Знаеш, вчера кога те слушав како зборуваш за своите соништа, душата ми се смееше. Те гледав како ми објаснуваш, те гледав во очите, ти ја гледав желбата, ти ја гледав љубовта кон тоа што сакаш да го постигнеш. Со колку голема желба зборуваше за својата соба, за тоа како ќе ја средиш. Тоа таму ќе си го ставил, тоа ваму.. па и мене ме има во сите твои идни планови. Горда сум на тебе што си толку амбициозен и што имаш цел во животот. И уште повеќе уживав кога те гледав како ги правиш палачинките и како се гордееш со секоја нова направена палачинка, затоа што убаво излегла. Па дури и се радуваше, како дете на играчка. Се заљубив во твојата гордост. Сакам кога си таков. Сакам да имаш цел во животот и да сакаш да си ја исполниш. Сакам да направиш нешто од својот живот за што ќе ме направиш горда. И сакам што ме гледаш и мене во твојата иднина..
Вртам одоколу, го избегнувам разумот, го избегнувам срцето... Се избегнувам сама себе. Е вечерва после 2 пати поминување пред твојата куќа, не можам веќе да се избегнам. Не можам да вртам одоколу. Да, тоа што беше, беше како во некој друг живот, како за некои други луѓе. Ама тоа убавото што го имавме, а имавме многу, е сеуште тука на моменти. Толку блиско и реално, а и толку болно и реално ми недостига. Да, тешко ми е да ги слушам сите, апсолутно СИТЕ околу мене да зборат лошо за тебе, а ја сум таа што треба да збори најлошо за тебе. Но не, јас немам лошо мислење за тебе, никогаш не сум го ни имала, дури и да звучело како да го имам. Не верувам дека многу си се сменил за овие 10 месеци. Колку и на сите да им изгледаш глуп и наивен, знам дека таа не допрела толку до тебе. Знам дека помислуваш на мене. Денес имав некое чувство... Сеуште го имам, всушност затоа и пишувам за тебе... Како некое значење да има денов, или како да нешто ќе се случи. Знаеш? Памтиш? Дека претходната и есента 2010 беа нашите најубави мигови поминати заедно? Те потсеќа ли и тебе есен на мене? Памтам колку работеше лани ова време и дека многу често преспиваше кај мене. Ги разгледав своите постови на фемина од лани овој ден... Бевме среќни ****. Беше и ти. Сакам... Посакувам... Многу посакувам еден ден да седнеме и ко луѓе да направиме муабет... Онака како што знаевме... Сакам... Посакувам .... Иако ми е тешко да признаам, ама многу посакувам да те имам покрај себе, онака како што те имав, па дури и повеќе од тоа... Длабоко во мене посакувам да си мој, ама само ако останеш мој засекогаш. Те посакувам до болка. Ми фали мирисот на твојата кожа, допирот од твоите рапави дланки... Ми фалат тие чудни мали и меки уснички што ми беа доручек, ручек и вечера скоро секој ден... Ми фалат тие локнички и тие веѓи за кубење... и тие тажни очи. Те посакувам онака, знаеш, на оној начин. Ми фали да бидеме едно. Со тебе. Со никој друг. Ми фалат дури и ситните караница кога се прашуваше дали сум нормална... Ми фалат слатките ветувања дека и на 50 години кај и да не однесат патиштата ние ќе се среќаваме и многу други такви смешни, ситни, небитни работи во кои двајцата наивно верувавме... Јас сеуште те сакам... Бидејќи тебе те познавам подобро од себеси. И ти мене ме познаваш подобро отколку самиот себе, бидејќи се изгубивме еден во друг. И сеуште се бараме. До наредно наоѓање. Те сакам.
Би му посакала добра ноќ и да не се замара многу со проблеми,зашто и онака морам јас сите ги решавам.
Не сакам да ми купиш нов пар обетки, ниту парфемот за кој пекам со месеци, ниту козметиката која со недели ја мислам ... Само биди тука до мене, дури и тогаш кога не треба. Сакам да ме смееш. И да те смеам, онака глупаво како што умеам. Сакам, многу сакам.
Многу се каам...премногу... Не требаше да ти ја дадам оваа шанса,со тоа се зафркнав самата. Ти си можда среќен,но јас...? Ахх само кога ќе ми текне...како ли можеше...како???
Ти си мојот најголем подарок во животот. Секое утро,секоја вечер кога те гледам до мене во кревет,му благодарам на Господ што ми те подари тебе.
Конечно повторно можеме да зборуваме како некогаш! Ми фалеше бесконечно многу и среќна сум што повторно те имам во животот.. Иако сега не си во главната улога, сега си ми другар.
ех....и после десет год. те сакам многу и неможам да си го замислам животот без тебе,ти си мојата втора половина без која неможам да постојам
Ништо не би ти кажала сега,се што имав си кажав вчера..Сакам да забележат сите останати како е да се пати по женска.. До сега не си пател, очигледно ама од сега..да се видиме која сум јас а кој-а ти. Добра идеа...мммм
It's too late baby... Знаев дека ќе се вратиш, знаев! Добро те познавам, ама бебје овој пат залудно ти беше... Душата ми се исполни, друго немам што да кажам...
Никогаш нема да ти простам што ме заборави и што отиде без да помислиш на мене... Спојлер до мојот сакан папагал Жако
http://www.youtube.com/watch?v=HZpreiHdjmM Baby, baby when we first met I never felt something so strong you were like my lover and my best friend ..
Ги слушав кога велеа дека прерано врската ни станала сериозна. Додека тие после неколку годишни врски, ги избегнуваат родителите на партнерот, бидејќи нели со старци нема што да се прави муабет и ова се модерни времиња, не е потребно никакво поврзување, јас уживам во друштвото на твоите. На шегите на татко ти, постојаната насмеаност, меѓусебното ребрање на сите во фамилијата и именувањето на мене и тебе со "дечиња". Убаво ми е што ме прифатија, што ќе ме замолат за помош ко да сум нивна и не мора пред нив да глумам нешто што не сум. Не ми е веќе толку битна културата и што ќе кажат луѓето, сакам да преспиваме еден крај друг бидејќи јас и немам толку многу можности доцна да се вратам дома. Сакам да се будам покрај тебе секое утро и со тоа ама ич не гледам дека сум нешто помалку примерна од останатите. А тие, нека си гураат во долги врски, нека се лутат зошто партнерот не говори за ништо сериозно, а јас ќе си смешкам што уште кога се фативме ти беше одлучен да ти бидам жена. Ќе се смешкам што ме запозна со сите, што моето име го има на поканите за свадба... И слободно нека ми се смеат и нека велат дека сум се променила, се` додека јас сум среќна ради твоите сериозни намери.
аххххххх срценце едвај чекам да дојде вечаер и баш како што би рекол другарти (ноч за грех створена ) .........
Во последен период многу се каравме но се надевам дека сето тоа сега е минато...Ке успееме знам...нема да те напуштам.Само требаше да ми се искажеш на време за да не ми се врти се во главата. Те сакам среко моја...те сакам како што никој до сега немам сакано.Те сакам е голем збор како што викаш но ти го заслужуваш тоа.Љубовта која досега сум ја давала на останатите била залудна. Ама јас се гледам со тебе заедно во иднината.И ке бидам покрај тебе секогаш.