Минато си, далечно минато на кое неможам со јаснотија да се присетам. Веќе не ме расплакува секоја помисла на тебе. Сега спомените ми носат само насмевки. Успевам да се насмевнам од срце, не како претходно, да се смеам насила, глумејќи дека сум среќна. Уживам во сите работи што ги немав додека бев со тебе. Животот ми е поубав без тебе. Не жалам за тебе, жалам за сето време што ти допуштив да ми го земеш. Ама и после се што ми направи, не те мразам. Со нетрпение го чекав денот кога ти за мене ќе бидеш воздух, само куп смрдлив воздух. И ете го, дојде.
Зошто некои песни мораат да бидат толку вистинити и да ме потсетуваат на тебе? http://www.youtube.com/watch?v=lYbVIY72NuE Во мислите си ми a и уште нешто with you I am feeling alive
нешто сме многу фини мили нежни што ли се случува господине да не сме се заљубиле можеби веке се изјаснивте пред некој ден и неколку пати исто така кажавте дека ме обожавате читав пред малку ке сте ме чувале ко кинеска кралица баш би сакала да знам како изгледа тоа и ако мене ми е доволно вашето внимание, нежност и секако вашата наклоност кон мене и знам дека малку ве загрижив додека ви објаснував за моите проблеми со интимата но нема потреба вие да се грижите доволно сум возрасна јас да се грижам за мене и знам кога ми треба совет/помош од гинеколог или фармацевт -знам дека треба да ја сменам гинекологот, разочарана сум од сегашнава сакав да прашам на што се базирале врските во минатото ако не сте биле вљубен но не сакам да ве повредам па затоа си молчам а доколку би ги знаеле сите мои здравствени проблеми, незнам како би изреагирале па затоа подобро да не ја отварам таа тема оти е премногу рано за тоа-како што се вели, молчењето злато вреди и вистина е така
Срцка моја срцкаста. Што би ти кажала освен едно големо извини и уште поголемо ТЕ сакам! Зошто? -Извини за онаа голема нервоза која ја направив вчера. Ми требаше доказ, за да дознаам дали ќе ме одбериш мене, или како и секогаш ќе ми криеш. Ете ми докаажа дека ме избра мене, и дека секогаш ќе ме избираш мене. Јас само сакав да ме сакаш, и никогаш да не ме изневериш, те поврзував со сите романтини ликови во филмовите, те пронаоѓав во младите татковци, те замислував како ги негуваш нашите мали дечиња плави, срцкасти како тебе.... Сакав само да останиш со мене засекогаш, и сите овие замисли да се остварат. Јас навистина се заљубив во тебе, те сакам како никој друг. Сега сфатив дека се што направив беше поради таа глупава нервоза и љубомора, се заради доказ од тебе. Ти никогаш не би можел да ме повредиш, ниту да ме разочараш. Напротив, се би направил за да ме видиш среќна. Колку само чувства се вртат во мене. Сакам да сменам нов лист, ова да го оставиме назад и кончено да бидеме само среќни. Ништо друго освен среќни! Те сакам, те посакувам. Ја сакам нашата интима, она што не прави најблиски. Онаа насмевка на задоволство после тоа, оние нежности и допири, некогаш грубости по моја волја .... Сето тоа го прави ова нашето да биде едноставно, единствено, уникатно!!!!!!!! Фала ти.
ИЗВИНИ... знам дека сум крива,, многу ми е тешко, ќе се трудам повеќе ти ветувам. Немој да бидеш тажен оти ми се кине срцево. Те сакам и сакам да те гуѓнам ама ај вечер кога ќе се видиме. Се надевам ќе ти помине нервозата
Доволно пишував за нас, а бидејќи денов ми е посветен за среќни мисли и спомени, време е да се спомене и некој друг. Не ми недостигаш, но со тебе ги имав најкратките, а најубави мигови. Собирањето храброст цела година да те запознаам, се` додека судбината не замеша прсти и за прв пат го видов твојот лик, не се брише. Во ничии очи немав видено толкава желба за мене. Ничии зборови не ми делуваа толку вистинити. Паметиш, ми се лутеше зошто кога таа седна до тебе јас не направив ништо. Зошто дозволував друга да се бори да те придобие, кога јас те сакав тебе и ти мене? Имав многу гордост, а освен тоа и ти ја видов исплашената фаца кога те нападна Па како би се плашела дека друга ќе те грабне? Ми беше прва, реализирана љубов, беше првиот кој се заљуби во мене без да ме познава физички. И колку и да се плашев дека минатото е премногу силно и ќе бидам искористена како прва утеха за да ја заборавиш неа, некако си верував. Знаев дека ќе ме засакаш, знаев дека ќе успееме. Но, не знаев дека ќе биде толку убав моментот кога прв пат ќе се прилепат нечии усни до моите, дека сечија близина ќе ти смета зашто сакаш да останеш насамо со мене. Дека ќе ме прашаш дали смееш да седнеш до мене, а јас со нетрпение ќе одговорам "Слободно". И кога одевме по тие улици и се срамев да те бакнам во јавност, не замислував дека нема да можеш да ги тргнеш рацете од мојата половина. И после се`, ти ме дружеше на првата посета на факултетот, заради тебе избегав од толпата на студенти, несвесна поради што дојдов и се одвоивме настрана ко времето да застанало само за нас. Ти....да ти дојде со температура само за да ме видиш. Ти издржа и не кажа збор. Оттогаш се случија многу работи, многу лоши, многу поигрувања од твоја страна зашто те повредив. Многупати си поигра со моето срце додека имаше друга, сакаше да знаеш дека сеуште ми значиш нешто, а сега мислам и дека почна да се плашиш. А можеби и веќе ништо не ти значам. Поминаа години. Не знам зошто првата комуникација откако ќе измине време е исполнета со флерт, не знам зошто не можеш да се однесуваш пријателски, не знам зошто сакаш да манипулираш со мене. Ама знај едно, нема никогаш повеќе да се засакаме, ниту да бидеме заедно. Можеби и не мислиш на мене. Не мислам ни јас. Само не сфаќам зошто кога сакам да се сетам на убави нешта, поимот среќа го мешам со тебе. Зошто прв ми паѓаш на памет? Не го споредувам него со тебе, зашто сте две различни димензии. Тој е стабилен, ти не си. А сепак ти направи да се чувствувам најпосебно на свет. Виктор, од срце ти благодарам за сите убавини кои ми ги преплавуваат сеќавањата. И знај, јас одамна ти простив.
Засекогаш ќе те чувам и на никого нема да дам да те допре,нема да дозволам ни влакно да ти фали,на мојата дланка си тајна врежана,но во моето срце си засекогаш.Ти си мојата линија на животот љубов моја,да не си ти таа ќе се прекине и мене ќе ме нема.
You know that place between sleep and awake, the place where you can still remember dreaming? That’s where I’ll always love you. That’s where I’ll be waiting.
Постојано ја слушам твојата омилена песна,песна која што ја опишува нашата приказна.Сега имам желба само уште еднаш да те гушнам,ништо др несакам,само да те видам и силно да те гушнам.....Зошто си отиде? Во понеделник ке идам,ке идам таму каде што ние го поминавме летото,ама овој пат сама ке се одам по патот,сама без тебе,ама спомените никогаш нема да исчезнат.....
Нека има писмен доказ, ако веќе се сомневаш дека ми е само минлива состојба која нема да трае долго. Караниците ќе престанат. Ветувам. Секое мое потресување каде си, зошто не се јавуваш, секое мое лутење на спомнувањето на таа небитна персона нема да се повтори. Ти кажав. Ако во нив гледаш некоја убавина, наместо да се потценам, ми ја креваш самодовербата. За вкусови не се дискутира. Ти биле убави бившите, во ред. Ако тоа ти дава внатрешно задоволство, не се бунам што имаш проблеми со видот. Какви биле моите, не дискутирам. Колку ми годело да ме видат во друштво на убавец, исто небитно. Ако пак дојдеме до таков муабет, ќе се сетам дека и јас имам минато, дека и јас имам убави спомени, ама не би сакала да се вратат назад. И да правел да се чувствувам посебно, и да ме гледал со жар, и да те задоволувала, и да била според тебе згодна....моментално постоиме јас и ти. Јас и ти го правиме Ние. Ниеден од нив. Не сум заплашена од било која веќе. Не ми требаат комплименти. Знам каква сум, како сум изреагирала кога си сакал да ме бакнеш, а си имал друга, знам колку срамежливо сум те допирала, како ја веднеам главата кога твоите зборуваат, како се грижам да имаш пари, како можам да им се пикнам под кожа на луѓето само со разговор, како не морам да заведувам со голотија. Ете затоа сум посебна и не мора ниту еднаш да ми кажеш. Свесна сум зошто ме избра. Сега кога минатото е зад нас, а среќата заразно чувство кое не можам да не ти го пренесам тебе, дај да напишеме една убава приказна. Те молам
Јас спобудалев.. Такви плави очи никогаш немам видено.. Таква внатрешна привлечност никогаш немам почувствувано.. Можеби ова се случува затоа што очајно сакам да заборавам.. Можеби е само илузија..Ама има нешто во тебе..нешто што ме тера да мислам на тебе. Кој си ти???
Како ти се станува сабајле за да гледаш формула јас незнам. Како и да е убаво вечеравме заедно вечерва....