Нашата прва есен. Што повеќе да посакам - есенска идила, јас со моите „арт“ испади и ти, во улога на најголемиот критичар; бескрајни прошетки проследени со шуштењето на сувите лисја под нозе, мирис на мошус, какао во раце и ... и многу љубов тука во душава. А само обиди се да ја замислиш зимата. Љубов си, моја.
Повторно,како и некогаш,вчера нашите тела повторно се споија. За прв пат во животот со тебе немав секс,за прв пат во животот со тебе водев љубов.Нежно,љубовно... Порано не знаеше да ми кажеш,ама вчера од тебе слушнав "Ако те боли да престанам"! А како да боли? Кога ти беше толку нежен,а јас бев само твоја. Бев и останав.
Мразам кога бегам од луѓе. Кога направиле да не сакам ад ги видам. Ете и ти си еден од нив. Те молам остави ме. Те молам пушти ме. Имам мој живот. Ме мачиш, пушти ме. Плачев за да бидеме заедно, плачев кога те оставив. Плачам сеа за ТИ веќе КОНЕЧНО да ме оставиш. Во мојов живот имам прекрасна личност, ја сакам. Сакам мир.
ти си бил заљубен во мене добро бе за каква будала ти мене ме мислиш ти бе не ни знаеш што значи зборот ЉУБОВ и имај храброст во мое присуство да ми спомнеш дека сакаш да станеш татко има да те задавам со овие две раце жими еден живот ама не се секирај има да ти вратам едно по едно што ми правиш па цркни ако сакаш-барем така нема да те мислам гнидо една
Секоја ноќ те сонувам .Секогаш го сонувам иститот сон .Сонувам како се разделувам од тебе ,те губам.Сонувам како не ме ни погледнуваш туку како странец поминуваш покрај мене. Чувствувам голема болка како во сонот така и во реалноста .Ех да можев да те имам во сонот , да можев да те бакнам и да те прегрнам кога во реалноста тоа е невозможно ... Би сакала да се сеќаваш на мене со радост,да ме паметиш по убави работи но кога ќе размислам подобро е да заборавиш на се што се случило меѓу нас .Можеби и јас некогаш ќе заборавам на се што се случи и ќе продолжам понатаму со животот . Се радував на секој твој повик ,се радував на секоја наша средба, се радував кога ќе те видев насмеан а сега после се јас немам на кого да му се радувам ... Ти беше причина за моја насмевка ,покрај тебе се чувствував силна ,ти беше мојата среќичка . Покрај тебе не чувствував никаков страв од неуспех туку верував дека ќе успеам и дека ти ќе бидеш горд на мене за сето она што сум го постигнала. Знам дека понекогаш бев избувлива кавгаџика ,нервозна и драматична но твоето однесување допринесе да испливаат на површина моите негативни особини.Јас чувствував страв дека ќе те изгубам (а не знам зошто сум го чувствувала тој страв кога всушност ти никогаш не си бил мој ) . Сакам само да ме прегрнеш .Во твојата прегратка јас го пронаоѓав својот мир ,се чувствував сигурна ,смирена,заштитена.Зарем премногу барам ? Од срце ти посакувам да бидеш засекогаш среќен ,ти посакувам се најубаво.Утеха ми е тоа што знам дека ќе бидеш добро и што барем еден од нас ќе биде среќен и ќе ужива во животот. Засекогаш ќе те сакам
Среќен роденден мрсул ,се надевам дека годинава ќе бидеш попаметен и дека нема во друштвото да те викаат глуп,глуп ни еден ! И јас скроз изумив дека ти е денеска роденден,среќна сум поради тоа
да ми се појавиш од некаде па да видиш како е кога ПМС ме тресе нема да имам милост ниту трошка кон тебе и немој да си го трошиш кредитот да ми се јавуваш-не ми треба да го слушам твојот убав глас
Немаш коментар така? Затоа шо сум во право. Сега таа ќе ти го проверува телефонот дали си ми звонел, ќе ти го проверува фб дали ти стојат сеуште моите 2-3 слики, сега таа нека биде љубоморна, а ти бери гајле за неа.Или и таа има доверба во тебе како шо имав јас, па немаш гајле.. не ми треба твоето жалење, тоа што ми требаше од тебе, ти и го даде неа. И да, сеедно.. не ти е сеедно поради грижата на совест..само поради тоа.. Ти ме згази, таа ти помогна.. Ама на земја не останувам, глава не наведнувам, солза не пуштам.. Со сите сили што ги имам, ќе те заборавам..
Ее буцко, чекај си сега до телефон, дреми над него, како јас што дремев пред 2 недели. Не си свесен колку сакам да ти звонам сега ама не, ќе ти вратам за тоа саботата што ми го направи. Мило ми е шо гледам дека ти се интересираш, ти ме бараш...е ќе бараш богами, има и што да бараш. Утре како и да е те барам, 4 дена веќе нема смисла, не си ми душман
Ми фалиш , ми фалиш ... сакам да ме гушнеш силно и бакнуваш нежно како што само ти знаеш.. Иако се лутам кога ми го гризиш ушето мора да признаам дека и тоа ми фали Ама што да се прави работа е работа.Мора да се работи! Ама ти пак колку си ми вреден повреден и не верувам дека има Kakо и да е ТЕ САКАМ
Ќе заспијам ли повторно сама, ќе се разбудам ли повторно среде ноќ преплашена од суровиот ми живот. Спријатели се со месечинава и замоли ја да ме остави да заспијам ноќва и да не се разбудам цела ноќ, така помалку ќе боли и помалку ќе мислам на мојата проклета судбина. Те молам Љубов моја, покажи барем еден знак дека ме разбираш, дека не сум залудно преплашена од ова што ми се случува, дека се работи само за уште еден ПМС и дека со првиот испиен Спазмекс ќе помине и оваа лудост. Сакам конечно да се наспијам и да престанам да мислам на мојата љубов и твојата колебливост, со што по ѓаволите го заслужив ова, па барем јас не го замислував сето ова вака, барем јас сум таа непроправлива романтичарка која живото го заокружува со црвена боја во знак на љубовта и која пие вино и јаде чоколади, па така прават сите добри љубовници.
искрено не очекував дека вака многу ќе ми недостигаш. Ама еве и тоа бидна, и уште 100 пораки ќе ти пишам до утре гајле ми е . Убаво ми е, сакам да сум со тебе овој пат засекогаш, сигурна сум дека ќе успееме Леле утре има да те изнагушкам и изнабацувам за сите овие 4 дена. Цела вечност ми изгледаат