Ладничко беше времево вечерва,мораше да копкам низ зимските алишта.Налетав на џемперот,уште ми мириса на твојот парфем. И знаеш се сетив на таа дождлива вечер.Кога се каравме цело време по улица кој да го носи чадорот И знаеш,застанати така сами под ѕвездите.Тишина.Само ти и јас.И нашите бакнежи,ооо колку бевме само пијани од љубов. Се колневме во нас,во љубовта... И се се случи за миг,Ми фалат караниците со тебе,ми недостасуваш проклето многу ! Те сакам,затоа што ми требаш!
срце мое жал ми е но мајкат дефинитивно е расипувач на планови и знае во погрешно време да се јави нашиот план секако ќе го реализираме утре
Која друга женска му прави семинарска на дечко и` додека тој спие, а таа има за учење? Кажи, м? Убаво било вака да се грижиш за некој бе, сега те сфаќам. Кога одеше по фирми и ми пополнуваше анкетни листови додека јас учев дома. Само тогаш не ми беше дечко и повеќе се трудеше. Ама пак те сакам - најмногу!
многу добро кажано Зошто се прави тоа така? Така ли треба ? Зошто мил мој ? Јас сум човек да знаеш еј, имам душа за разлика од некој која ја нема.
And I have nothing else to say.Fuck you very much. За удварачот од периферија на една провинција. И фотографијата со коњот.Фатално. Ама не бев сериозна кога ти реков дека ќе дојдам бегалка под услов да ме качиш на коњ. Улав си. Стварно најде, и не е крастосан, лепрозен или дооден.Вреди.Ќе ја урамам жими мајка. Фала !!!
тебе Сонце мое човек само раб треба да ти даде! хеххе те сакам никкоффф низаеден и се надевам дека ке нема повеќе мрачни денови!
Проклет да си!!! Зошто ми пишуваш? За само да го потврдиш тоа шо го знам и за шо се нервирам? Сакам да те нема. Да не постоиш ни ти ни она. Знам дека еден ден оваа омраза и презир ќе избледнат,исто како твојте чувства спрема мене.. Ама ти нема да дознаеш, ништо нема да знаеш за мене, како сум само јас си знам.. и дечките од форумот..
Соцнка моја . Ти благодарам. Никогаш не би можела да најдам зборови кои би ги опишале моите чувства за тебе. Нашата врска е неизвесна. Никогаш не знаеш што те очекува.. Тоа го сакам. Ме возбудува. Велиш како Грујо си. Ти диктираш политика. Како што ти сака газето така ќе биди. Епа јас би ти кажаала: Ти ме галиш како никој друг. Со тебе ја почуствував љубовта, сите нежности , допири, среќата. Сме се смееле за ништо, за мојата насмевка, која ја обожаваш... За глупости. Прекрасно е. Вреди да се живее за тебе. Викаш- Мене би ми се исполниле сите желби само ако си ти до мене! Секогаш ќе бидам со тебе. Секогаш!!!!!! Те сакам. Премногу!
Ми пречи таа љубов која ја имам кон тебе а те гледав како пријател.Блискоста си го направи своето.Даваш се од себе за да ми ја докажеш љубовта но најголем страв ми е дека нема да успееме...Навистина ми е страв...и кога се обидував да бидеме на дистанца ти не ми дозволуваше да заминам од твојот живот.Не дозволуваше и никогаш да западнам во депресија,се стори да го заборавам бившиот и кога мислеше дека нема да успееш во тоа јас ти ја кажав прекрасната вест...дека ми помогна. Што да ти кажам друго?Не знам ни дали те заслужувам...но знам дека во мојата душа се крие чиста и искрена љубов.Знаеш дека те сакам но не знаеш колку а очајно сакам да ти го докажам тоа... Во моментите кога бев болно љубомора на секоја твоја другарка или познајничка ти ми зборуваше со смирен глас да не се грижам.Се каравме а ти ми простуваше,и да не се урочам,ама одамна се немаме скарано и искрено мислам дека одиме кон добра насока нека остане така...
Тоа што непланирано се видовме и што двајцата бевме на истото место во исто време и покрај тоа што претходно веќе се помирив дека денеска нема да те видам и дека денов ќе ми биде промашен, ме направи најсреќна. Значи како ми влијаеш, тоа е чудо. Те обожавам!
не ми глуми лудило дека ме свакаш или дека ме жалиш што неможам да добијам циклус што мислам дека ке полудам од секојдневна нервоза и што имам проблеми со интимата-немој те молам оти не ни можеш да замислиш како е чуството
Знаеш,ме возбудуваш како никој друг,ме правиш среќна и исполнувш секој ден се повеќе и повеќе.Сакам кога зборуваме за нашата иднина и ја планираме,кога ме прегрнуваш,ме гледаш и со поглед ми кажуваш дека ме сакаш.Малку се плашам од иднината,тоа е нешто ново за нас,но знам дека ќе успееме и ќе ни биде многу убаво. Сакам кога ќе ја поделиме кифлата заедно да јадиме,кога ќе ми го дадеш своето палто за да ме топли,а ти иако се тресеш велиш дека не ти е ладно само поради мене,сакам кога одиме под дождот прегрнати и го чувствувам чукањето на твоето срце кое што знам дека чука само за мене.Сакам кога ме претставуваш пред луѓето како твоја девојка и на посебен начин го кажуваш тоа,се гледа дека си горд,но верувај мило јас сум уште погорда што имам крај себе совршен ангел како тебе.Сакам кога нежно ми ставаш цвет во косата,кога ми кажуваш дека сум твојата душа,кога велиш дека цел живот ќе останиме заедно вака брливи.Така е сонце мое,ние засекогаш ќе останиме брливи Те Сакам ,имам силна потреба од тебе,ми недостигаш премногу.