Ти и јас се вклопуваме на секое место, осебно на едно специјално. Ти и јас си најдовме место на кое си одговараме во овој загушлив град кој не ни е по мерак. Ти и јас наоѓаме мир на скриените клупи во нашиов ни град кој секогаш нè остава да сме само ние двајца но, сепак никогаш не нè остава сами. Ти и јас често радосни и насмеани но, никогаш среќни бидејќи минатото и грешките нè гонат и не ни дозволуваат сосема да уживаме. Ти и јас никогаш во вистинско време не си возвративме на чувствата иако секогаш добро се разбиравме, а понекогаш дури и многу добро функциониравме. Ти и јас со нашите соништа секогаш бевме толку далеку од градот со кој не се согласуваме, а сепак толку блиску до него. Ти и јас делевме исти или барем толку многу слични желби, соништа, барања и потреби но никогаш немавме доволно време и желба да си ги исполниме. Ти и јас секогаш бевме формални пред сите останати, а толку блиски додека бевме сами. Ти и јас секогаш правевме грешки и никогаш не знаевме како да престанеме да им се враќаме. Ти и јас толку различни кога не сме заедно, а сепак толку слични кога сме само ние двајца. Ти и јас почесто се мразиме, поретко се сакаме и секогаш се караме. Ти и јас, легнати еден до друг на нашето омилено место, слушајќи музика далеку од гужвата во Скопјево секогаш уживавме. Или барем така мислам. Засекогаш би можела да пишувам за тебе и мене.
Ме нервираш бе чоек. Колку шо ја ценам јас искреноста, ти толку ја одбиваш. Еден проблем имаме и како црна дамка ни стој над главите. Никако да се реши. Постојано не прати. А ти бегаш, јас те пратам . Како еднаш се собериш храброст да ми кажиш се. Јас знам, се познавам, не сум цвеќе за мирисање. Ама имам лице и се кажвам. Незнам шо е финатата ако држам се во мене, ако се дујам и на крај пукнам?! Ти и вака ме повредуваш. Ќутиш. Тоа ме убива!!!!! Ме убива. Кажи ја вистината, изгориме , ќе го прифатам колку и да боли, ќе плачам, ќе пискам, ќе фрлам перници. Но само не ќути. Немој. Незнам до кога, незнам. Олабај се, признај. Како тогаш. Ништо страшно, знај јас ќе трпам како и увек. Станува нервозно, не приметуваш? Биди маж. А кога ќе бидеш, побарај ме. Јас сум на адреса стара...
Не постои начин да ти кажам колку сум среќна што те имам, колку ми значи секој момент поминат со тебе... И не постои начин да тит кажам колку сум горда и колку те сакам
Мислам дека ти,ти си правиот за мене. Толку си ми мил,нежен... Само незнам зошто се срамиш?Не збориш многу..Или од мене неможеш на ред да дојдеш Ми недостигаш,знаеш? Те чекам викендов да дојдеш... знам дека ти се иде овде,али факултетот ти прави проблем... Ќе те чекам,па ти види разочарај ме
Ми недостигаше денес. Постојано размислував за сигурноста на твоите раце кога ме прегрнуваш, трепетот во стомакот кога ме погледнуваш со твоите прекрасни очи, нежните бакнежи кои ги оставаш на мојата кожа.. Има нешто во времево, бидејки ме прави да и се отворам на љубовта. Тешко е да се опишат емоциите кои се разџагорени во моето тело. Тоа е како нежна грмотевица.. Со секој бакнеж, бурата се засилува. Денес имав само спомени од твојот бакнеж, допир, вкус..посилни се од мене Се што можам да направам е да ги затворам очите за неколку секунди и да ги зачувам сите овие убави чуства.. Те сакам
Денеска некако не сум многу романтична и лигава и ми се свиѓаат тие денови зошто поради тебе во последно време не можам да се препознаам самата себе, се изгубив јас самата себе поради тебе
Кого залажувам јас? Себе нели? Прво и основно, да лажам не знам. Да бидам во врска само за некому да се одмаздам уште помалку. Не можам да те обвинам за ништо. Мојата самодоверба беше ниска и мојот живот стана претерано монотон за ти така да се опуштиш. Не можам да те терам да изразуваш комлименти. Може не си јак на зборови. Тоа што ме тераше да верувам дека во погрешно протолкувани знаци од моја страна и се правеше на мутаво за сите мажи во моја близина, си е твој начин на реакција. Тебе така ти било полесно. А мене искрено, требаше да ми е доволно сама да си ја знам вистината. Знам дека се ограничуваш од се` што прави да се чувствуваш лошо и тогаш баш и не мислиш на мене. Па и не би на своја штета. Второ, да се терам да излегувам со луѓе чие друштво не ми се допаѓа, да станувам понападна во стилот и не знам ти што, едноставно не можам. И да ми се вратат сите работи со добро, не сакам да бидам во врска каде ќе правам работи само да ти привлечам повеќе внимание. Имаше и јака, и курва, и друштвена, и забавна...Ама ниедна не засака како мене. Може со нив си бил љубоморен и си ги проверувал и си ги мислел повеќе. Но, не успеаја да ти влезат во срцето. Трето, никогаш не си сакал мене да ми е лошо. Можеби не знаеш да ме утешиш, не знаеш точно што сакам да чујам кога зборувам за своите недостатоци. Напротив, си ме учел како се` е минливо, како да бидам среќна. Нити ти ме тераше да дознаам толку информации, ниту сам ми ги сервираше како јас тебе синоќа. Ти знаеше дека ќе ти штети моето минато и затоа не прашуваше. Најмногу поради што не се откажував од нас беше искрениот однос. И сега, наместо да бидам таа кучка и со лаги да предизвикувам реакции од тебе, ќе разговараме. Ќе ти кажам дека не си виновен што не верувам во себе, што не ми е времето исполнето со забава и гужви и дека е нормално затоа да си потполно сигурен во мене. Не можеш ти да ме тераш да излегувам од дома, ниту пак ако излезам ќе ми забраниш. Не сакам да си враќаме, не сакам така да се будиме. Туку на мирен начин, со трпение, искреност и желба да се разбере другиот, да разговараме. Ете затоа не` сакам Нас. Не бев фер. Пред мене ни си спомнал бивша, ни сакал да ме чепнеш, ни си уживал кога сум те прашувала. Ни па си виновен што во твојот живот има повеќе жени отколку мажи во мојот. Ни си повикал некоја да се видите, ни па намерно си ме направил љубоморна. Не дека не си уживал кога сум била. Ама битно не си предизвикал. Лесно е да се каже извини, лесно е да прости зашто ме сакаш, лесно е да се чуе тоа. Само не сфаќам дека дел по дел те оддалечувам и ти ја убивам љубовта, иако велиш дека не се намалила. Гледам каква ти е секоја следна реакција. Ми дојде преку глава од сите мои предизвикувања на караници. Не знам дали е толку да сум самокритична, па на крај во себе ја гледам вината. Сепак во суштина сите сме виновни за она што го кажуваме, за начинот на кој ги доживуваме туѓите (не)реакции. И сакам врскава да успее. За последен пат. Убаво рече - Или ќе биде како што треба или ич нема да биде. Ценам што после се` ова не ти пукна филм и не ми кажа дека не ти треба врска во која префрлувањата немаат крај. Ми пука срцето кога се завршува нешто по моја вина. Да знам дека сум имала шанса да го исправам, ама повеќе ја немам. И не ми треба тој ден да дојде, да те изгубам, за да почнам малку поведро да гледам на светот. А не на твоите недостатоци. Се` ќе биде поинаку, имаш право. Ама не зашто ти треба повеќе да се трудиш, туку јас. Ајде, баш го чекам утрешниот ден да видам што ќе смени се` на подобро. Ти молчи и остави ме да лутам со мислите. Сакам да ме оставиш бар еднаш да пробам да ја спасам врската, да си ги исправам грешките, да се променам. А не ти на моето лошо да враќаш со добро. Не ти да смислуваш начини да се среди. Не можеш да ми ги средиш збрканите мисли. Остави ме да го најдам патот, те молам, не е проблемот во тебе.
*За сите луди и незаборавни денови поминати заедно, за радоста која ја внесе во мојот живот! Те сакам повеќе од се друго! *Ако постои некоја нежност тоа е твојот допир. Ако постои некоја возбуда тоа е твојот бакнеж. Ако постои некого што го сакам најмногу тоа си ти! *Ти си првиот на кој мислам кога ќе се разбудам и последниот на кој мислам пред да заспијам...ТЕ СААКААМ !!! <3
На твој начин чудно убав начин даваш љубов што ми значи немаш појма колку силно зрачи таа љубов на твој начин
Ја без тебе нисам ја, ја нисам јааа... !!! Те сакам бе, те сакам... Како што не сум сакала никогаш до сега ! Спојлер ...и луд си ако мислиш дека ќе те оставам ради такво нешо, чоек да утепаш и затвор да лежиш - - - НИШО НЕМА ДА МИ СМЕНИ !!!
Што ми треба да ти чепкам по профилот.. Те гледам со таков презир, а знам дека не треба.. Ме боли тоа што така лесно си продолжуваш без да се вртиш накај мене, среќен си, без мене, без да знаеш шо се случило со мене.. И наместо да те заборавам, јас се прашувам.. Ах колку ми го изгори срцето.. Свесен ли си? Похрабра.. да бидам похрабра.. Уште и совет ми даваше..
Синоќе сакав да останам во твојата прегратка засекогаш. Не сакав да заврши вечерта и да се разделиме, не сакав. Се плашам од секој нов ден, од секоја нова караница. Но кога сум во твојата прегратка не мислам на ништо и не се плашам од ништо. Сакам кога ми го бакнуваш рамото, кога ми го бакнуваш носот, а јас се кријам затоа што не сакам да ми го бакнуваш. Уживам кога ме галиш со твоите раце по целото тело, додека гледаме филм. Сакам кога сум ти јас најважна.. кога никој друг не е поважен од нас двајцата. Го сакам тоа чувство. Не знам што ќе се случи со нас во иднина, но сега сакам да уживам. Сакам да спијам во твојата прегратка. Сакам да јадеме чипс и да пиеме сок од праска. Сакам кога знаеш што сакам. Среќна сум што ме познаваш толку добро. И само преќини да ми ги даваш тие предлози да се омажам за тебе затоа што не се мажам. Барем не сега.
За тебе што не сум те сретнала Еден ден знам ќе речеш -Каде беше целиот мој живот! Кај бев до сега, бев. Еве сум сега, мирна... верна... НАЈДИ МЕ ДУР НЕ СУМ ЗАБЕГАЛА !!!