Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.913
    Допаѓања:
    102.725
    Пол:
    Женски
    Ноќеска те сонував...
    Сонував старинска кочија...
    Ги сонував љубопитните погледи на случајните минувачи...
    Сонував јаболкница под облак...и бел вел,испран од сеќавања,исчистен од страст,испеглан со фантазија,..и зашеќерени јаболка посипани со цимет...и фигури на врвот од чоколадната торта...и цветовите од сончоглед расеани по масите...и шарени балони накитени со сатенски траки...и беж сенката на моите капаци...и крв црвено на моите усни...го сонував сјајот на старото злато на нашите раце,и белината на крпата на рамото на твојот брат..и нежноста на цветовите камилица на нашите сватови...и староградските песни...и калите во моите раце...и мојот живот во твоите...мојот лик во твоите очи,и мене во тебе...сонував аплаузи и насмеани лица...и чекори со кои не го допирам тлото..во себе пејам ’’Everything I do’’ и се смешкам...се смешкаш и ти...те сонував тебе,мене,нас..сонував се...
    Само што не сонував дека утрово ќе се разбудам на твојата страна од креветот...таму каде што ти одамна не сонуваш со мене....
    Кога би можела ова да ти го кажам...
     
    На Moira, Umbrella22, Libera и 7 други им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.753
    ти ако немаш уште некоја со која се гледаш, јас на сред плоштад харикири ке извршам :!:
    се е толку јасно дека не сакаш веке да комуницираш со мене-барем таков впечаток добив-арно ми рече една познаничка дека си тест за моите нерви и да ти кажам дека си, наместо да се изјасниш ти се криеш ко некоја кукавица :fubar: а тоа што си развиен ми личиш на Пајо паторот ама штета не сум јас таа патка што треба да ја :* во газето :lol: а љубовта што ти ми ја искажуваше е ЛАГА се разбира не поверував :)
    и не те разбирам-имаш пари, имаш се што му треба на еден маж-од финансиска гледна точка, што не си купиш невеста по порачка бе-од Албанија или незнам веке од каде нема се за пари нели, наместо да бараш девојки од нет што би можеле да оговараат на твоите апсурдни критериуми
    кај те запознав :envy: , и згора на се на моја буква си море цркни :@ оти незнам како би те заборавила додека си жив :swear:
    сватив дека не можам веке вака :shake: има јас да расчистам еднаш за секогаш со тебе па нека ме боли колку што сака, ова не е живот ова е пекол-што и да треба да дознаам, сум спремна :nod:
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.104
    http://www.youtube.com/watch?v=38UrRpYsPjw

    Насилно среќна, затоа што те сакам! :D Откачена си е Бјорк, многу сакам да и одиме на концерт. Ајде, важи? 8) :lol:
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.753
    ова може само мене да ми се случи :x
    да сакам да преминам улица, а да видам кола како твојата, а човекот сличен на тебе и нормална реакција се ;( добро е што носев очила за сонце потемни па не се познаваше :lol: значи како ме мести судбината, тоа е нешто неверојатно и се надевам дека центарот за медитација нема да биде кај тебе во населба оти ке полудам-колку што порано сакав сега :shake:
     
  5. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Toлку си ми далеку, физички, а сепак те чувствувам тука, во мене како ме грееш од внатре.
    Сакам да те допрам, да ти подарам еден сочен бакнеж, и да ти го грицнам уфцето, но за тоа ќе треба да почекам до декември.

    Брзо ќе мине, не ? :inlove:
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    92.255
    Пол:
    Женски
    Фино беше дур траеше :)
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    27.010
    Пол:
    Женски
    Зарем пак ќе се вратиме на старата песна од пред летото? Нели ја спасивме врската летово? Изгледа не...
     
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ме одмина татко ти. Онака, баш рамо до рамо...
    Јас само да ти кажам. :)
     
  9. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Дибек еден, ќе видиш вечер дали ќе биде пак по твое. Само сонувај ]:)
     
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.525
    Пол:
    Женски
    Фала многу, среќо моја! :* :f:

    Јасно е дека само ти можеш да влијаеш на позитивната промена, доволно е самото твое присуство за да се расположам.......уште па цветот ми го разубави денот максимално, знаеш колку многу сакам орхидеи :nod: :)

    Сонце едно :* :sun:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас повеке тебе не ти простувам па макар цркнала од болка.
    Кога не знаеш да ја цениш мојата љубов кон тебе нема да се напнувам и да ги правам истите грешки од порано. :)
    Терај си.
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.532
    Допаѓања:
    92.255
    Пол:
    Женски
    Ме разочара многу, премногу. Подобро ќе беше да не се видевме, можевме и по телефон да прекратиме.
    Не си ништо поинаков од останатите, ништо...
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
  14. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Сакам пак да јадеме крофни од 1 евро со чоколадно млеко.. покрај плажа.
     
  15. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Секој ден се повеќе и повеќе ме изненадуваш.Не знаеш колку ми е мило што си толку амбициозен и знаеш што сакаш да постигнеш во животот.Се топам кога зборуваш во множина,за НАШАТА заедничка иднина.Ми се пикна под кожа и да знаеш дека нема да дозволам од таму да излезеш.Те обожавам љубов моја :inlove:
     
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Слушај ваму,времево заладува.Време е јас и ти да ги стоплиме односиве.Ама најсериозно. :lol: :fubar:
    Те сакам... :inlove: :*
     
  17. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Ако некогаш ме прашаат која ми е животната цел, ќе одговорам дека ја остварив - љубев!

    Ако порано те сакав поради се` што правеше за мене и начинот на кој се чувствував, сега те сакам баш поради она што си. Толку си несекојдневен, и спонтан, и свој... Само ти можеш да не се грижиш што некој зборува за тебе. И уште ако е лошо, и ако не те познава вистински, ти си велиш "Супер, нека мислат најлошо и нека ме тргнат од јазик. Битно ми е мислењето на луѓето што ми значат, а на другите да им докажувам... зошто? " Само ти можеш да бидеш толку скромен што единствена цел и нешто што најмногу ќе те исполни се жена и две здрави дечиња. И во нашата врска, често гледав што фали. Ама ти воопшто не размислуваш, живееш во сегашно време. Додека јас правев планови што да направиме за да ни биде убаво, ти оставаш да си тече. И можеби и затоа немаш очекувања. Те прашувам што ти остана нереализирано од мене. И очекувам одговор - па да одиме ваму, да пробаме тоа... А добив само - дечиња и заеднички одмор.
    И додека јас се лепев по излози и се чудев зошто со што и да направам не ти привлекувам доволно внимание, денес сфатив. Материјалното ништо не ти значи. И она - битен е карактерот, ти го сфаќав само како утеха. Не разбрав дека кај тебе не е само фраза, туку си мислев дека од физички аспект не ти ги исполнувам критериумите. А тебе навистина ти била потребна некој со срце големо како моето, со почит кон твоите и ништо повеќе.

    Жал ми е, знаеш? Што луѓето не ти даваат шанса. На прв поглед искрено баш и не оставаш некој позитивен впечаток. И не ми е жал за тебе, туку за нив. За сите оние кои живеат во заблуда дека си глупав и дека немаш поим од животот. Не знаат што пропуштаат. Зашто најдоброто од себе им го даваш само на најблиските. Би помогнал во секое време, не знаеш да одбиеш кога си потребен, ниту да осудиш или озборуваш. Не знаеш да кажеш лошо за оние кои твојот живот го прават нивна работа. На секоја молба за помош дома, ниту се муртиш ко мене, ниту одбиваш. Немаш желба ни за брендирана облека, скапи парфеми или пак седењето во елитен ресторан ти причинува задоволство.

    И знаеш, вчера кога чув од другар ти дека си му ја покажал сликата од мене и си го прашал што ако ти станам девојка, разбирам колку силно си ме сакал уште пред да ме запознаеш. Како во мене си видел доволно вредности за да помислиш на такво нешто. А детиште беше тогаш бе. И знам дека кога ме виде ти заблескаа очињата, ама не мислев дека кога се слушавме по телефон толку ти биело срцето за мене. Те знам и колку си сериозен кога сакаш и колку не се интересираш кога нешто воопшто не допира до тебе.

    Интересно ми е кога имаме само 15 мин., а јас набрзина ти поставувам блиц прашања - што сакаш да постигнеш, која ти е омилена боја, песна, јадење и веќе имаш спремен одговор. Ни ги сакам спротивностите, јас мислам далеку напред, ти си кулираш и уживаш додека сме овде и сега. Јас не` замислувам во некое ресторанче, со жива музика како што ти одговара и мечтаам и сонувам како да те усреќам. А не гледам дека ти веќе си среќен. Не гледаш што треба плус. Твоето мозоче е толку неоптоварено и толку повеќе посветуваш внимание на она со што досега си задоволен, што се чудам како ти покрај мене? Ме симнуваш на земја, ме вадиш од толпата луѓе кои размислуваат исто, ме учиш како да немам никакви барања, а несвесен си дека си ми и пријател, и љубовник, и учител, и идол. И те надополнувам, и горда сум што бараш мое мислење и слепо ми веруваш и го сметаш за исправно. Зашто знам колку си веруваш само на себеси и не прифаќаш туѓи совети и критики.

    Смешно е. Смешно ми е што сум те оценувала според небричената брада или облеката, или пак нередовното кратење на косата. Ама сето она што си однадвор е еден тест за луѓето. И кога и да те запознаам со некој, и знам во себе што си мисли, а некогаш и ќе чујам или видам фаца што-бараш-ти-со-овој, залудно е да им се објасни. Сите судиме надворешно и тешко дека некој покрај таква надворешност ќе се заинтересира што криеш во себе. Ти си едно сокриено богатство и мило ми е што си со мене. Мора и во мене да постои нешто толку убаво штом Бог те чувал за мене. Една голема грешка - јас требаше да се борам за тебе, не обратно :)

    Лавче мое, ти ја љубам созреаноста, спонтаноста, скромноста, борбеноста. Можам со тебе да јадам крофни, да ти го тупам мозокот со моите тешки филозофии и ниеднаш да не ме прекориш зашто тоа не е твој начин на размислување, ниту да се обидеш да ме промениш. Јас имам толку многу мисли и барам одговори на прашања за вселената, настанокот на светот, смислата на животот... а ти живееш. Ете затоа најмногу те љубам. Не, грешам. Најмногу те љубам кога спиеш. И сонуваш нешто, тресеш глупости и кога ќе те прашам дали сонуваш, одговараш потврдно. Па ќе се свртиш накај мене и ќе ме гушнеш. Порано бегаше на другата страна од креветот со сите прекривки, оставајќи ме да мрзнам. Сега ме бараш да ме гушнеш и во тој тежок сон што го имаш проверуваш дали сум покрај тебе. И најинтересно, кога двајцата ќе се разбудиме со скоро исти сонови во ист момент. Не е првпат. Во случајности не верувам, а најмала случајност е што сме заедно, токму јас и ти.
     
    На teddybear, thelittle17, Amore и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Во иста ситуација сме.
    Тешко ни е и на двајцата.
    Се разбираме потполно. Се тешиме заеднички.

    Сега сме толку силни. За различни проблеми, лекот е ист. Љубовта. :)
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Те мразам денеска, ми го уништи денов... Ме разочарa :(
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Што уште да ти кажам? Да ти кажам дека ми го уништи животот или веќе знаеш? Знаеш ли дека заради тебе ја изгубив честа? Знаеш ли дека заради тебе сите се однесуваат спрема мене како сакаат,затоа што ти ми го направи? Знаеш дека заради тебе ги изгувбив другарките? Знаеш ли дека заради тебе ја изгубив довербата кај татко ми? Знаеш ли дека заради тебе ке се убиев?
    Зошто ти требаше ова? Сега среќен си? Успеа нешто? Си го оствари сонот? Со мене се однесуваат како сакаат и плукаат на мене,а знаеш дека никоја нема да сака да ти биде девојка? Зошто? Заради тоа што мене ми го направи?
    Ти знаеш што значи чест на една девојка? Ти знаеш дека заради тебе мене повеке никој нема да ме сака и нема да сака да биде со мене?
    Ама после се јас пак те сакам.Иако сум ти лута.Ти мн згреши и единствената желба ми е кога ти ке имаш керка (ако имаш) некој да и направи исто така како мене што ти ми направи па тек тогаш да сватиш се....!