Секој човек има свој критериум за совршенство, колку тоа и да не постои. А денес, уште еднаш се уверив дека ти си моето совршенство Марио.
Се надевам дека повторно ќе те сретнам.Ти посакувам се најдобро и биди секогаш насмеан бидејќи таков си најубав. Никогаш нема да зажалам што те запознав, што беше дел од мојот живот и што го разубавуваше и ме правеше среќна на секој можен начин. Никое благодарам на светов нема да биде доволно за се што си направил за мене. Што и да се случи, нема да те заборавам и секогаш ќе бидам твојата малечка. Чувај се мило мое и не заборавај да се сеќаваш на мене. Длабоко си скриен во моето срце, да никој никогаш не те извади!
Ме исполнуваш целосно мило,ах само да знаеш што то спремам,шок ќе те удри,море гром од ведро небо ти само дојди ми
Сакам да те сретнам што побрзо, се надевам дека цел универзум ќе се сврти во моја корист и тоа ќе биде што поскоро, ма нека биде утре сабајле. Ајде, ајде нешто ми вели дека таа правата средба ќе се случи кога-тогаш сосема случајно.
Само ти знаеш да ме натераш да одам од крајност во крајност.Или премногу да те сакам или да посакам да те убијам. Моментално е второво.
навистина овој пат ја помина секоја можна граница ама како што се вели-одмаздата се сервира ладна размислував и решив дека ти има за кратко време да СИ ОДИШ од мојот живот и верувај дека кога ке дојде време за тоа со брилијанти да ме опсишеш НЕМА да имаш шанса да ми се доближиш не мислам заради еден недораснат тип во лудница да завршам колку една жена имаше право ако не се тргнам јас од тебе и тоа како има да настрадам, ама затоа ке реагирам на време
Малечкооооооооооооооо свести се додека е на време,свести се и сфати дека премногу те сакам... ти си причината што се смеам повторно,ти си причината што сакам повторно...срекна сум,пресрекна
Не знам веќе што да ти кажам. Не знам веќе што да правам. Не знам како да се однесувам со тебе, не знам како ќе е најдобро. Не знам дали да сум лоша, дали да сум добра. Не знам.. ништо не знам. А тебе како ни најмалку грижа да не ти е за нас. Зарем не гледаш што се случува бе ? Веќе 3 месеци не можеме да си ја доведеме врската во ред, не можеме да издржеме ден без да се скараме. Јас не можам вака, не сакам вака. И ти ми велиш "што да правам јас кога не ми веруваш" ? А ? Како бе што да правиш? А јас што да правам што не ти верувам? Да се мачам така? Затоа што ти не знаеш што да направиш за јас да ти верувам, јас треба да се мачам? Е не верувам баш дека ќе биде така. ж Знаеш понекогаш толку те мразам(како сега) што ми се иде да те убијам! Пукни бе!