Не знам веќе кој сме јас и ти...веќе не знам и дали ме сакаш Ама за мене си знам дека те сакам премногу .. не знам што ми направи за толку да те сакам.. Знам дека и двајцата сме грешеле , сме се повредувале ама сме се сакале и сме си простувале сега не знам што ќе се случи..бидејќи не сум сигурна во твојта љубов. Oстанува само да чекам и да видам што ќе се случи со нас и со нашата љубов.. Се надевам ќе имаме среќен крај!
http://www.youtube.com/watch?v=fGFi0zjM ... ture=share На караоке би ти ја пеела,скроз пијана! Со илјада луѓе околу нас. Кога сите можат да зборуваат за љубов,а поим да немаат што тоа значи, јас можам да правам глупости на пијано од љубов! А инаку, цел ден си ја пеам и конечно влегов дома, и се качив на кревет и почнав на глас да ја пеам...НА ЦЕЛ ГЛАС! Хеееееееј мистр брааааааааајт аааааааааааааааајс!!! Уеееееер хев ју биииииииииииин ооооооооооол мааааааааааааај лаааааааааааааааааааааајф!!!!!!!!
Има 1000 причини за да се скараме, ама само јас ги гледам и јас треба да почнам да се карам лајк олвејс...уште и мислам дека со тоа ќе те сменам на подобро Џабе, се нервирам само, а тебе баш те брига и ќе си тераш по твое!
Не ми јасно како така се смена ова нашето? Добро е ,барем ми кажа што мислиш за мене.Не знам само како може да помислиш дека не ми се важни твоите чувства и дека си играм мајтап со тебе? Ох мили срцето ми го распарчи,ако ти не си ме запознал доволно во овие 5 години и ете скоро 3 месеци,ако мислиш дека не ми си важен,тогаш се прашувам како ќе ни биде во иднина.Ме прашуваш дали сум добро?Не,после ова јас никогаш нема да сум добро кога сите наши планови,сонот за нашата иднина,нашиот дом ми се униште.Знаев дека нема шанси да е се толку совршено,ама барем да ме оставеше да посонувам уште малку дека еднаш барем се ќе ни оди како што треба и ќе сум среќна.Не знам после ова како ќе се одвиваат работите,не знам што ќе се случи со нас,но знам дека ништо повеќе нема да е исто.Јас нема да сум иста,бидејќи денес ме дрецна од земја,ме натера да се сменам и повеќе да не сум истата јас.Можеби ќе се чудиш,но едноставно ти и твоите зборови ме натераа на тоа,па мора да се навикнеш.
Се откажувам.Не затоа што не те сакам , напротив. Те сакам многу, но тоа ме боли. Не сакам да се претворам во онаа досадната, љубоморната, да се претворам во детектив, па со тоа да почнам да те гушам. Не сакам добриот впечаток кој ти сум го оставила овие 2-3 недели да се претвори во лош. Затоа убав мој, отстапувам место за некоја по срчна ,јас стварно неможам да ги поднесам емоцииве. Биди ми здрав, жив, и среќен!
Слатко е што ме читаш тука, требаше вчера од твојот лаптоп да ти рецнам еден пост. Ама ајде, во четврток..
Aма зашто, ама како, ај објасни ми, тра ла ла ќе ти кажам еднаш у 5 месеца некоја романтика, па ти сакаш секој момент и секоја звезда да ти ја објаснам, ти се шири шупчето од среќа кога ти зборам срцепарателни зборови, баш ко некоја жена си http://www.youtube.com/watch?v=1bVYgYW6410
Болиш. Грешка или не, арно, лошо, време, невреме, погодено или не, јас тебе те љубам. Мирно, немирно, со зборови или молкум, со допир и насмевка од очите, ти мене ме љубиш. Сега би ти се навалила на рамо и ќе се расплачам од љубов.
Би ти кажала, дека и покрај годините што не делат, ти кога си инает и само инает си, друго ништо, ни лево ни десно! А нему, нему не би му кажала многу. Можеби некои затоплувачки зборови помеѓу бакнежи. И една молба - ВКЛУЧИ ГО ТЕЛЕФОНОТ. Уште пет минути ќе чекам, па ќе ти си го пуштам филмот. И онака ти секогаш некоја минутка го пушташ порано кај тебе, колку да ми вадиш живци кажувајќи ми што ќе се случи Е ќе видиш ти, дали ќе ти пуштам камера следен пат ако не сум јас таа со минута предност. И, дојди си побрзо дома
ти мене си ме сакал и што мислиш дека јас ти верувам како да не лажго еден а ДАЛИ црвената тетка е кај мене на гости, тоа да не ти е галје ме разбра ли преваро една, лажно дволичен и запаменти НИКОГАШ нема да те засакам, попрво ке умрам цркни
Ах како успеваш да се смениш за еден ден тоа е феномен. Таа твоја нервоза контролирај ја малку и не ми се истурај на мене секогаш кога некој друг ќе те изнервира. Јас кога сум нервозна сигурно не се истурам на тебе кога ме изнервирал некој друг, сепак зошто да страдаме и двајцата кога може само еден да страда од нас.