нешто сме навредени, или гордоста ни е повредена како што и ти пишав дека ако сакаш да комуницираш ок, ако не немораш, не мислам јас тебе да те молам за да ми титнеш или не дај боже да пишеш/да се јавиш или сл.
"И кога го прашав која жена според него е најубава и најпосакувана, ми рече - oнаа од која секогаш си идам лут, а едвај чекам да и се вратам!" Поздрав бек
Ме израдува денес многу знаеш? Тоа што планиравме ќе се случи порано Мислев дека бавно ќе врви времето до тоа што треба да ни се случи,но што повеќе врви тоа побрзо доаѓа,а мене ме фаќа некоја мала тремичка и малку стрравче,ама ќе биде се во ред знам Кога си ти крај мене се исчезнува и мислам само на убавина,љубов,среќа.Ахх што ми напраиви љубов,фала ти за се до сега што направи за мене,а знам дека и понатаму ќе правиш многу нешта со кои што ќе ме правиш најбескрајно најсреќна.
Вечерва овде без тебе замислена во темнината, и сокриена во бескрајот на тишината и осаменоста, удавена во разбрануваното море од тага и солзи, чекам да мине уште една ноќ… ноќ во која ќе можам повторно да ја почуствувам топлата прегратка на сонот. И оваа ноќ по којзнае кој пат се навраќам на минатото, бидејќи тоа е единственото нешто кое ни остана, само тоа не поврзува. Ги чувствувам твоите нежни милувања и им се предавам на страсните бакнежи. Ах, тоа е само сон. Сон сонет со отворени очи. Каде си? Каде ли замина?И оваа ноќ којзнае која по ред мислам на тебе, пишувам за тебе, но зборовите се најмоќни да го опишат ова силно чувство што ја исполнува мојата ранета душа, оваа љубов што го прободе моето срце кое уште долго време ќе се надева и ќе чека да се вратиш. Ноќва пеам за тебе, но знам не постои песна што ќе може да ја опише болката што ми ја нанесе твојата суровост, ниту има стихови кои би можеле да ти кажат колку те сакам и покрај се тоа што ми го направи. И ноќва повторно плачам за тебе, не ги запирам солзите иако болката станува се поголема… Те сакам,засекогаш најмило,засекогаш!
Вчера кога идев накај тебе, со таксито, ја чувствував најголемата возбуда до сега. Се чувствував како прв пат да се сретнуваме, како енос да се запознаваме, како да не сме поминале 3 години заедно. Се смеев самата на себеси за таа возбуда. Убаво е тоа чувство. Убава е таа возбуда. А кога ќе помислам дека вечерва ќе си спиеме заедно, прегрнати, срцето си го слушам како ми чука. Ги сакав ваквите денови како денес. Едвај чекам да дојдам кај тебе и да си легнеме. Да си пуштеме филм и да заспиеме гледајќи го филмот. И утре кога ќе ги отворам очите првото нешто што ќе го погледнам да бидеш.. ТИ. Ах, убавини.
Сонце позбрзо да ми оздравиш. Ајде одвај чекам да си поминиме вечер заедно, да се гушкаме, да се сакаме, да се љубиме, да ме бакнуваш. Ајде те молам ми треба љубов, ми требаш ти. Фала ти сонцино мое. Секогаш во моите постови стои Фала, и секогаш ќе стои, мојата благодарност нема крај.. Ах само колку ми требаш. Се би дала да сум сега во твојата прегратка. СЕ! Се за тебе! СЕ!
Каква илузија... каква илузија си создадов во мојата зашеметена глава, само за да не мислам на тебе, само така ќе те заборавам,нели?Ако не мисалм на тебе. А за да не мислам на тебе,морам да мислам на нешто друго. Што друго би добило заинтересираност со ист толкав интензитет како љубовта??? Секако,... љубов.. Самата себеси си створив таква убедлива лага што сеуште верувам во неа. Затоа што сакам да верувам. Сакам да верувам во тоа што го измислувам, само за да те заборавам. Каква моќ имала мојата потсвест.. Страшно.На крај пак ќе бидам повредена. Овој пат од себеси. Тој човек, не е човек. Колку е негативно за другите, толку е позитивно за мене. Мојата темна страна. Мојата друга половина. Прекрасна,возбудлива,морничава е мојата илузија.Мислите ми се оттргнати од тебе, ама срцето ми е гнило. Секој ден истата болка.Како да сум растргната на делови.И секој мој дел очајно ми недостига.Се плашам од себеси.Каде ќе ме однесе овој очај? Што ќе направи од мене оваа илузија.Веќе почна да си го прави своето.Јас не се чувствувам како јас повеќе. А можеби и никогаш не сум била тоа јас. Целиот мој живот е една голема лага.
Ти подготвувам тавче со компири и тиквички. Само ако не јадеш, ќе ти ги истурам врз главата. Зезам бе педеру. Само ако се случи да при зафркавањето да сме создале некој нов бизнис. Ќе мора да инвестираме се што имаме во него. Сета љубов.
11ти. 10 дена денес... Замисли, само два пати плачев. И предобро се сносам со секој коментар што ми го упатуваат. Човек да се чуди. Јас си се чудам. Се чудам како се снаоѓам да се извлечам од куповите прашања на фин начин... Знаеш, наш другар ми рече мече, значи сериозно е овој пат... му викам па да, ми вика се гледа, му викам еј, ми вика па да, порано и да бевте премногу скарани очите ти светеа и со надеж и среќа зборуваше за вас а сега зборуваш онака од што мораш да кажеш и објасниш и смачено ти е некако. И смачено ми беше. И не е дека морам да одговарам ама луѓето го сакаа тоа нас, се угледуваа на тоа нас, додека тоа нас постоеше. Истото го изгубивме мил мој многу одамна иако не се соочувавме со реалноста. Јас знам колку ти е тешко, исто како што знам дека ова е најдобрата одлука за двајцата. Исто како што знам дека ако негде е пишано да бидеме заедно, ќе бидеме кога ќе дојде време, кога ќе пораснеме. До тогаш сакам да си среќен. Навистина. Ми значиш толку многу, не сакам никогаш ништо да ти е лошо. Многу ми е тешко што завршивме со лошо, намерата не ми беше таа, многу ми е криво што летнаа такви зборови а не требаше, многу ми е криво што од инает бескрајна болка си нанесовме, ама од грешките ваљда научивме нешто за понатаму низ животот нели? Малку ми е страв што ќе биде кога прв пат ќе се сретнеме на само очи во очи. Вака е лесно ти со друштво или ја па другите ќе речат здраво у наше име... но знаеш од што не се бега, од соочувањето, а еден ден ќе мора. И покрај се што ти реков, се надевам дека доволно ме познаваш после сите овие години за да видиш што имаше зад тие зборови. Знај дека сум тука ако ти е тешко некогаш, дека сум тука ако ти треба пријател, да ти даде рака, да ти пружи помош, да те ислуша. Исто како што јас без да ми кажеш знам дека ти си тука, но јас никогаш нема да те побарам. А не е дека не сакам пак да ти се фрлам у прегратка, сакам... тоа секогаш беше моето најбезбедно место на светот, така викав секогаш, на сите го велев тоа со гордост... некогаш... можеби ќе го изговорам пак ... можеби...некогаш. Ти го посветувам и текстот од песнава. http://www.youtube.com/watch?v=wVyggTKDcOE
Криво ми е... Криво ми е шо ни е вака сеа, шо ти си таков, а јас неможам никако да ти помогнам Ги мразам периодиве и едваај чекам да поминат ! Не ми е јасно како успеваш кога мене не ми е ОК, кога нешо не е ОК со нас во секунда се да поправиш... Ја обожавам таа твоја способност ! Посакував и јас да ја имам... Сваќаш дека не ми е сеедно да те гледам како се уништуваш...?! Сваќаш дека ме боли, ме повредува... Едноставно ме убива !!! Те сакам премногу и ќе одам со тебе до крај... Без разлика на СЕ, па макар и заедно да го допреме дното !!!
1. Од сите само една... не дека беа многу, ама видов кои други ги имало. Отворив очи. 2. Не ми се верува дека помислив да ти се јавам. Мислам ќе те пцуев ама ни за тоа не вредиш, како ли само помислив, ПРОКЛЕТА секунда
Не можам да спијам.Не можам око да склопам. Свесен ли си што ми правиш? Го отворам срцето за тебе, има нешто специјално во тебе и знам дека не се лажам! Целата горчина насобрана во мене ја претвори во среќа.Уште не ми се верува што чувствувам. Иако си нешто сосема ново за мене, добредојден си во мојов живот. Остани во него!
Site mi ja cestitaa godisnina, samo toj sto najveke trebase ne. Tolku mnogu se raduvav na denov. So cela dusa go cekav. Duri i si zamisluvav kako pisuvam tekst od nasite pocetoci. Tolku cist nevin, vljuben, dalecen..- Da, kako mlada vljubena tinejdzerka. A sega, sega sakam da go snema. Denov da bide izbrisan od nasite zivoti, iako bese nasa ljubilejna godisnina.. Spoiler povtorno izvinete za latinica...