Ќе пиеме вино , силно ќе ми ја стискаш раката , додека ги слушаме НОКАУТ на овогодинешниот Вино скоп . Мутло мој.
„Јас сум црното, ти си белото. Јас го имам делот кој тебе ти треба, ти го имаш делот кој мене ми треба.“
Ајде прибирај се веќе, време е за спремање на нови сцени од нашата комедија И реков веќе, ќе дојде моментот кога ќе ги превземам работите во мои раце, ако не ми пишеш, јас ќе ти пишам
Не ти ја поттикнав љубомората на прво смислениот начин кој од старт знаев дека ќе е погрешен. Не го сменив ниту стилот на облекување, ниту дозволив шминката да му тежи на лицето, ниту пак облеков високи потпетици. Сега знам што фалеше. Завидуваш што секој ужива во моето друштво, на секој кој ќе ја прими мојата насмевка, секого кого ќе го подучам и развеселам. Љубомориш што мојата среќа е лесно пренослива и се плашиш дека друг ќе го забележи моето само - задоволство и само - засакување. И убавината не заведува така лесно и брзо како позитивноста, ама малку доцнам
Сакам да го гледаме заедно Тhe Notebook. Да се внесиме заедно во тие сцени, да ме гушниш силно, и да ја почувствуваме нашата љубов. Да осетиш колку само те сакам. Колку само ми значиш, и дека за тебе се менувам. Колку ми требаш и дека не можам да замислам некој друг на местото твое, како што не може ни главниот лик... Ајде чекам врнежлива ноќ, добар пијалок , да си го пуштиме филмчето и да си се стуткаме заедно. Ајдееееееее побрзооо сакамм...
E сега сигурно милион филмови те маваат во глава затоа што не ти се јавувам, што правам? Ама да знаеш те спасувам од нервози. Несакам да ти ја пренесам мојата негативна енергија која ја ширам денес. Денес сфатив колку животот е непредвидлив и пресвртлив. Како се` за момент се менува... Како судбината да си танцува на некоја мелодија и прави каша од мојот живот...гази по мојата душа...
И знаеш кој момент никогаш нема да ми се здосади? Кога на крај од разговорот, мислиш дека сум спуштила и ме предупредуваш со зборовите - "ЕЈ, ЕЈ, ЧЕКАЈ. Те сакам! И како после да не ми се смее душава?
Есента падна, жолто е се, нашата боја на вљубување, спомени вкусни, есенски рај, баш злато и не ми е до смеење... болно повторување... Спојлер Уствари, би ти ја посветила цела, од почеток до крај, знаеш колку сум приврзана со песнава и колку емоции ми буди... http://www.youtube.com/watch?v=rwFfjXriR2k Никој нема да те знае онака како те познавам јас!
Колку пати до сега сме сфатиле дека јас и ти функционираме во најдобро светло кога сме само Ние. Не е поентата да се изолираме од светот, но знаеш на што мислам. Јас, Ти и никој друг. Еве, песнава и се е кажано. http://www.youtube.com/watch?v=E1W5lFW-vUY ...all that i am, all that i ever was, is here in your perfect eyes, they're all i can see. Имаме тоооолку многу "наши" песни, по една за секое лето, за секој период, но оваа најмногу ме асоцира на тебе и на она што всушност претставуваме. Те сакам, те сакам, те сакам...
Дали знаеш дека само ти можеш да ми го смениш најмизерното во најпрекрасно расположение? Ти си тука секогаш да ме потсетиш дека сум дете и дека морам во тоа повеќе да уживам. Еднаш не промарши да ми држиш лекција дека премногу се обидувам да бидам тоа што не сум кога се претставувам пред околината и дека тоа ми ствара несигурност и нестабилност... но, затоа што ти си еден од ретките на кои што сум им се претставила храбро и цврсто со мојот вистински карактер. И нема да ги има многу. Кој заслужил? Веројатно секој, но јас на еден начин не сакам. Можеби и затоа ми е форумов како дневник, да ги запишувам најинтимните мисли со знаење дека некој ќе ги прочита. Некој ќе ми пише порака и ќе ме советува... а во живо, најверојатно само в лице ќе се изнасмеат. Ќе запомнам ова да ти го кажам следен пат кога ќе разговараме. И да си знаеш, нема само ти да се се шеташ низ светов в лето. И јас трите месеци во странство ќе си ги поминам. Така да си знаеш. Мене љубоморна ќе ме правиш... Хаха Само тебе ти дозволувам да ми го одземеш времето предвидено за учење. Добра ноќ сега. Не можам повеќе очиве отворени да ги чувам и виртуелни писма да ти пишувам
Знаеш ли на што ме потсети ветерот што ме галеше по лицето? Знаеш ли на што ме потсети студот? Знаеш ли зошто го сакам ладното време? Ме потсеќа на тебе. Ме потсеќа на тебе пред 3 години. Ме потсеќа на тебе кога правеше се` за да ме добиеш. Есента пред 3 години беше најубавата есен во мојот живот. Се сеќаваш на бакнежот во образот? Тогаш бев друга личност и не дозволував лесно да ме добиеш. Тогаш не ми значеше ништо и сеедно ми беше дали ќе 'се фатиме' или не. Ха, се сеќаваш ли на старата клупа во детската градинка? Јас се сеќавам колку време ме чекаше да ти одговорам. Тогаш не сакав да кажам да, но ете кажав и гледаш сега каде сме? По две години и 11 месеци поминати заедно, ние се однесуваме како странци. Колку работи имаме поминато заедно? Многу.. Понекогаш си мислам дека судбината намерно си поигрува со нас, за да сватиме и двајцата колку си значиме еден на друг. Но зошто толку пати си поигрува со нас? Доволно ќе беше еднаш, па ние свативме колку се сакаме. Не можам да поминувам низ оваа толку пати. Мразам кога се однесуваме како странци и како да не се познаваме. Го мразам чувството кога ми недостигаш. Сега знаеш ли што сакам? Да лежиме во твојот кревет, покриени со твоето омилено ќебе и да го гледаме филмот што ти ќе го одбереш. Да, ќе ти дозволам ти да одбереш филм.Јас сакам само да се гушкам со тебе и да го слушам твоето дишење. Сакам да ме бакнеш во челото и да ми кажеш "ајде веќе да се земеме па да си лежиме вака прегрнати секој ден" , а јас да се насмеам на тоа и да не ти одговорам ништо. Понекогаш размислувам што ќе се случеше со мене да не те запознав. Можеби никогаш немаше да ја почувствувам таа љубов што ја чувствувам сега. Или па можеби ќе бев многу посреќна во друга прегратка, кој знае. А можеби и ако те оставам ќе бидам посреќна.. Или можеби нема?
Е ваква ми беше фацата синоќа кога си дојдов, од истата причина овде наведена Тоа е, прекрасно беше. Затоа сега едвај чекам да ме земеш. Да гледаме серии, да се гушкаме. А ноќеска знам дека ќе ме бараш во сон по креветот, ќе ме најдеш, во полусон ќе се смешкаш, ќе ме повлекуваш накај себе, и ќе ме држиш цврсто да не можам со прсте да мрднам Ако, ако.....прекрасно е чувството. Оваа твоја (најверојатно несвесна) постапка ми кажува многу работи кои ти не ги кажуваш со зборови, нешто што вреди многу повеќе од едни кажани зборови :geek: Среќо моја! Те сакам до небото!
зошто само на нас ни се случува ова' среќни' среќни, а по некое време СЕ ке исчезне, ке се караме како мали деца, ке се гледаме се омраза, ке кажуваме погрдни работи еден за друг. Ке се закануваме дека никогаш нема да се видиме еден со друг. Боли. Многу боли. Боли и кога знаеш дека не си крив дека не носиш ронка вина во себе, а те гледаат како да си им го убил најмилото. Сакам да исчезнам, да ме немааааа и онака се чуствувам бескорисно. Знаеш дека бескрајно те сакам, СЕ правам за тебе, од секој можен агол. Тешко ми е. Лошо ми. Чиствувам болка во стомакот небаре ке експлодира...
Откако заврши се, моето срце повеќе не чука на ист начин но секој пат кога ќе те видам му се враќа стариот ритам, a после одредено време повторно се нарушува „тоа“ биење. Секој пат кога ќе те видам се чувствувам како на почетокот, среќна и возбудена, подготвена за нешто. Но не сум сигурна за што. Ми недостасуваш, иако знам дека јас тебе не ти недостасувам. И се уште се прашувам како успеа тука се да заврши. И како тоа нема повеќе надеж за нас. И досадна сум со истите прашања но, верувај ми, секој ден си ги поставувам одново и одново. Се прашувам дали веруваш пред се во себе и во тоа колку можеш да постигнеш ако се потрудиш, а потоа дали веруваш во тебе и мене. Дали се било „пишано“ да заврши тука, т.е. таму каде што официјално заврши? Се прашувам нели е тажно кога покрај сите моменти кои ги делевме понекогаш кога ќе се сретнеме се однесуваме како никогаш да не сме се запознале? Се прашувам дали со тоа што те држев премногу блиску до себе те оддалечував се повеќе и повеќе. И се прашувам дали ако повторно на некој начин те игнорирам ќе те вратам назад. Сакам да можам да бидам способна да те видам или да ми прозбориш без да почувствувам нешто, сакам да можам да се чувствувам како никогаш да се немаме запознаено. А знаеш и самиот колку те посакувам, си ветив дека ќе се обидам. Сакам да можам да заборавам на секое чувство, да заборавам на возбудата која ја будиш во мене, на љубовта, на среќата, на тагата.