Бејб, те преболев веројатно и сВе, не знам... После половина година успеав да се ослободам од нашето, но се случува нешто многу чудно... Деновиве како да ме прати нешто твое, како кармава да сака да ми каже ''ин јор фејс'', ко у стил ако нешто не може да се зае*е ќе се дозае*е . Се навикнав веќе. Остани ми со здравје. Ќисче.
срце мое да не треба да дојдам да ти сварма кфе или евентуално кисела вода и лимон зошто малце повеќе испи вечерва ај што пиеше па и мешаше
Не сум видела човек да љуби вака како тебе. Ме чуваш како очите, знам! Ама никаде не бегам, опушти се...
Не сум повеќе она мало девојче кое слепо ти веруваше на секоја твоја лага,девојче која секоја твоја грешка преку ноќ ја забораваше и таа што ја сметаше за играчка.ПОРАСНАВ ВЕЌЕ СИТЕ ТВОИ ЛАГИ МЕ ЗАЈАКНАА,СИТЕ ТВОИ ГРЕШКИ МЕ НАУЧИЈА ЗА МОЈАТА ВРЕДНОСТ.
За тебе имам само пофални зборови. Не можам да си го замислам денот без тебе, без нас. Незнам се е совршено. Некогаш се плашам дека се би завршило во еден здив. Јас не би поднела да си со друга. Се плашам од самата помисла. Да не драмам, сегашноста ни е прекрасна, среќни сме и двата. Не постои љубов како нашата. Јас не би го отрила животот, среќата доколку не те пронајдев тебе. Јас не би била јас, ако не те најдев тебе. Ти си ми се!! Те сакам!
„Моја си среќа и несреќа, која од вас двете, е бар на минута постара...“ Знам дека е среќата, зошто и само неа ја почувствував, уште од првиот пат кога те видов. Но, сепак секогаш двете одат заедно. Тие се најдобри непријателки. За да ја запознаеш едната, мораш и другата, неизбежно е. И на крај, не е воопшто важно која прва си ја запознал. Добро е да ги знаеш и двете. „Љубов, кога прв пат те запознав, ме научи што е љубовта. Кога се оддалечуваш од мене, плаче и плаче, срцето мое. Без тебе животе, не ја гледам светлината.“
после се јас за тебе немозам да казам лош збор, а и да го казам не го мислам...што ми направи стварно незнам...
Ми се допаѓа кога се смееш. Но, вистински уживам кога сум јас причината за твојата насмевка. ТЕ САКАМ
Знаеш што..? Можеби и вредеа двете недели поминати без тебе, и солзите и нервозите. Знаев дека ме сакаш и дека чувствата не гинат туку така, само збунет беше а и те разбирам до некаде. Не знам колку можеш да видиш како треперам кога сум до тебе, а колку само ми фалиш кога не си до мене. Во петокот кога те гушкав посакав никогаш да не се разделам од тебе и сфатив колку проклето си ми фалел во овие 2 недели. А ти, беше толку нежен, внимателен препуштен на чувствата што те видов чист ко солза, ко мало дете кое беспомошно се припива до мајка си. Колку те сакам... ма те обожавам, немам сјај во очите без тебе. Се ми е сиво, досадно и тажно. Кога ми кажа дека ме сакаш, топол бран ме облеа, не ми се веруваше дека го слушам тоа. Слатка ми е таа твоја глупа љубомора, стравот да не ме изгубиш, тоа што ми велиш дека не можеш да разбереш ништо ако јас не сум со тебе... Го обожавам дури и твојот поглед на заљубено глупче кога ме гледаш и се смешкаш ко шлакнат, ма најслатко ми е тоа. Кога ќе ме гушнеш на сред песна или кога ќе ме бакнеш во чело.. Не барам ништо повеќе од еден човек, би можела векови да поминам со тебе.. векови!
Не можам да се помирам дека се што имавме заврши, неможам да те заборавам, да не те мислам. Иако ми посакуваш среќа, јас ја немам, затоа што те немам тебе Ми велиш да најдам друг, НЕ после тебе нема нема да има никој.
Аааа значело можело малку повеќе да се грижиш? Можело прв да пишуваш, можело да се јавуваш почесто кога знаеш дека не сум дома. Ако тоа ти е лекот душо, ич нема да се приберам.