке си поиграш со мене, знај дека нема да те барам, нема да ти кажам колку многу ми недостигаш и колку солзи леам во себе.. не, ти не си вреден за ништо од тоа, јас сум глупава што ти поверував. Можеби ке си ја сватиш грешката, се надевам... се надевам дека ке ми се јавиш и ке ми речиш дека постапи погрешно и ке ми се извиниш... Те засакав стварно, мојата љубов спрема тебе ни малку не е подмолна како твојата.. сепак, сакам да знаеш дека со тебе ми беа најубавите моменти проживеани на овој пеколен свет.. само со тебе се чувствував толку среќно и возвишено. Штета, ти си само некој кој бара забава и ништо друго.. мислев дека ке биде поинаку, но како велат.. волкот го менува крзното а паметот не. Тоа е тоа, можеби ке се сретниме некогаш а подобро не.. подобро сега да го истркалам додека е камен, затоа што подоцна може да стане карпа а тогаш не знам како би завршила. Тоа е од мене, стварно се чувствувам многу лошо, ама знај дека во оваа врска јас бев таја која вистински те сакаше!